ФАЛСИФИКАТОРИ

Go down

ФАЛСИФИКАТОРИ

Пишување by osa on Чет Апр 12, 2018 11:03 pm

„Професори“ со фалсификат дипломи, кумановската полиција покрена три кривични пријави
Apr 12, 2018 1311 0

Три кривични пријави се поднесени за вработувања со фалсификувани дипломи. Кумановската полиција покрена истрага против 47-годишното лице М.М. од градот, осомничено за употреба на документ со лажни податоци, но под истрага се и 46-годишниот Б.Р и 58-годишен В.М од Скопје, за фалсификување на службени документи. Во целата операција, со кривична пријава е опфатен и 37-годишниот А.И. од Штип, кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања

„Осомниченото лице Б.Р. како раководител на студентски прашања на Универзитетот „ФОН“ Скопје во електронското и материјалното досие на М.М. внела невистинити податоци дека тој, инаку главен инспектор во отсекот за странци и реадмисија во Регионален центар за Гранични работи „Север“, положил испит, по што изготвила уверение и го дала на потпис и потврдување кај деканот на Факултетот за правни науки и ректорот на универзитетот. Дипломата била употребена при запишување втор циклус студии, каде Б.Р. повторно фалсификувал документи. И оваа диплома М.М. ја искористил за вработување во МВР“, велат од МВР.

Недостатоци во образовниот систем признава и заменик-министерот за образование, Арбр Адеми, почнувајќи од предучилишната настава па до универзитетите.

Тие се должат на несоодветниот кадар, како што вели Адеми, кој прстот го вперува кон Државниот просветен инспекторат , да преземе мерки за проверка на сите сомнителни дипломи кои му послужиле на наставниот кадар да стигнат до позициите.

„Секако дека ваквите отстапувања и ваквите кривични дела, влијаат врз намалување на кредибилитетот на образованието, генерално во нашата земја. Знаете дека Државниот просветен инспекторат може да делува и врз основа на анонимни претставки за почитување на законот. Сигурно дека надлежните институции треба да преземат вакви дејствија, должни се да ги преземат“, порача Адеми.

Според податоците на полицијата, лицето М.М. три години со фалсификувани дипломи предавал како професор на Универзитетот во Свети Николе, за што примил надомест во износ од околу 4 и пол илјади евра.

Тој спорните дипломи ги употребил и за запишување на пост-дипломски студии на приватниот универзитет за бизнис студии „Еуро Колеџ”во Куманово, па потоа за запишување докторски студии на Факултетот за туризам во Охрид, а на крајот дури и се пријавил за полагање правосуден испит во Министерството за правда.

Аднан Ќаили

/tv21.tv/mk/?p=174117

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 13185
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФАЛСИФИКАТОРИ

Пишување by Kalinda on Чет Апр 12, 2018 11:09 pm

Сега неможете
да ги вработите ,и
затоа ке ги прогласите
за фалсификатори,
значи немаат соодветно
образование па
затоа ги бркате
од работа?
avatar
Kalinda

Број на мислења : 458
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФАЛСИФИКАТОРИ

Пишување by nino on Чет Апр 12, 2018 11:32 pm

dpmne prodavase diplomi i rabotni mesta i napravija milioni evra od toj biznis
a onie navistini sposobnite so zasluzeni diplomi vidoa ne vidoa si zaminaa od drzavata
ovde tokmacite caruvaa minatata decenija, pa redno e da gi trgnat
samo cistenje ulici i teska fizicka rabota za dpmne-ovci, za drugo ne se sposobni

nino

Број на мислења : 166
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФАЛСИФИКАТОРИ

Пишување by osa on Пет Апр 13, 2018 12:22 am

cela drzava ke ja urnisaat bez znaenje so falsifikuvani diplomi ....najsvez primer no i najstrashen e smrtnosta na doenchinjata ,shto mislite tamu nema idioti so falsifikuvani diplomi koi pojma nemaat pa zatoa umiraat bebinjata .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 13185
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФАЛСИФИКАТОРИ

Пишување by SHARENI on Пет Апр 13, 2018 5:54 pm

normalno ke ja unishtat ,eve zamisli da odish na operacija i da te operira doktor koj vsushnost ne e vistinski doktor ,tuku so falsifikat diploma raboti kako doktor ,neli onaa od brza pomosh rabotela cheiri godini so lazna falsifikuvana diploma ,a kako li gi lechela ?kolku li luge pochinale od nejzinoto neznaenje ?
avatar
SHARENI

Број на мислења : 213
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФАЛСИФИКАТОРИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот