ЗБОР - ДВА ЗА ШИЛЕГОВ

Go down

ЗБОР - ДВА ЗА ШИЛЕГОВ

Пишување by Kalinda on Саб Апр 28, 2018 10:51 am

Нема мерки за кучињата скитници, Шилегов чека легализација на „Вардариште“

Граѓаните реагираат на бројните напади од бездомни кучиња во Скопје. Тие велат дека кучињата најчесто се движат во глутници, многу од нив не се обележани што значи дека не се регистрирани од надлежни институци и едноставно не се чувствуваат безбедни да се движат по улиците, ниту пак се надеваат дека проблемот ќе се реши, пишува Нетпрес.

Градоначалникот Петре Шилегов тврди дека не може долгогодишен проблем да се реши за шест месеци, а од здружението „Анима мунди“ пак велат дека тие веќе имаат готова стратегија но никој не ги контактира.

Револтот кај граѓаните станува се поголем бидејќи очекувале подобрување на состојбата, но во изминатиот период нема ден да нема жртва на бездомно куче.

-Не можеме да се движиме слободно низ населбата, срамота е и во сред Центар да ни се шетаат парталави и шугави кучиња, реагираме до општината и до Градот Скопје, ама нема ефект – велат граѓаните.

Дел од граѓаните се загрижени и за самата состојба на кучињата, се разболуваат и сега посебно во летниот период ако не се контролирани може да бидат извор на зарази. На другите пак им пречи што некој постојано ги храни кучињата, па сметаат дека затоа ги има насекаде.

-Едноставно не сакам кога ќе излезам пред влез да гледам пет кучиња како лежат а поминувам со дете кое се плаши од нив, јас навистина не знам како да се справам, да се грижам за кучињата или за безбедноста на моето дете – вели загрижен родител.
Незадоволство од нерешавањето на проблемот искажува и здружението „Анима Мунди“ што во повеќе наврати доставиле конкретни укажувања, конкретни предлог мерки и барања за итна потреба од измена на работењето на стационарот „Вардариште“. Тие побарале да го превземат раководењето со стационарот со што истиот би функционирал доследно согласно унапредена Програмата (залови – стерилизирај – врати) која е во светски рамки покажана како единствен успешен метод.

Проблемот со бездомните животни само ќе се продлабочува доколку не го третираме и решаваме во корен, а тоа е неодговорното сопствеништво,т.е. доколку не се спроведат напоредно низа итни мерки.

Анима Мунди укажува веќе долг период дека ова се потребните мерки:

– строго регулирање на одговорното сопствеништво во рамки на закон за заштита и благосостојба на животни; програми на ниво на ЕЛС и казни за секој кој напушта животно или неконтролирано размножува миленици

– попис на сите одгледувачници затоа што во моментов немаме претстава кој се размножува и продава животни, и нивно даночење, а казни за сите оние кои „на црно“продаваат животни

– масовна и брза стерилизација на сите бездомни животни како и задолжителна стерилизација на сопственичките кучиња, освен во случаи на регистрирана одгледувачница за што би се плаќал данок

– превзимање на стационарите , т.е. нивно раководење од страна на здруженијата за заштита на животни ( Анима Мунди веќе со години го бара управувањето на Вардариште) затоа што само здруженијата имаат соодветен кадар со знаење, искуство, волја да го третираат проблемот со бездомните животни преку стерилизација, но и едукација, акции и кампањи за вдомување миленик наместо купување

– субвенционирање на стерилизација на сопственичките кучиња.

Град Скопје во моментов не нема инволвирано во никој сегмент , освен во процесот на анализата/проценката на потребите за инфраструктурни промени на Вардариште при што ги усвои сите нашите барања. Тоа во ниту еден случај не е доволно, ниту клучно, т.е. најважна е надградба на постоечката Програма за третман на бездомните животни на град Скопје , инволвирање на здруженијата, активистите, љубителите на животни во третирањето на овој проблем за конечно да може да биде контролиран и надминат.

Градоначалн икот Петре Шилегов тврди дека се изработува стратегија за долгорочно решавање на проблемот, според него нападите на кучиња не се зашестени, напротив се се поретки.

Некој ако една деценија не го третирал проблемот не може да се реши за шест месеци, со капацитетот на стационарот „Вардариште“ е невозможно – вели Шилегов.

Според него стационарот не може да се проширува бидејќи објектот бил дивоградба и се очекува наскоро да биде легализиран па да влезе во постапка за реновирање, но тој побарал од градоначалниците на општините да изработат стратегии и локации за изградба на нови стационари во Градот.

При крај е тендерот за чипирање на кучиња кој го води Агенцијата за храна и ветеринарство, кога ќе завршат ќе направиме регистар на миленици за да се спречи репродукција на несакани миленици, а се планираат и казни за несовесните граѓани.


https://skopjeinfo.mk/nema-merki-za-kuchinjata-skitnici-shilegov-cheka-legalizacija-na-vardarishte
avatar
Kalinda

Број на мислења : 464
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЗБОР - ДВА ЗА ШИЛЕГОВ

Пишување by Kalinda on Саб Апр 28, 2018 10:53 am

Ете го вашиот градоначалник
самобендисан ,
кој воопшто не се грижи
ниту за граганите ,
ниту за градот .
avatar
Kalinda

Број на мислења : 464
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот