CIZKEJK

Go down

CIZKEJK

Пишување by EVITA on Вто Јан 23, 2018 8:10 pm

Em ubavo em lesno i bez pecenje.

Чизкејк со вишни без печење

Потребни состојки:

За подлога:

400 гр мелени бисквити
100 гр растопено чоколадо за готвење
200 гр путер (маргарин)
2 лажици рум

За филот со сирење:

600 гр крем-сирење
400 мл кондензирано млеко
200 гр шеќер во прав
330 гр вишни од компот
1 ванила
1 лажица сок од лимон
20 гр желатин во прав (прелиен со 10 лажици ладна вода)

За чоколадниот прелив:

1 шлаг-крем од ванила
150 мл ладно млеко
100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Калапот со пречник од 26 см го намрсуваме со масло. Ја подготвуваме подлогата. Ги мешаме со рака бисквитите со растопеното чоколадо и путерот омекнат на собна температура. Убаво ги соединуваме и ги додаваме двете лажици рум. Ја распоредуваме смесата во калапот. Го ставаме во фрижидер додека го подготвуваме филот со сирење. Крем-сирењето со електрична маталка го соединуваме со кондензираното млеко. Го додаваме шеќерот во прав, па ги додаваме вишните кои претходно сме ги поминале со миксер. На крајот додадваме ванила и лимонов сок. Мешаме да се изедначи смесата. Желатинот прелеан со вода го оставаме да набабри 10 минути и на тивок оган го танчиме. Го спојуваме со филот. На крајот го додаваме растопениот желатин и мешаме со миксер. Смесата ја ставаме над подлогата од бисквити и ја ставаме во фрижидер да стои 4-5 часа. Го подготвуваме чоколадниот прелив. Шлаг-кремот се подготвува според упатството на кесичката и се спојува со претходно растопено чоколадо. Кога филот ќе се излади, го прелеваме чизкејкот. Го послужуваме студен.


http://reporter.mk/hrana/chizkejk-vishni-bez-pechene/

EVITA

Број на мислења : 214
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: CIZKEJK

Пишување by IVA on Пет Aвг 17, 2018 6:00 pm

Uste eden recept za cizkejk, ovojpat cokoladen.


Чоколаден чизкејк

Потребни состојки:
За подлогата

150 грама бисквит со путер
100 грама путер
2 лажици какао

За кремот

300 грама чоколадо за готвење
500 грама сирење маскарпоне
200 грама шеќер во прав
250 милилитри крем за шлаг

Начин на подготовка:
1. Издробете ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер. Обложете калап со хартија за печење, па ставете ја во него подлогата од бисквити и путер. Бисквитите можете да ги иситните во блендер, мелник за кафе и ореви или да ги ставите во вреќичка па да ги истолчите со сукало за тесто додека не ги претворите во прав.

2. Изматете го кремот за шлаг со мискер, додајте маскарпоне, шеќер во прав и стопено чоколадо (внимавајте да не биде врело). Добро измешајте додека не добиете соединета смеса, па истурете ја врз подлогата од бисквити.

3. Ставете ја вака подготвената торта од сирење во фрижидер неколку часа за да се зацврсти.

Совет: Од чоколадото може да направите и глазура, па да ја прелиете тортата со неа, а можете и да ја послужите со омилените парчиња овошје или со ореви, лешници и бадеми.

http://www.ubavinaizdravje.mk/gastro/deserti/chokoladen-chizkejk-vkusna-torta-bez-pechene/
avatar
IVA

Број на мислења : 326
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: CIZKEJK

Пишување by EVITA on Сре Окт 24, 2018 12:26 pm

КИНДЕР БУЕНО ЧИЗКЕЈК

За подлогата:

300 гр кекс
100 гр путер

EVITA

Број на мислења : 214
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: CIZKEJK

Пишување by EVITA on Сре Окт 24, 2018 12:26 pm

За кремот:  

450 гр крем сир
350 мл слатка павлака
100 г чоколадо (темна или млечна)
150 г шеќер во прав
1 желатин
6 киндер буено чоколатца

EVITA

Број на мислења : 214
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: CIZKEJK

Пишување by EVITA on Сре Окт 24, 2018 12:27 pm

Подготовка:

За подлогата помешајте го мелениот кекс со стопениот путер. Со добиената маса прекријте го дното на калапот за торта. Со прстите добро нагмечете го кексот, за да биде подлогата компактна.

За кремот, помешајте го крем сирот со 75 гр шеќер. Посебно изматете ја слатката павлака и осѕтанатите 75 гр шеќер. Стопете го чоколадото. Исечкајте го Киндер буеното. Помешајте го крем сирот со павлаката и додадете го стопеното чоколадо и добро соединете ги.

Во овој крем може да додадете и желатин за да биде поцврст. Со кремот исполнете го калапот за торта преку подлогата. Ставете го чизкејкот во замрзнувач добро да се олади. На крај тортата дополнително украсете ја со слатка павлака, чоколадо и Киндер буено парчиња.

https://srekja.mk/desert-na-denot-kinder-bueno-chizkejk-retsept/

EVITA

Број на мислења : 214
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: CIZKEJK

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот