Pravilno cistenje

Go down

Pravilno cistenje

Пишување by IVA on Сре Фед 07, 2018 11:05 pm

Правилно чистење на ушите

Време е да се откажете од навиката на чистење на ушите со памучни стапчиња, гласи најновата препорака од Американската Академија за оториноларингологија. Иако е длабоко вкоренета хигиенската навика ушите да се чистат со памучни стапчиња, ова не е потребно, бидејќи увото самото се чисти и заштитува. Една од најголемите мистерии на човековото тело е всушност оваа: вашите уши се чистат сами! Кога ушниот восок ќе се исуши, секое поместување на вилицата, при зборување или јадење, помага во извлекување на ушниот восок од внатрешноста на кон површина.

Всушност, главниот проблем кој може да предизвика повреда на увото, не е во стапчињата за уши, туку во нивното користење.

Со нивно користење, ушниот восок го внесуваме во деловите кои не се чистат сами, а тогаш доаѓаат големите проблеми. Секое (поагресивно) чистење на ушите може да предизвика повреда на ушниот канал и може до доведе до глувост, вртоглавица или други повреди. Од несоодветното чистење на ушите најчесто се јавува церумен импакција, односно задржување на ушен восок (восокот го блокира ушниот канал). Кога се лачи премногу восок се јавува болка. Другите симптоми вклучуваат:

чешање;
чувство како увото да е полно;
зуење во ушите;
губење на слух;
мирис од увото.

Доколку имате некој од овие симптоми, задолжително обратете се на лекар. Церумен импакцијата почесто се јавува кај повозрасната популација и кај оние коишто користат слушни апарати и тампони за уши. Се дијагностицира со физички преглед и следење на медицинската историја. Квалитетот на ушниот восок може да биде индикатор и за други здравствени состојби. Доколку восокот е водлест и има мирис, може да станува збор за инфекција на средното уво.

Луѓето треба да чекаат природата сама да си ја заврши работата. Лекарите потсетуваат дека восокот има важна заштитна улога. Ушната маст спречува навлегување на бактерии, нечистотија или инсекти да навлезат во ушниот канал.

„Ги потсетуваме пациентите дека здравјето на ушите започнува од нив; има нешта кои треба да ги прават и нешта коишто веднаш треба да престанат да ги прават со цел да спречат повреда на ушите“ вели Сет Шварц, главниот на комисијата на Академијата којашто ги обнови препораките.

Неприродното таложење на ушен восок, како проблем се јавува кај 1 од 10 деца и кај 1 од 20 возрасни, стапка која се зголемува заедно со зголемување на возраста. Доколку мислите дека имате проблем со ушите, обратете се на лекар и не правете ништо на своја рака. Доколку сакате да ги чистите ушите, се препорачува да се чисти само надворешниот видлив дел од увото, после туширање, со лесно тапкање на увото со врвот на крпата.

http://pharmanews.mk/pravilno-chistenje-na-ushite/
avatar
IVA

Број на мислења : 295
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот