НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ

Go down

НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ Empty НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ

Пишување by Bosonoga on Нед Јун 10, 2018 11:22 pm


НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ: Град со големина на тениско топче, уништени автомобили и покриви

Силно невреме на Балканот.

Попладнево невремето зафати делови од Хрватска и Словенија.

Градот Ријека и околината се погодени од невреме проследено со град и силен ветер, а на повеќе места има и поплави. Уништени се покриви и земјоделски површини.

Словенија ја зафати невреме со град, какво немало досега. Оштетени се голем број на автомобили, особено во местото Чрномељ.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 663
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ Empty Re: НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ

Пишување by delta on Вто Јун 19, 2018 5:26 pm

,//.,;//sekade ima nevreme ,pa duri i kaj nas <;'//..
delta
delta

Број на мислења : 502
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ Empty Re: НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ

Пишување by OPOZICIONER on Сре Јун 27, 2018 11:10 pm

Невреме во Грција, се евакуираат туристи, поплави во Лептокарија, Неа Врасна, Ханиоти...
Дожд и силен ветар го зафатија северниот дел од Грција и предизвикаа големи проблеми за туристите, а одделни места се погодени и од поплави.

Грчки медиуми објавија инсерти од поројни дождови, што ги зафатија меѓу останатите и Лепотокарија, Парајлија, Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Пефкохори, Трикали и Торони. Температурата во одделни места била околу 15 степени Целзиусови. Во дел од градовите од одделни хотели се евакуирани туристи, меѓу кои и од хотел на Ситонија, каде денеска се евакуирани поради река, која се излеала од коритото и го поплавила целото подрачје.

Грчките медиуми јавуваат дека на патиштата во тој дел од државата има одрони и сообраќајот се одвива отежнато.

На социјалните мрежи објавени се фотографии од местото Торони, на кои се гледа како дел од градот е поплавен.

Во моментов во Солун е 18 степени, додека во Лариса е 17. Грчката агенција АНА-МПА објави дека облачно време и северен ветар се очекува и утре кога се можни и нови поројни дождови, пренесе МИА.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 478
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ Empty Re: НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ

Пишување by osa on Саб Јун 30, 2018 1:40 pm

(Видео) Поплави во Србија: домовите и патиштата под вода, автомобилите пловат

РЕГИОН(Видео) Поплави во Србија: домовите и патиштата под вода, автомобилите пловатОбјавено пред 2 часа - 30 јуни, 2018Од Mak Fax

Големо невреме со силен ветер и пороен дожд погоди делови во Србија, а повеќемина жители се принудени да ги напуштат нивните домови. Особено критично е во Суботица, од каде што доаѓаат информации за големи поплави по улиците. Спасувачки екипи со чамци итно се испратени во поплавените подрачја.

Под вода се и неколку булевари во Белград. Сообраќајот на делови од Ибарска магистрала е во прекин заради надојдената вода која што делови од патот претворила во езера.
Обилните дождови вчера парализирале бројни белградски населби, а најлошо минале жителите на Гроцка, Раковица и Барајево, каде куќите дури и биле поплавени. Како што велат мештаните од општина Барајево, улиците се под вода, патиштата се поплавени, домаќинствата и нивите се поплавени, а автомобилите пловат.

Пороен дожд го зафати и Нови Сад, предизвикувајќи големи проблеми, а надлежните служби се наоѓаат на терен.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14302
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ Empty Re: НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ

Пишување by EVITA on Сре Jул 04, 2018 9:29 am

i gospod se luti zasho mnogu azdisueme

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 235
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ Empty Re: НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ

Пишување by delta on Нед Jул 22, 2018 9:45 am

<<\\...sekad ima nevreme ..>\\;
delta
delta

Број на мислења : 502
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ Empty Re: НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот