NESONICA

Go down

NESONICA

Пишување by Bosonoga on Вто Јан 23, 2018 7:14 pm

Super recept ako ne mozete da zaspiete.

РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНА НАПИВКА КОЈА ЌЕ ВЕ УСПИЕ ЗА НЕКОЛКУ МИНУТИ

Сите имаме период во животот во кој не сме можеле да склопиме очи и да заспиееме. Доколку тоа повторно ви се случи, или пак моментално ви се случува, тогаш направете мешавина од само неколку состојки и олеснете си себе си.

Имено, оваа напивка нема да остави штетни последици на вас како што тоа би го направиле таблетите, бидејќи и сами ќе видите за какви состојки станува збор.

Состојки: 1 л вода, 1 банана, 1/2 мала лажичка цимет

Начин на подготовка:

Во врела вода ставете излупена банана и оставете да отстои 10 минути. Потоа извадете ја бананата и додајте цимет. Добро измешајте.

Еден час пред спиење земете по една шолја од оваа напивка и испијте. Во рок од само половина час ќе забележите дека ви се спие.
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 612
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:45 pm

Еве уште неколку совети.

Совети за спречување несоница


Несоницата е состојба во која имате проблем да заспиете или пак, откако ќе заспиете имате тешкотии да ја задржите таа состојба. Таа може да биде третирана во домашни услови, но се зависи од стадиумот во кој се наоѓа. Сепак таа не е болест, туку е симптом и претставува проблем во врска со тоа колку многу или колку добро спиете.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:47 pm

Концептот на добар сон генерално се разликува од личност до личност. Просечно, на возрасен човек му се доволни 7-8 часа ноќно спиење за нормално функционирање во текот на денот, но сепак има многу луѓе на кои им се потребни барем 10 часа или пак има и од оние на кои 4-5 часа им се сосема доволни за да функционираат со полна пареа.

avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:47 pm

Утврдено е дека генерално сите имаат проблеми со спиењето од време на време. Причините се различни и нивното влијание врз нашиот секојдневен живот зависи од фреквенцијата и интензитетот на истите. Постојат многу видови на лекарства кои можат да ви помогнат околу проблемот, но сепак тие можат да бидат скапи и да не ги дадат посакуваните резултати. Затоа, многу е важно да се најде коренот на проблемот и да се врати навиката за редовно спиење преку природни и здрави методи.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:48 pm

Уживајте во топла бања пред спиење
Ќе ви помогне да се опуштите и да ги „измиете“ грижите од работниот ден.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:48 pm

Избегнувајте јадење касно навечер
Јадењето касно во ноќта е многу лоша и нездрава навика. Внимавајте да правите пауза од неколку часа помеѓу оброците, но и помеѓу последниот оброк и времето на легнување. Ова не само што ќе ви помогне да спиете подобро, туку и ќе ви заштеди некој денар, пари кои обично ги трошите на јадење касно и купување грицки.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:48 pm

Избегнувајте алкохол, кофеин и чај пред да одите на спиење
Овие работи можат да влијаат врз вашата навика за спиење и ќе ве тераат да се будите во текот на ноќта за да го користите тоалетот или пак кофеинот ќе ве одржува непотребно будни. За да ги избегнете овие непотребни ефекти, обидете се да преминете на пијалаци кои не содржат кофеин и обидувајте се да пиете помалку течности во текот на ноќта.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:48 pm

Избегнувајте го пушењето цигари
Пушењето е уште еден фактор на кој треба да внимавате бидејќи тоа може да ви го одземе сонот. Тутунот содржи никотин кој го стимулира нервниот систем и ве држи будни. Затоа, пробајте да ги избегнувате цигарите во периодот пред да легнете на спиење.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:48 pm

Слушајте музика
Пред да си легнете пуштете тивка и бавна музика, за да ве релаксира пред да заспиете.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:48 pm

Душекот и перницата треба да се удобни
Секој знае дека душекот и перницата навистина можат сериозно да го нарушуваат сонот. Проценето е дека креветот не треба да се користи повеќе од една деценија, така што имате време да штедите за нов. Кога ќе купувате нов кревет пробајте неколку пред да се одлучите и немојте да се залажувате од изгледот, бојата или пак од неговата цена.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:49 pm

Избегнувајте попладневни дремки
Преспивањето неколку часа преку ден го намалува потребното време за спиење навечер, па така го нарушува целиот концепт. Доколку сме здрави, на нашето тело му се потребни само одреден број часови поминати во спиење. Дневните дремки не ви се добредојдени, доколку потоа не можете да си обезбедите ноќен сон.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:49 pm

Малку вежбање пред спиење
Малку вежбање пред спиење може одлично да му дојде на вашето тело. Но, во ниеден случај немојте да претерате и да го правите тоа касно во ноќта. 10 до 15 минути вежбање пред спиење, три пати неделно, може да ви помогне да ги исфрлите природните хемикалии од телото и полесно да заспиете.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:49 pm

Правилна употреба на спалната соба
Спалната соба нека ви користи само за спиење и интимност. Избегнувајте да ја користите како соба во која ќе разговарате за дневните, работните и фамилијарните проблеми.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:50 pm

Станување во исто време секое утро
Многу е важно секое утро да станувате во исто време, без разлика колку часови сте поминале спиејќи. Обидете се да си ја создадете навиката за станување рано, бидејќи станувањето во подоцните часови може да ви предизвика мрзеливост.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by luxor on Вто Јан 23, 2018 7:50 pm

Апчиња за спиење
Иако е непрепорачливо, во краен случај консултирајте се со вашиот матичен лекар и почнете да пиете апчиња кои ќе ви помогнат полесно и побрзо да заспиете.

http://www.kafepauza.mk/zivot/soveti-za-sprechuvanje-nesonica/
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: NESONICA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот