САМ СЕ ПРИЈАВИЛ КОЉО

Go down

САМ СЕ ПРИЈАВИЛ КОЉО

Пишување by OPOZICIONER on Сре Мар 28, 2018 10:41 pm

Никола Митревски Кољо сам се пријавил и е пренесен во затворот Шутка 28 МАРТ 2018 / 22:34
Никола Митревски Кољо, осомничен за насилните настани на 27 април во Собранието и кој досега беше во бегство, денеска попладне сам се пријавил во полиција и е пренесен во Истражниот затвор во Шутка.

Управата на КПУ Затвор „Скопје“ за МИА потврди дека Митревски во затворот е доведен со полициско возило околу 15.30 часот откако претходно самиот доброволно се пријавил во полициска станица.

Според обвинението, Митревски заедно со Александар Василевски – Нинџа телефонски ги контактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, и го мобилизирале членството од другите градови за насилен упад во Собранието.

http://www.alsat-m.tv/mk/%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D1%99%D0%BE-%D1%81%D0%B0%D0%BC-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB/
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 386
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: САМ СЕ ПРИЈАВИЛ КОЉО

Пишување by OPOZICIONER on Сре Мар 28, 2018 10:43 pm

aj da vidime shto ke kaze "dechkovo'

_________________
KONTRA BOJKOTIRAM
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 386
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: САМ СЕ ПРИЈАВИЛ КОЉО

Пишување by nino on Сре Мар 28, 2018 11:29 pm

кој признае пола му се простува
а може и се да му се прости оти да не

nino

Број на мислења : 175
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ПО КОЉО И НИНЏА СЕ ПРЕДАДЕ САМ

Пишување by osa on Вто Јун 12, 2018 1:06 am

Се предаде Нинџа кој го прими телефонскиот повик од Виена на крвавиот четврток
Човекот кој го прими телефонскиот повик од Виена на крвавиот четврток, се предаде. Александар Василевски – Нинџа после 7 месеци во бегство заврши во Шутка. Го донесоа полициските „Алфи“, со лисици на раце, и малку изменет лик. Брада на лицето и спортска шапка на главата со еден ранец со себе влезе во притвор околу 13 часот. Претходно сам се пријавил во скопскиот Кривичен суд кај судија во претходна постапка. Дошол околу пладне со неговиот адвокат, рекол дека во суд пристигнал од својот дом во Гази Баба. Судијата веднаш му го врачил решението за притвор кој му беше одреден уште лани во ноември, но тој беше недостапен за органите. Тој е осомничен за настаните од Собранието на 27 април лани, но се чекаше да биде обезбеден за да биде покренато обвинение и против него. Во обвинителниот акт кој веќе е поднесен, Василевски е спомнат во делот за организирање на настаните од 27-ми април. Во обвинението стои:

„Откако од телефон, сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.М. НН лице од обезбедувањето на Никола Груевски, тогаш претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а кои се наоѓале во Виена, Австрија, во 14.30 часот контактирал со обвинетиот Александар Василевски Нинџа, сега недостапен на органите на прогонот, кој потоа заедно со обвинетиот Никола Митревски Кољо, телефонски ги конрактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, сега недостапен на органите на прогон, го мобилизирале членството од Скопје и други градови, за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили.“

Подоцна екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски обелодени дека оној кој контактирал, а е дел од неговото обезбедување е братот на Нинџа, Благоја. Тој  е вработен во 6-тата управа и често го обезбедува екс премиерот кога доаѓа во судот на рочишта. Груевски тогаш изјави дека го прашал својот телохранител а тој му кажал дека комуницирал со братот, но за семејни работи. Нинџа не е прв кој се предава, претходно неговиот другар Никола Митревски – Кољо сам се пријави во полициска станица после неколку месечно бегство. Освен што е и тој обвинет за крвавиот четврток, заврши и како сведок во некоја од истрагите кои ги води СЈО. Информациите на МВР говореа дека тие се криеја во земјава, но полицијата никогаш не успеа да ги пронајде.

Билјана Николовска

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


излези и гласај ЗА на референдумот
avatar
osa

Број на мислења : 13423
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: САМ СЕ ПРИЈАВИЛ КОЉО

Пишување by osa on Вто Јун 12, 2018 1:11 am

aj da vidime shto zborele za SEMEJNI raboti brakata Vasilevski ???

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


излези и гласај ЗА на референдумот
avatar
osa

Број на мислења : 13423
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: САМ СЕ ПРИЈАВИЛ КОЉО

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот