ШУГА ВО 21 ВЕК

Go down

ШУГА ВО 21 ВЕК

Пишување by Bosonoga on Сре Мар 28, 2018 10:32 pm

Две деца заразени од шуга во основно училиште во Скопје

Две деца од исто одделение се заразени од шуга во основното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје. Информацијата ја потврди општина Карпош, од каде смируваат дека состојбата во моментов е стабилна и нема нови случаи на појава на шуга кај другите ученици.

„Станува збор за дечиња кои доаѓаат од исто семејство, брат и сестра, при што едното било заразено од шуга, а другото дете поради превентивни причини не посетува настава.

Веднаш по пријавата на овој случај, Центарот за јавно здравје по службена должност излезе на терен и направи прегледи кај учениците од двете одделенија. По извршените медицински прегледи, констатирано е дека кај другите ученици нема појава на шуга“, соопшти Општина Карпош.

Оттаму информираат дека се преземени и мерки на дезинфекција и дезинсекција, за целосна заштита на учениците и спречување на ширење на заразата во просториите на училиштето. Како резултат на појавата на шуга, известени биле и матичните лекари од подрачјето на населбата Козле, кои презеле мерки за интервентни прегледи на останатите ученици.

Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита и Одделението за образование, останува во постојана координација со раководството на училиштето, со родителите, Министерството за образование и наука и здравствените установи, со цел да овозможат заштита на учениците во ООУ “Владо Тасевски” и нормално следење на наставниот процес.
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 612
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ШУГА ВО 21 ВЕК

Пишување by Bosonoga on Сре Мар 28, 2018 10:35 pm

pa shtedat na higiena na prostorot za prestoj na deca i toa vo site institucii
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 612
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот