ШО ЧЕКАТЕ БЕ?

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ШО ЧЕКАТЕ БЕ?

Пишување by Гостин on Нед Апр 12, 2015 9:41 am

Ова е од Коза Ностра. Имаме тема за нивните најинтересни текстови, и на почеток мислев да го ставам таму. Но кога го прочитав се предомислив. И мислам дека Фири совршено го лоцирал проблемот. Што ли по ѓаволите сеуште чекаме?!?!?!

Вработените во Македонија бараат 11-та плата

Скопје, април (Коза ностра) Вработените во Македонија бараат работодавачите да им ја исплатат 11-тата плата, јавуваат домашните медиуми. Ако не им се исполнат барањата, тие најавуваат дека за Први мај масовно ќе излезат на улици и ќе си шепотат нешто во брада.

– Подготвени сме да го радикализираме протестот, односно да прибегнеме кон општа апатија. Ние си ги знаеме своите права. Долго се боревме да ни се дава 11-плата и немаме никаква намера да попуштиме, освен ако тоа не е нужно за каузата – вели Веле Лековски, од Иницијативата „11-та плата“.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов вели дека барањата на работниците се разумни, ама несфатливи.
Извршниот директор на Европскиот економски институт „Тања Каракамишева“ од Дедебалци, Братислав Димитров, вели дека ситуацијата не смее да се потценува.

– Државата е во голем проблем. Познато е колку се работниците сложни и единствени во своите барања, а имаат и голема поддршка во населението. Ако не им се исполнат барањата може да се очекува нов бран на масовно чекање на подобро утре – вели Димитров.

Ако не им се исполнат барањата, работниците најавија масовно вербално изразување на сопствениот револт, во простории каде што „шефот не’ може да не слушне“. Исто така, се очекува масовно префрлање на вината од домашната економија на светската економска криза и обратно.

http://www.kozanostra.net/vrabotenite-baraat-11-ta-plata/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШО ЧЕКАТЕ БЕ?

Пишување by Гостин on Нед Апр 12, 2015 10:02 am

Е па затоа мустакликата не вика човечиња. Но сепак не може ниту опозицијата да се амнестира за апатијата која го зафати народот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот