ГРАДОНАЧАЛНИК НА БУТЕЛ

Go down

ГРАДОНАЧАЛНИК НА БУТЕЛ

Пишување by osa on Нед Апр 15, 2018 12:14 am

Реализирани проекти во првите 100 дена на градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски

Изминаа 100 дена откако дојдов на оваа функција. Напорно работевме и се обидувавме да изнајдеме решение за секој проблем. За некои од нив беше потребно помалку време и енергија, доколку за некои решенија беше потребно подолго време и поголем труд, изјави Смилевски.

Смилевски истакна дека за само 100 дена работа успеале да завршат неколку проекти, успешно реализирани манифестации и да остварат значајни средби за отпочнување на големи проекти.

Советот на општина Бутел изгласа буџет во износ од 507.791.000 денари кој вели е креиран на реални проекции што ќе обезбедат успешен развој на општината.

Во првите денови од градоначалничките денови на Смилевски, отпочнато е со реализација на големата акција за чистење на општина Бутел. Во истата недела е извршена замена на повеќе од 500 сијалични места на повеќе локации во општината. Поставено е ново улично осветлување на кракот од бул Македонско Косовска Бригада до ул. Смилевска именуван како Словенија 03 - 21 метален столб, висина: 4,5 м. со бетонски фундаменти, подземна електрична инсталација, натриумови светилки од 70 вати.

Отпочната и завршена е изградба на две улици: крак од улицата ,,3,, во Визбегово и крак од улицата ,,0,, во Љуботенски Пат. Нивната вкупна должина изнесува околу 400 м. а улицата во Љуботенски пат доби тротоар во должина од 190 м. од бекатон плочки обрабен со големи и мали рабници. Останува да се изврши нивното асфалтирање, веднаш штом ќе почнат со работа асфалтните бази, истакна Смилевски. Отпочната и завршена е акцијата за чистење на дивата депонија во населба Бител 1 на улица "Цетињска", каде што се исчистени 150 отпад.

Отворена е посебна телефонска линија за јавувања на граѓани за пожари на отворено , како активност за намалување на загаденоста на воздухот.

Во активностите од првите 100 дена на градоначалникот Велимир Смилевски,е и формирањето на ЕКОНОМСКИ ФОРУМ на општина Бутел, повеќе средби, активности и донации со и од Здружението на стопанските субјекти од индустриската зона Визбегово. Од исклучителна важност ја истакна и акцијата за чистење на околината на Аквадуктот која била исто така помогната од компаниите на идустриската зона Визбегово.

Организирани се повеќе манифестации од кои,новата меѓународна манифестација, есенски базар за домашни ракотворби “ Занаетчиски колаж” 2017 .Потоа, одбележувањето на 108-та годишнина од раѓањето на поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров, проектот за млади лидери со завршна манифестација: ОРАТОРСКА ВЕЧЕР .



Тој истакна дека Општина Бутел, го помогна и активно учествуваше во одржувањето на ЉУБАНСКИОТ КАРНЕВАЛ 2018, што се одржување во Љубанци. Исто така напомена за грижата која ја покажува за спортот и спортистите на кои средби се доделени и благодарници на државните прваци во кик- бокс.
Во делот на активности првземени во 100 дена Смилевски ги издвојува, отворањето на матична служба во просториите на општината како и условите кои се создадени за користење на големата сала за венчавки на граѓаните. Потоа, активностите за подобрување на условите за работа на О.У Лиман Каба во Љуботен, во градинката 11 Октомври во Скопје Север заменета е кровната конструкција над двата влеза.Вредна за споменување е и акцијата за чистење на хаварисани возила од јавните површини, и акцијата за собирање електронски отпад по училиштата , каде во соработка со компанијата Елколет акцијата освен во училиштата ќе се спроведе и на целата територија на општината каде ќе бидат поставени собирни станици во форма на киосци за оддложување на електронскиот и електричен отпад, а се во прилог на зачувување на животната околина и здравјето на луѓето.

Покрај досега реализираните проекти градоначалникот на Бутел најави инвестиции за кои се отпочнати проекти за изградба на асфалтирање на две улици во Визбегово со вкупна должина од 2.000 метри, изградба и асфалтирање на две улици во Радишани со должина од 200 метри. Изработен е и проект за пешачката патека долж реката Серава на потегот од с. Радишани до Живко Брајковски.

Сите овие остварени и отпочнати проекти се само почеток за идните планови за подобар Бутел, истакна Смилевски и додаде дека искрено се надева дека ја оправадал довербата кај своите граѓани која ќе му биде погоелем мотив за уште понапорно да работи и да го исполни ветувањето Бутел да стане подобро место за живеење.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13611
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ГРАДОНАЧАЛНИК НА БУТЕЛ

Пишување by Kalinda on Чет Апр 26, 2018 7:15 am

Како само може
толку многу да се фали ?
Кој остварен проект
му е помагање на
Љубанскиот карневал?
Дали знае воопшто
што значи проект?
Есенски базар не е
проект крадоначалниче?
А 200 метри пат
срамота е да ги спомнеш
како остварен проект.
avatar
Kalinda

Број на мислења : 462
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот