OPASNA DETOKSIKACIJA

Go down

OPASNA DETOKSIKACIJA

Пишување by Bosonoga on Пет Јан 05, 2018 2:27 pm

Детоксикацијата по празниците е многу опасна, некои завршуваат и во болница!

Детоксикација и слабеењето се два збора кои веднаш по празниците се традиционално најбарани на пребарувачаите, бидејќи сите сме преполни со храната која претходните денови немилосрдно сме ја консумирале.
Но, доколку сте мислеле дека решението е детоксикацијата, се лажете, предупредуваат британските лекари кои велат дека радикалните мерки никогаш не се добри за организмот.

Како пример е наведен случајот на жената која минатата година се довела во животна опасност по детоксикацијата со билни суплементи, односно со коктелите со витамин Б, корени на валеријана, сурутка, глутамин и теанин и со испивањето на големи количества вода. Жената оздравела дури по интензивното лекување во болница. Пред тоа ја изгубила свеста и имала халуцинации. Тестовите покажале дека имала опасно ниско ниво на сол во организмот.

Иако се чини корисно да го исчистите организмот по претерувањето за време на празниците, тој концепт не значи дека е сосема здрав и нема поддршка од медицинската заедница.

Прекумерниот внес на вода како начин на „чистење на организмот“ се базира на погрешното верување дека на тој начин се што е штетно може да се „измие“ од организмот, истакнале лекарите. Тие додаваат и дека, и покрај спротивните маркетиншки тврдења, билните суплементи не се без нуспојави.

Британскиот диететски сојуз додал дека целата идеја за детоксикацијата е, всушност, глупост.

Не постојат магични таблети, напивки, лосиони или фластери. Телото го сочинуваат многу органи, како кожата, бубрезите и црниот дроб кои непрекинато го прочистуваат организмот од главата до петиците, потсетуваат лекарите.

Организмот треба да биде хидриран, но премногу вода може да биде еднакво опасно како и премалку. Иако звучи предвидливо, разумната исхрана и редовната физичка активност се најдобрата стратегија за одржување на здравјето, заклучиле лекарите.

Подготви: K. A.

http://www.slobodenpecat.mk/magazin/detoksikatsija-po-praznitsite-e-mnogu-opasna-nekoi-zavrshuvaat-vo-bolnitsa/
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 612
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот