ЧАЈ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЧАЈ

Пишување by Гостин on Чет Фед 05, 2015 5:26 pm

За пијачите на чај на форумов, и надвор од него...

Најдобрите чаеви според крвната група

Со оглед на тоа што сме во период кога се консумираат многу чаеви, еве како да го одберете најдобриот според вашата крвна група.

Крвна група 0
Кога е исхраната во прашање, на оние кои ја имаат оваа крвна група им одговара консумација на месо, а би требало да избегнуваат млеко и глутен. Иако добро се справуваат со стресот, нив најчесто ги мачи желудочната киселина. Чаевите кои им се препорачуваат на луѓето со крвна група 0 се на основа на ѓумбир, женшен, зелен чај и мате, кој е позната замена за кафе.

Крвна група А
Станува збор за многу емотивни и аналитични луѓе, подложни на стрес, заради што имаат постојано високо ниво на кортизол, хормон на стресот. Иако кафето не им пречи, потребата за претежно растителна храна, медитација и јога, совршено ќе се надополни со секојдневна консумација на чај од јасмин, мешавина од сребрен јасмин и зелен чај, како и мешавина од невен и мајчина душица.

Крвна група Б
Луѓето со крвна група Б имаат бавен метаболизам, склони се кон автоимуни болести, дебелеење, летаргија, хроничен замор и нередовен сон. Имаат отпорен дигестивен систем, но слаба одбрана од бактерии, а на прво место е бактеријата Ешерихија коли. Пожелно е да пијат млад зелен чај, органски зелен или црвен ројбос, како и имуномешавина од бозел, ројбос, жалфија и маточина.

Крвна група АБ
Луѓето кои ја имаат оваа група се интуитивни, не се толку склони кон стрес, но имаат намалено либидо. Би требало да се фокусираат на посебни видови зелен чај, нане, божур, сандаловина, како и напитоци од ориз. Идеален избор на чај за нив е мешавина од зелен чај и нане. За мажите со оваа крвна група особено се препорачува мешавината од коприва, нане и ројбос.

http://365.com.mk/160788/najdobrite-chaevi-spored-krvnata-grupa

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Гостин on Вто Мар 31, 2015 6:43 pm




Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Гостин on Пон Aвг 22, 2016 11:00 am

Чаеви кои се користат за слабеење и прочистување



Чаевите можат да ви го подобрат вашиот метаболизам но, и да ви помогнат полесно да се справите со вашата тежина.
На чајот може да се гледа како средство за слабеење, но истовремено неговото благотворно дејство за човечкиот организам предизвикува многубројни позитивни ефекти.
Чаевите многу често се користат и како средство за смирување.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Гостин on Пон Aвг 22, 2016 11:01 am

Чај од коприва

Како дар од природата, копривата е најдобро средство за прочистување на крвта. Ова растение содржи витамин А, минерални соли, растителни хормони, а се препорачува како природен лек против слабокрвност.
Чајот од коприва помага во ослободувањето од токсини во организмот, поволно влијае на расположението и го намалува чувството на потиштеност. Може да се употребува при намален имунитет, алергии, несоница и нервоза.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Гостин on Пон Aвг 22, 2016 11:01 am

Зелен чај

Содржи минерали што го поттикнуваат губењето на телесната тежина, но благотворно делуваат на целиот организам. Зелениот чај е ефикасно средство за прочистувањето на организмот, бидејќи го зголемува производството на клучните ензими и на тој начин го поттикнува излачувањето на штетните материи од организмот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Гостин on Пон Aвг 22, 2016 11:01 am

Чај од камилица

Камилицата била ценета лековита билка уште во времето на древен Египет, стара Грција и Рим. Камилицата уште од тоа време се употребувала како средство против болки и грчеви во органите за варење, особено кај децата, како средство за лекување на различни воспаленија на кожата, но пред се и како средство за смирување.
Лековитите својства на камилицата доаѓаат од нејзините цветови кои содржат испарливи масла (бисаболол и матрицин) флавоноидни и други терапевски супстанции.
Научните истражувања потврдија дека камилицата поседува антибактериски, антифугални и антиалергиски својства. Исто така, утврдиле дека камилицата го зголемува бројот на белите крвни зрнца во крвта, го олеснува варењето на храната и го смирува организмот.
Камилицата го ублажува стресот и нервозата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Гостин on Пон Aвг 22, 2016 11:01 am

Чај од хибискус

Цветот на овој чај е еден од најубавите во светот, а е препознатлив по црвената боја и киселата арома. Неговото дејство меѓу народот е познат повеќе од стотина години, а значително помага во регулирање на телесната маса. Како одличен извор на витамин Ц, чајот од хибискус делува при детоксификација и помага при чувството на надуеност. Доколку сакате да ги почувствувате позитивните ефекти од овој чај, дневно се препорачуваат 1-2 шолји.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Гостин on Пон Aвг 22, 2016 11:02 am

Чај од нане

Нането е една од најпознатите лековити билки од нашето поднебје. Лекува грчеви, нервоза во желудникот, алергии … Денес чајот од нане се употребува како помошно средство за намалување на симптомите на лошото варење: грчеви, надуеност, нервоза во желудникот, надразнати црева, повраќање. Може да ги олесни менструалните тегоби, да помогне кај воспалението на слузокожата во устата, а како облик на инхалатор поволно делува на дишните патишта и често се препорачува како средство против несоница. Облогите од нане се користат за уморни и црвени очи.
Нането може да се користи и за подобрување на апетитот. После шолја чај, чувството на глад се запира на кратко време, но потоа апетитот се зголемува. Поради тоа на оние луѓе кои сакаат да ја зголемат телесната маса се препорачува да половина час пред јадење испијат шолја чај од нане.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Гостин on Пон Aвг 22, 2016 11:02 am

Црн Чај

Црниот чај е меѓу најпродаваните чаеви во западните земји. Билката на овој чај содржи најголемо количество кофеин, што значи овој чај е одличен за љубителите на кафе,а и одлична замена на енергетските пијалаци и кафето. Во испитувањата е докажано дека овој чај има одличен ефект врз здравјето на срцето и крвните садови. Освен за подобрување на функцијата на срцето овој чај е одличен и за подобрување на мозочната функција и функцијата и здравјето на белите дробови.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Гостин on Чет Aвг 25, 2016 9:20 pm

caj za bolnite be za zdravite rakija i vino a moze i pivo

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЧАЈ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот