ДЕН ПО СЕНАРОДНИОТ СОБИР НА ДПМНЕ

Go down

ДЕН ПО СЕНАРОДНИОТ СОБИР НА ДПМНЕ

Пишување by osa on Нед Јун 03, 2018 1:28 pm

Пандов со порака до Заев по синоќешниот масовен протест
watch_later 03. ЈУНИ 2018. @ 10:36 timelapse 1 МИН.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов упати порака до премиерот Зоран Заев по синоќешниот масовен протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

-Друже Заев морам да ти напишам неколку реда. Тоа што ти многу добро го разбираш, доматите и пиперките, јас да бидам искрен сега правам почетни чекори и фала богу добро ми оди, но еве ти рака дека ти си експерт за градинарство. Од друга страна друже Заев јас нешто што многу добро го разбирам се: протестите, собирите, митинзите, па муабетов ми беше за синоќешниот протест на ВМРО пред Владата на Република Македонија. Што да ти кажам, лошо друже. Едно што противникот ти се погоди многу спремен и мотивиран, него на ова црнило, страв и терор во кој ја бутна Македонија, да ти излезе онолку народ значи само едно, дека на наредните избори друже, во март или април до година, ќе го јадеш за сите пари што ги имаш цицнато.

app-facebook
Aleksandar Pandov
пред 13 часа
Друже Заев морам да ти напишам неколку реда. Тоа што ти многу добро го разбираш, доматите и пиперките, јас да бидам искрен сега правам почетни чекори и фала богу добро ми оди, но еве ти рака дека ти си експерт за градинарство. Од друга страна друже Заев јас нешто што многу добро го разбирам се: протестите, собирите, митинзите , па муабетов ми беше за синоќешниот протест на ВМРО пред Владата на Република Македонија. Што да ти кажам, лошо друже. Едно што противникот ти се погоди многу спремен и мотивиран, него на ова црнило, страв и терор во кој ја бутна Македонија, да ти излезе онолку народ значи само едно, дека на наредните избори друже, во март или април до година, ќе го јадеш за сите пари што ги имаш цицнато

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13666
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕН ПО СЕНАРОДНИОТ СОБИР НА ДПМНЕ

Пишување by osa on Нед Јун 03, 2018 1:52 pm

e sega vaka ke ti kazam jas na tebe ,samonarechen politichki analitichar .... vo svojot 40 godishen zivot imash samo dva meseci staz i toa kako pratenik vo sobranie vo vremeto na dpmne koga na chelo stoeshe LJubcho Georgievski ,i ne deka narodot te izbral pa si vlegol kako pratenik ,tuku otkako poradi smrt na aktuelen pratenik se isprazni edno pratenichko mesto .....ete tolku imash sraboteno vo svojot zivot i sega samo laesh koj kolku ukral ....a kade si ti za sebe iskreno da kazesh kolku ukra,de od Makedonskiot narod ...Koga ke te prashaa zoshto pushtash dolga kosa ,sam kazuvashe za da go smenish imidzot se sramish od lugeto koi te poznavaa..seushte mislish deka mozesh da se sokriesh od tvoite poznavachi ? seushte mislish deka ke zaboravat shto ukrade i kolku samo zatoa shto si pushtil brada i mislish ke bidesh drug chovek ? ke bidesh chesen chovek ? Mislish deka tvoite roditeli ke se gordeat so tebe zatoa shto si se sokril pod dolgata kosa i bradata ? se lazesh lazhen politichki analiticharu ,nishto nema da go izbrishe tvoeto mizerno kradenje ,ke ostanesh da ziveesh so svoite nedela.....

e sega neznam dali ke go prochitash ova i poveke nikogash nema da se osmelish da davash izjavi ? dali onie koi te velichaat i te narekuvaat politichki analitichar ke go prochitaat ova i ke prestanat da ti se obrakaat za izjavi ,bidejki ti ne si analitichar nikakov ,isto ko shto i tvojot blizok i drag prijatel janko -jadi burek ne e novinar ,tuku dvajcata ste propalici koi odvaj imaat zavrseno veterinarno sredno uchilishte so opsht prosek "2" ? i za kraj ke ti poracham izbrichija bradata i podstrizise ,pa napishi go svoeto SIVI ,za da znaat graganite koj toa im raskazuva shto chini shto nechini vo drzavata ....
za zal nemam Twitter profil i tamu da ti go plesnev ovoj tekst ,no mozebi nekoj od forumot ke go napravi i toa za da go prochitash so sigurnost pa da me pobarash i mojite pari shto mi gi dolzish da mi gi vratish za pochetok ,pa posle i ostanatite ukradeni parichki

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13666
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕН ПО СЕНАРОДНИОТ СОБИР НА ДПМНЕ

Пишување by osa on Нед Јун 03, 2018 2:53 pm

ДПМНЕ со национализам во одбрана на сопствениот криминал и насилство
03/06/18

Со видна возбуда и енергија, со идеја да се покаже и докаже како лидер на голема партија, што сѐ уште не ја изгубила својата моќ, како првото излегување пред „неговиот“ народ да е и последно или во најмала рака, одлучувачко за судбината на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покажа сѐ што научил од неговиот претходник Груевски. Протест на ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни 2018, пред Владата….
Проценката е дека околу 10.000 граѓанки и граѓани присуствуваа на вчерашниот протест пред Владата, автобусите и комбињата од цела Македонија пристигнаа. Поддржувачите на ДПМНЕ, некако собрани, оградени од сите страни, означени со соодветни транспаренти на „каузата“, го чекаа Мицкоски, исто како што го чекаа Груевски. Курир и сличните медиуми, познати по својата про-ДПМНЕ пропагандна активност во изминатите години, „проценија“ дека дури 50-60 илјади луѓе учествувале на протестот.

Како веќе установена пракса, потковани со истото знаење и разбирање од времето на груевизмот, немаа потреба од дополнително мотивирање и воодушевување од новиот лидер, кој не покажа ништо свое и ништо ново во агендата и намерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пораките се испратија онакви какви што се билдаа цела година. Таргет фигура Зоран Заев, а метата поставена во срцето на секој „вистински“ Македонец, со малку тапкање по рамо на Албанците, да не се лутат, а сите останати од народот заборавени.

Во концентрични кругови, како да со обидуваше да ја хипнотизира толпата, Мицкоски го плетеше својот лош говор, не вадејќи ги Заев, името и Уставот од уста, потпирајќи се на добрто познатиот националистички популизам. Но, едно беше највидливо и најјасно од сѐ. Во сржта на барањата на Мицкоски, всушност, лежи само една промена. Зоран Заев.
Владата не им чини, Заев е крив. Преговорите за името не им чинат, пак Заев. СДСМ не води политика како нив што им одговора, Заев. Закон за јазици, стандарди и вредности за влез во НАТО и ЕУ, пак Заев. Неостварување на сонот ДИК да ја предводи нивен човек, нормално Заев. А тоа што на ВМРО-ДПМНЕ и тоа како им се потребни предвремени парламентарни избори, пак Заев е крив.

Значи, заклучокот од протестите е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот заради промена на уставното име, бара формирање техничка влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, бара ДИК со претседател од нивните редови, сака СДСМ по нивен терк, без Зоран Заев, а за Албанците – да придонесат во економијата со нивно вработување, а не двојазичност.

Со надеж дека овој пат не биле принудени со уцени, притисоци, закани и сендвичи, присутните на протестот, можеби и си заминале разочарани. Сепак, лидерот им Мицкоски не рече ништо ново и конкретно за лекот на нивната болка – името. Ама затоа за криминалите на Заев, кои треба да ги фрлат во сенка криминалите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, малку повеќе ја претераа
И да. Пораките се упатија.

СДСМ одговори:

„Од јавна говорница денеска Христијан Мицкоски бранеше насилници под превезот на патриотизмот. Мицкоски треба да знае дека неговата партија треба да се качи на вагата на правдата. Криминалот не може да биде патриотизам колку и да викаш гласно“, и „Барањето за предвремени избори заедно со претседателските, е класичен партиски блеф на Мицкоски, кој е соочен со слабиот рејтинг и немањето поддршка од граѓаните. Не е лесно да го следиш Груевски во време кога СДСМ добива огромна поддршка на локални избори со освоени 57 градоначалници“.

А како доказ дека протестот не допре ниту со мала доза на ризичност за СДСМ, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со фотографии по протестот, во еколошки манир, илустрирараше чистка, како воопшто да не се случил протестот.

„Го исчистивме ѓубрето. Како и секогаш…“, гласеше двосмислената порака на Шилегов на својот Фејсбук профил.

На крајот, да не остане заборавено. Протестот на ВМРО-ДПМНЕ наликуваше на нивните изборни митинзи на кој парадираа мали деца со свирчиња, знамиња и транспаренти. Мора да се стави крај на злоупотребата на деца за партиски цели.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13666
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕН ПО СЕНАРОДНИОТ СОБИР НА ДПМНЕ

Пишување by defo on Нед Јун 03, 2018 5:40 pm

Реално 30.000 луѓе. Бате Саше беше тука на прозор за да покаже нешто, пренесе порака. Реков анемичен протест.

defo

Број на мислења : 1994
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕН ПО СЕНАРОДНИОТ СОБИР НА ДПМНЕ

Пишување by Kalinda on Нед Јун 03, 2018 8:42 pm

Зошто се обидувате
да ги релативизирате
јасните пораки
од народот ?
60000 народ
му покажаа на Заев
дека не му се плашат !
Тоа е најбитната порака .
avatar
Kalinda

Број на мислења : 462
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕН ПО СЕНАРОДНИОТ СОБИР НА ДПМНЕ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот