Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

8 РАБОТИ ШТО ГИ ПРАВИМЕ ДОДЕКА СПИЕМЕ

2 posters

Go down

8 РАБОТИ ШТО ГИ ПРАВИМЕ ДОДЕКА СПИЕМЕ Empty 8 РАБОТИ ШТО ГИ ПРАВИМЕ ДОДЕКА СПИЕМЕ

Пишување by osa Нед Апр 08 2018, 23:20

8 работи што ги прави нашето тело додека спиеме

Сите знаеме дека на нашето тело му е потребен сон секоја вечер, најидеално околу седум до осум часа со цел да функционираме правилно и да можеме да го одржуваме здравјето во одлична состојба.

Но, најверојатно не забележуваме што се случува со нашето тело додека спиеме. Кои процеси се одвиваат додека сме во длабок сон?

Температурата на телото значително се спушта
Додека спиеме, температурата на нашето тело се спушта за да го намали согорувањето на калории и ослободувањето на мелатонин. Мелатонинот е хормон којшто игра клучна улога во нашиот биолошки часовник.

Се чистат токсините
Додека се одмора, телото ги филтрира токсините и ги прочистува оштетените мускули. Овие процеси му дозволуваат на телото и на мозокот да се обноват. Без доволно сон, мозокот не може да ги исфрли токсините. Ова може да доведе до зголемување на невролошкото стареење.

Слабееме
Во текот на ноќта слабееме преку исфрлање на влажниот воздух и губење на течности преку потењето. За разлика од овој процес, преку ден консумираме храна и пијалаци, па овој ефект се анулира. Ова исфрлање на течностите придонесува да имаме пониска тежина наутро.

Додека спиеме, телото, исто така, ги регулира и хормоните за глад. Затоа ќе бидете поспремни да ѝ се спротивставите на желбата за брза храна доколку сте добро наспани.

Сонуваме
Сите знаеме дека мозокот креира соништа во текот на ноќта, но можеби ќе бидете изненадени кога ќе дознаете колку всушност сонувате. Секоја ноќ сонувате по речиси 2 часа.

Стануваме повисоки
Нашето тело се издолжува додека спиеме. Додека лежиме, дисковите на пршлените во ’рбетот се опуштаат и се рехидрираат, што придонесува тие да станат поголеми и малку да ја зголемат нашата висина наутро.

Ненамерно се грчиме
Без разлика дали спиеме сами или со партнер, кај многу луѓе заспивањето предизвикува феномен при којшто телото наеднаш ненамерно се грчи. Ова предизвикува ненадеен потрес, којшто во некои случаи е толку силен што дури може и да нè разбуди од сон.

Кожата ни се подновува
Колагенот е протеин којшто ја прави кожата помлада и поздрава, а тој се произведува во поголеми количини во нашето тело додека спиеме. Тој е стимулиран од хормоните за растење кои се ослободуваат додека дремеме. Повисокото ниво на колаген во телото придонесува за поотпорна, помлада и посвежа кожа.

Честопати се будиме
Во текот на ноќта честопати се будиме, скоро 15 пати на секој час. Ова вообичаено се случува кога се префрламе во друга фаза од сонот. Сепак, периодите на будност се толку кратки што најчесто не се сеќаваме на нив.

Сонот е многу битен за правилното функционирање на нашето тело, па затоа за да се осигурате дека ќе имаме цврст сон, треба да избегнуваме кофеин доцна навечер, да се осигураме дека спалната соба е затемнета и да го намалиме гледањето телевизија пред легнување.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

8 РАБОТИ ШТО ГИ ПРАВИМЕ ДОДЕКА СПИЕМЕ Empty Re: 8 РАБОТИ ШТО ГИ ПРАВИМЕ ДОДЕКА СПИЕМЕ

Пишување by EVITA Пон Апр 09 2018, 22:56

toa so rastenjeto me buni ,dodeka spieme sme rastele ,aj chudo ,ke umrev nemashe da znam i ova .

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот