ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК - ОБИЧАИ

Go down

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК - ОБИЧАИ

Пишување by osa on Сре Апр 04, 2018 11:16 pm

Обичаи и верувања: Велики четврток

Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите.

В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и слично.

Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да удрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале. Е. Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“. И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата.

о Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пример, Стефан Верковиќ забележал дека во село Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ’и удре грат“. Кузман Шапкарев забележал обичај според кој малите моми замесувале за прв пат тесто, кое потоа со црвените јајца (чиј број бил колку што имало членови семејството) го носеле во црквата за таму да преспие додека се читале дванаесетте евангелија. Со тој квасец по празникот замесувале леб.

На Велики четврток се запотнува, како што тоа се прави на сите Величетвртоци до Спасовден кога и не се работи, како што запишал Е. Спространов „за да не бијат град“. Запотнувањето се прави на тој начин што се става потка на клучките од вратите, потоа на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места. За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ како што се: кукурек, вратика, челинок, понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен, и друго. Се запотнува за здравје но и со верување дека на тој начин луѓето, стоката и објектите ќе се заштитат од разни болести, несреќи, елементарни непогоди и сл.

На Велики четврток се изведуваат и други обичаи. На пример, се јаде пресен зелник со зелје, потоа девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец, за здравје. Во Мариово, како што запишал Милан Ристески, овчарите потстригувале неколку овци за потоа да стрижат во четвртоците, жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите уште и оделе по дрва но без секира за да не треска град.
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК - ОБИЧАИ

Пишување by osa on Саб Апр 07, 2018 11:06 am

Што да направите со првото велигденско јајце од минатата година?

Мајките ги тријат децата со тоа јајце по образите и рамената за да бидат румени и здрави.

Првото вапцано јајце во домаќинството се нарекува чуваркуќа, бидејќи како што самото име говори, ја чува куќата и домашните од болести и секакво зло.

Мајките ги тријат децата со тоа јајце по образите и рамената за да бидат румени и здрави.

Првото црвено јајце се чува до икона, до следниот Велигден. Кога следната година ќе бојадисаме ново јајце, старото се пушта низ река, за водата да го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните.

Другин обичаи кажуваат дека првото велигденско јајце од лани, треба да го закопате во земја. Пожелно е во близина да има насадено цвеќе, но не мора.

Она што не треба да го направите е старото црвено јајце полно со негативна енергија да го чувате и понатаму во домот.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК - ОБИЧАИ

Пишување by osa on Саб Апр 07, 2018 11:09 am

Тоа е најважното Велигденско јајце - кое е значењето на првото бојадисано јајце и зошто го чуваме

Црвените јајца се главно обележје на Велигденските празници. Тие се симбол за животот и новото раѓање т.е. воскреснувањето. Според традицијата, првите јајца се бојосуваат на Велики Четврток, а она јајце кое прво ќе биде бојосано има магична моќ. Првото велигденско јајце го штити домот и домашните од зло и болести. Според македонската традиција, во различни региони се бојосуваат различен број јајца на Велики Четврток. Некаде се бојосува само едно, на некои места три, додека некои бојосуваат онолку колку што има членови семејството, плус едно. Според верувањето, домаќинката мора да стане рано, пред зори и да ги бојоса јајцата на Велики Четврток, за да не биде видена од никого, па дури ни од сонцето. Првото јајце се вика уште и Господово јајце и се верува дека тоа има магични моќи – велат дека ова јајце може да стои со години и да не се расипе. Следното јајце се бојосува за домаќинот на куќата, третото за стоката и бериќет и така натаму. Преданијата велат дека со првото црвено јајце се лекуваат некои болести. Но, исто така се вели дека домаќинката која го бојосува не смее да биде гладна кога го извршува обредот, туку мора да касне барем едно залче леб. Доколку е гладна, таквите јајца нема да донесат благодет, туку напротив, може да донесат болест и несреќа во домот. Откако ќе изгреат првите сончеви зраци, домаќинката треба да го земе првото јајце и да ги разбуди најблиските поминувајќи им со јајцето по лицето, гласно кажувајќи ги зборовите: „Црвено, бело, дебело…“ три пати.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК - ОБИЧАИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот