БАЛАКЛИЈА

Go down

БАЛАКЛИЈА

Пишување by Bosonoga on Саб Апр 14, 2018 11:52 pm

Во Прилеп одбележан христијанскиот празник Голем Петок – Балаклија
Објавено на 13/04/2018    
Денеска, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, присуствуваше на одбележувањето на христијанскиот празник Голем или Источен Петок – Балаклија, којшто се одбележува секоја година на првиот петок после Христовото Воскресение – Велигден со Божествена литургија во манастирот „Св. Архангел Михаил“, во најстарата прилепска населба Варош. Со литургијата чиноначалствуваше Г. Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, на сите верници им го честиташе денешниот ден и им посака многу здравје, успех и среќа.

„Денеска е Голем Петок, првиот петок после Христовото Воскресение – Велигден. Уште се нарекува и Излечив Петок зошто постои верување кај луѓето дека ако утрово си измијат раце и лице на првиот извор ќе им донесе ослободување од болестите кои ги имаат. Инаку денеска е семејна слава на нашите сограѓани од урбаната заедница Варош и во оваа прилика сакам да им го честитам овој голем празник да им посакам среќа, радост, благосостојба и духовен мир“, истакна градоначалникот Јованоски.

Според преданието на православната црква на овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Христијаните си спомнуваат и за многуте чуда што се случиле во тој храм посветен на Богородица. И во манастирот „Св. Архангел Михаил“ се наоѓа извор за кого христијаните веруваат дека има лековита вода. Токму поради овој извор денеска доаѓаат посетители од цела Македонија за да се измијат и напијат вода од изворот.

https://setaliste.com.mk/vesti/pinfo/%D0%A4%D0%9E%D0%A2%D0%9E-%D0%92%D0%BE-%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF-%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D0%BD-%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA/
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 527
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот