ВАКА СЕ КРАДЕ

Go down

ВАКА СЕ КРАДЕ

Пишување by luxor on Пон Јан 08, 2018 11:08 am

Вотката ја пиеш а шишето го продаваш и си купуваш уште водка.

Украдено најскапото шише вотка вредно 1,3 милиони долари

Од бар во Копенхаген, Данска, било украдено шише со вотка „Русо-Балтик“ вредно 1,3 милиони долари.

Во барот „Клуб 33“ има над 1.200 видови на вотка, а не недостига ништо друго освен конкретното скапоцено шише со вотка произведена по рецепт стар повеќе од 100 години.

Првпат вотката „Русо-Балтик“ била произведена во 1912 година и се доделувала на победници во руски автомобилски трки што се случувале на температури од -30 степени, со отворени покриви на возилата.

Украдениот примерок всушност е реплика на оригиналот, а сопственикот на барот го добил како позајмица од руски бизнисмен.

Исчезнатата вотка се наоѓа во шише тешко три килограми, изработено од злато и сребро, а капачето украсено со дијаманти.

Златото со кое е произведено шишето е добиено со топење на руски златници коишто датираат од 1908-1912 година.



http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/55640-ukradeno-najskapoto-shishe-votka-vredno-1-3-milioni-dolari
avatar
luxor

Број на мислења : 3399
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот