Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

3 posters

Go down

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Empty РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

Пишување by osa Чет Мај 10 2018, 20:22

Реконструкција на Владата зависи од понудените функции
May 10, 2018 459 0

Денеска е десетти ден како премиерот на Македонија, Зоран Заев чека одговор од албанските партии кои треба да одлучат дали ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство. Тој рече дека на почетокот на мај им испратил понуди на потенцијалните партнери за влез во владината коалиција, но како што вели, сега пратеничките групи треба да разговараат во партиските органи и да донесат одлуки.

Од парламентарната група, предводена од Африм Гаши, велат дека преговорите се во завршна фаза и дека денеска се очекува да имаат дополнителни консултации. Од Канцеларијата за информирање на огранокот на БЕСА не откриваат многу детали, само додаваат дека тројцата нивни пратеници се на вистинскиот пат да му се приклучат на парламентарното мнозинство. Од Движењето Беса, пак, на Биљал Касами, велат дека денеска ќе донесат конечна одлука дали ќе влезат во Владата и кои од понудите на Заев ќе ги прифатат.

„Движењето Беса денеска во 18 часот ќе одржи седница на Централното собрание во седиштето во Тетово. Највисоките партиски органи ќе ги разгледаат понудите на премиерот, во однос на преговорите за проширување на парламентарното мнозинство. Сигурно дека на денешната средба, лидерот Биљал Касами ќе дебатира за понудата со Централниот одбор и ќе донесе некаква одлука“, велат од Движење Беса.

И од ДПА, и понатаму го држат затворен пликот со понудата од Заев, барем за јавноста. Инаку, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, не сакаше да коментира дали ќе станат дел од Владата.

Аднан Ќаили

https://tv21.tv/mk/?p=177681

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Empty Re: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

Пишување by Bosonoga Пет Мај 11 2018, 17:47

ostavka si dal DZezeir SHakiri , amore slepci dpmneovski vie amnestiravte iljadnici komandanti i UCHKI ,i se fativte za ovoj "komandanta "abe vie stvarno ste bile za nikade , a znaete kolku POENI POZITIVNI mu donese ova na Zaev ,bravo majstore alal da ti e .
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 980
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Empty Re: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

Пишување by SHARENI Саб Мај 12 2018, 16:37

e koga ke bide ? vremeto si pominuva ovie kopucite od dpmne se ushte na rakovodni funkcii ,i zashto glasavme za SDSM ,samo chelnicite da sednat vo fotelja ,ami sramoi golemi
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Empty Re: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

Пишување by osa Пет Јун 01 2018, 22:56

Од: Нова ТВJune 1, 2018-4:33 pm
Двобој власт-опозиција на реконструкцијата на Владата


За да тргнеме со цврсти и сигурни чекори во новите претстојни реформски активности, во реализација на големи одлуки што стојат пред нас, потребно е да го зајакнеме парламентарното мнозинство и да ја прошириме партиципацијата на нови репрезенти на тоа мнозинство и во самата Влада, рече меѓу другото во своето експозе премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница на која треба да се избере новата, реконструирана Влада.

„Знаејќи дека ни престојат сериозни реформски активности и реализација на големи одлуки од пресудно значање за Република Македонија, поминаваме одреден период во консолидација и создавање услови за јакнење на парламентараното мнозинство, за да создадеме колку што е можно поголемо прифаќање на одлуките кои ни доаѓаат многу скоро. Тоа се одлуки кои ја определуваат иднината и историјата на нашата заедничка држава на сите граѓани. Во овој дом на демократијата наскоро ќе бидат ставени на одобрување одлуки кои за РМ ќе донесат повеќе надеж, просперитет и благосостојба“ рече премиерот Заев.

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, по обраќањето на премиерот, реконструкцијата ја нарече пазарџиска, без политичка содржина и порака.

„Она што не го правите денеска е реконструкција во ресорите каде нема резултати или има потфрлување. Реконструкцијата треба да опфати реално признавање на слабостите, но тоа не се демонстрира. На овој начин се обидувате да вклопите други албански партии во Владата од други цели кои ќе следуваат, а не за подобри резултати. Од денеска, Вие лично ја преземате целата одговорност за скандалите и нефукнционирањето на министерствата“, му рече Димовски на премиерот Заев.

„Ќе-Влада“, „Не-Влада“

Она што започна како дебата за реконструкција на Владата, продолжи во меѓусебни партиски препукувања.

„Оваа Влада ќе остане во меморијата на граѓаните како „Ќе-Влада“, бидејќи употребува „ќе“ за сето она што нема капацитет, енергија, знаење и можности да го направи, оцени координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев осврнувајќи се на експозето на премиерот Заев за предлог-имињата за реконструкција на Владата.

На ова му реплицираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев кој рече дека ако оваа влада е „ќе“ влада, тогаш сите други Влади до сега биле „Не-Влада“.

„Не знам како очекувате за неколку месеци да се санира се’ она што вие го направивте“, рече Тунтев.

Заев, Мицкоски, корупција, непотизам, „Скопје 2014“, поинтересни од предложените министри

Двобојот власт-опозиција се претвори во напад и одбрана за тоа која влада што направила, а што не направила, како и дебата за рејтингот на партиите и лидерите.

Потпретседателот на Собранието и пратеник од НСДП Горан Мисовски, им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека тие не можат да зборуваат за корупција на актуелната Влада.

„Пред да почнете да зборувате за криминал и корупција прво треба да се оградите од криминалот на претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што не го правите тоа затоа актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски и партијата го имаат сегашниот рејтинг“, рече Мисовски.

Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ му се пожали на премиерот Заев дека денеска била избркана од канцеларијата што ја користи во општина Крива Паланка, затоа што како што тврди таа, локалната власт и’ се одмаздува поради критиките упатени на сметка на министрите Анѓушев, Сугаревски и Царовска на вчерашната седница посветена на пратенички прашања.

Меѓу другото, Заев одговараше и на обвинувањата на пратениците од опозицијата а поврзани со минималната плата, урабанизацијата на руралните средини, гасификацијата на Македонија како и за проблемите на лекарите и специјализантите.

Токму затоа, рече пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска ВМРО-ДПМНЕ ја изгубила власта.

„Поради ваквата ваша реторика на локалните избори граѓаните ви ја испорачаа сметката“, рече Шахпаска.

Пратеникот на ДУИ Артан Груби и’ даде поддршка на Владата и на изборот на новите министри и од собраниската седница ја повика опозицијата да ја даде својата поддршка и да се приклучи во реформите и во решавањето на спорот со името.

„Тука зборуваме за името, за рејтинзите, за кожарство дури, само за тоа што треба не. Оваа Влада се роди на едни од најтешките избори. Во овие месеци успеа да ја врати довербата на граѓаните. Се вративме на трасата за ЕУ и НАТО. Ги усвоивме сите реформски приоритети. Бугарија стана наш најдобар адвокат за ЕУ по договорот со Бугарија. А се надевам наскоро ќе стане и Грција. Да дадеме поддршка за овие министри. Ова е коалиција на апсолутно сите партии за евро-атлантска Македонија“, рече Груби.

Што кажаа пратениците за предложените имиња

Единствена конкретна дискусија а поврзана со предлог-имињата за нови министри беше онаа на пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ која рече дека Рената Треневска Дескоска не само што не треба да биде новата министерка за правда туку таа, како што рече Затуроска, треба да си замине од Владата.

Покрај ова, Затуроска рече дека денеска требало да се разговара за реконструкција која ќе ги вклучува оставките на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска затоа што според неа, не се спроведени реформи, има нарачани судски пресуди и се тргува со државните и националните интереси. Колективна оставка од Владата побара нејзината сопартијка Ане Лашкоска.

„Дескоска треба да си замине од Владата затоа што ги прифати лажните факти од историјата, заради штетниот Закон за образование што таа го создаде, затоа што не се заложи за студентите, затоа што нема ништо од студентските домови…“, рече Затуроска.

Во одбрана на Дескоска застана пратеничката Фросина Ташевска Ременски која рече дека оваа Влада “ротира квалитетни кадри“.

„Во оваа Влада недостасува некој „Миле ми текна“, некој со тефтерчињата и некој со тендерчињата, затоа вие се буните. Ние ротираме квалитетни кадри, министерската Рената Дескоска направи одлични реформи во секторот образование, а сега ќе направи одлучни реформи во секторот правда, рече Ременски.

Иако не е на списокот со имиња за реконструкција на Владата, денеска најмногу внимание привлече името на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска за која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упатија најмногу и најжестоки критики.

Како нови коалициски партнери во Владата влегуваат крилото на Беса на Африм Гаши и ДПА, кои имаат министерски места, како и Сојузот на Ромите. За нови министри во Владата предложени се Арбер Адеми за министер за образование, Асаф Адеми за министер за култура и Бардул Даути, за министер без ресор. Рената Треневска Дескоска од прв човек во министерството за образование е предложена да биде новата министерка за правда.

По изборот на нови министри кој треба да заврши најдоцна до полноќ, ќе следува гласање за заменици министри. Предложени се за заменик – министер за надворешни работи Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.

Доколку вечерва до полноќ не бидат избрани и замениците-министри тогаш, според најавите на претседателот Талат Џафери на редовната средба со новинарите во вторникот, Собранието ќе работи и утре.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Empty Re: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот