РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Чет Сеп 13, 2018 9:45 am

Bosonoga напиша:Lele lele crepovite mora da se skroz zbuneti kako guski vo magla.
Ајде да те потсетам дека на народната поговорка дека од гомно ќерпич (цреп) не бива. Да не е можеби Заев цреп, затоа што е црпнат од нива, а нели материјалот за цреп се црпнува од земја.
ВМРО-ДПМНЕ има направено анкета на 50.000 испитаници од кои повеќе од половина ќе го бојкотираат референдумот, па нема потреба од диктаторски методи, односно партиско повикување на тоа како да се гласа. На рака на бојкотот одат и тие што ги има на избирачкиот список, а живеат во странство кај што не можат да гласаат. За жал законот за референдум е правен во принцип за тоа тешко да помине референдум, но овој пат тоа е во полза на Македонците. И на Албанците кои инаку не се запознаени дека и тие за Чемерија ќе треба да користат грчки називи и ќе ги имаат истите проблеми како Македонците.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Teo on Пет Сеп 14, 2018 11:05 am

Pa ahto se zhalish togash??? Ako si crep znachi ne si gomno...Spored tebe...I kako ne se zasrami da lazhesh za anketata na dpne za koja vekje imame sigurni informacii i tochni brojki...

http://melnica.forummk.com/t236p50-topic#63467

_________________
NE GO BOJKOTIRAM TRENDAFIL NITU REFERENDUMOT
avatar
Teo

Број на мислења : 3574
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by luxor on Пет Сеп 14, 2018 11:47 am

Нова анкета, референдумот ќе биде повеќе од успешен.

Анкета ИФИМЕС: На референдумот ќе учествуваат над 63% од граѓаните

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните на Македонија ќе учествуваат на претстојниот референдум, а 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, покажува испитувањето на јавното мислење што го спроведе Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

Според анкетата направена од 1 до 10 септември годинава врз 1.218 испитаници во сите шест изборни единици, на референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција.

Од испитаните, 86,7 отсто сметаат дека македонските граѓани независно од етничките и политичките разлики, треба да покажат единство кога е во прашање полноправното членство во ЕУ и НАТО, додека 79,8 проценти мислат дека евроатлантската интеграција е правилна стратешката ориентација на државата.

Најголем процент од анкетираните, 74,2, го оцениле негативно работењето на претседателот на државата Ѓорге Иванов, позитивно се изјасниле 9,4 проценти, а став по ова прашање немаат 16,4 отсто.

Високи 79,2 отсто од испитаниците сметаат дека СЈО под водство на Катица Јанева добро си ја врши работата, 14,4 проценти имаат спротивно мислење, додека 6,4 немаат став.

Испитувањето на јавното мислење е дел од анализата за актуелните случувања во Македонија што ИФИМЕС ја наслови: „Македонија бира меѓу (само)изолација и евроатлантска иднина?“. Анализата најпрво потсетува на склучувањето на Преспанскиот договор, потоа се навраќа на историјата на македонската државност, а посебно поглавје посветува на поддршката од меѓународната заедница за референдумот, нарекувајќи ја „досега невидена во регионот“.

https://novatv.mk/anketa-ifimes-na-referendumot-kje-uchestvuvaat-nad-63-od-gragjanite/

_________________
ГЛАСАМ ЗА И ГИ БОЈКОТИРАМ #БОЈКОТИРАМ
avatar
luxor

Број на мислења : 3625
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Саб Сеп 15, 2018 6:26 pm

Teo напиша:Pa ahto se zhalish togash??? Ako si crep znachi ne si gomno...Spored tebe...I kako ne se zasrami da lazhesh za anketata na dpne za koja vekje imame sigurni informacii i tochni brojki...

http://melnica.forummk.com/t236p50-topic#63467
Врз основа на што заклучи дека се жалам? Со децении учествувам на форуми и јасно ми е дека од црпнувањето на Заев од нива во Муртино нивото на дискусии е падното и има доста учесници и на форумите и на социјалните мрежи што се обидуваат со навреди да го надополнат немањето на аргументи. Но тоа е дел од фолклорот не само кај нас туку секаде во светот бидејќи секаде има замешано прсти Џорџ Сорос со свои обучени луѓе и тоа се има проширено како зараза. Полесно е да навредуваш отколку да се трудиш да одговараш со факти на некој што не сака да ги прими, затоа што неговиот пастир или каубоец (да не кажам говедар) така му утувил во глава.


Што се однесува до анкетите ќе видиме на 30 септември кој ќе биде во право, со напомена дека тие што се за бојкот се во предност затоа што околу 30% секогаш „бојкотираат“. Или се во странство или не ги интересира политика. 100% излезност има само во Северна Кореја колку што ми е познато.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by luxor on Саб Сеп 15, 2018 7:44 pm

Па само тие и ќе останат, ве напуштија сите дури и вашата матична партија дпмне. Сега бојкотирате со Бачев русинот и Вилипче лажниот ветеран.

_________________
ГЛАСАМ ЗА И ГИ БОЈКОТИРАМ #БОЈКОТИРАМ
avatar
luxor

Број на мислења : 3625
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Саб Сеп 15, 2018 8:32 pm

Може да се случи и за мене изненадување. Уставниот суд да го стопира референдумот.

https://makfax.com.mk/makedonija/судијката-гошева-предлага-уставниот/

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Teo on Нед Сеп 16, 2018 6:37 pm

Bez odluka na Ustaven se bi bilo shpekulacija...Zatoa kje pochekame i kje vidime...

_________________
NE GO BOJKOTIRAM TRENDAFIL NITU REFERENDUMOT
avatar
Teo

Број на мислења : 3574
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Нед Сеп 16, 2018 6:52 pm

Се согласувам дека треба да се почека на одлуката на Уставниот суд, со надеж дека тоа нема да биде под притисок на американската „грижа“ дека Русите ќе ја намалат излезноста, како што се плаши американскиот секретар за одбрана. Нели за разлика од Русите функционерите од меѓународната банда не се мешаат во нашиот референдум. Ги нема никаде.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Teo on Нед Сеп 16, 2018 9:59 pm

Kje vidime shto kje odluchat...Dotogash nemam komentar...Rekla-kazala muabeti ne spagjaat vo relevantna diskusija...

_________________
NE GO BOJKOTIRAM TRENDAFIL NITU REFERENDUMOT
avatar
Teo

Број на мислења : 3574
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Пон Сеп 17, 2018 9:27 am

Веќе може изгледа да се постави прашањето дали Матис дојде да го откаже референдумот поради лошите реални анкети дека Македонците не сакаат повеќе да бидат Македонци, ама Русите не им даваат. Јас еве јавно ќе кажам дека не сум под руско влијание во случајов и дека одлуката да се обидам да си останам Македонец ја имам донесено самостојно. Уште помалку сум под влијание на меѓународната банда што повеќе од 1,5 век се обидува да не укине како народ, па да прифатам за Солун да викам Тесалоники.
Во секој случај се надевам дека тешко дека ќе помине обидот да се самоукинеме со референдум. Обидите преку Собрание и да успеат ќе бидат привремени. Со првата демократски избрана власт ќе паднат, а учесниците во тоа злодело ќе си заминат во занданите кај што им е место.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Dino on Пон Сеп 17, 2018 11:38 am

Nema ni da videme demokratski izbori a ne demokratski izberena vlada i na kukovo leto ke go vrateme smenetoto ime. Toa e jasno uste koga se gleda kakov ofanziven pritisok ni pravat od zapad. Mej, Kurc, Merkel, Matis i use eden kup drugi.

Матис на разговори со Заев и Шекеринска
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис претпладнево пристигна во Владата на средба со премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/matis-na-razgovori-so-zaev-i-shekerinska

Италијанската министерка за одбрана Трента денеска во Скопје

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/09/87811/

Dino

Број на мислења : 248
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by luxor on Пон Сеп 17, 2018 12:04 pm

Власта е избрана демократски и наредните избори ќе бидат слободни, фер и демократски. Никој не врши никаков притисок, луѓето доаѓаат да помогнат затоа што се пријатели на Македонија и македонскиот народ. Граѓаните ќе одлучат слободно на референдумот а дека тој ќе биде успешен нје знаете уште само ти и Трендо, или знаете ама сте во фаза на негирање на вистината. За среќа останатите одамна ја прифатија.

Орце Камчев со јасен став: Зоран Заев е најхрабриот премиер и јас лично би го потпишал договорот со Грција

Најбогатиот човек во Македонија, Орце Камчев произлезе со цврст став за Референдумот и Договорот со Грција, за кој вели дека и тој самиот би го потпишал. Во интервју за Фактор, Камчев исто така нагласи дека повеќе не се пријатели со првиот човек на УБК, Сашо Мијалков.

https://tocka.com.mk/vesti/281564/orce-kamcev-so-jasen-stav-zoran-zaev-e-najhrabriot-premier-i-jas-licno-bi-go-potpisal-dogovorot-so-grcija

НИКОЛА ТОДОРОВ ЌЕ ГЛАСА НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМОТ

Поранешниот министер за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров денеска рече дека ќе гласа на престојниот референдумот.

Тој на денешната дебата на тема „Дебатираме за НАТО“ во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции, со поддршка на МНР и амбасадата на Холандија, истакна дека кога партијата одлучила самите да донесат одлука, тогаш тој ќе излезе и ќе гласа.

– Македонија мора да е дел од НАТО и јас сакам да ја видам Македонија како дел од Алијансата. Во рамки на тоа е и мојот став. Јас го разгледав ставот на партијата во однос на референдумот и имам право да одлучам како сакам. Не излегувам од ставот на партијата, напротив сметам дека мојот став е во рамки на партискиот став. На овој референдум јас ќе излезам и ќе гласам „за“ ЕУ и НАТО, а „против“ договорот. Некој ќе рече нема такво прашање, јас ќе речам има. Се ми е јасно, јасен ми е контекстот, јасно ми е дека мораме да бидеме членка на НАТО, потоа и на ЕУ. Јасен ми е и регионалниот контекст, рече Тодоров.

Јасни се сите предизвици, посочи тој, кои можат да надвиснат над Македонија и во каква ситуација може да биде.
– Сите аспекти ми се многу јасни, но тоа е рационалното, а емотивното не ми дозволува да заокружам „за“. По мене ВМРО-ДПМНЕ не смее да бојкотира затоа што не смее да биде мала гласна изолирана група на граѓани коишто се контаминирани. ВМРО-ДПМНЕ мора да биде силно мнозинство и затоа не смее да си дозволи да бојкотира. ВМРО-ДПМНЕ е уставотворна и државотворна партија и не може да дозволи да следи некои групи коишто заговараат бојкот. Друго ќе беше ако ВМРО-ДПМНЕ пред два-три месеци излезеше и речеше ние бојкотираме. Во ваква ситуација кога тој простор е заземен и воден од некои маргинални политички структури ВМРО-ДПМНЕ да биде партија која што ќе следи такви структури. ВМРО-ДПМНЕ мора да води, вели Тодоров

Тој додава дека би бил неконзистентен ако не излезе на референдумот затоа што, како што посочува, „ќе ми најдете 20 изјави и говори каде што велам дека тоа решение мора да помине на референдум“.

https://lokalno.mk/nikola-todorov-ke-glasa-na-prestojniot-referendumot/

_________________
ГЛАСАМ ЗА И ГИ БОЈКОТИРАМ #БОЈКОТИРАМ
avatar
luxor

Број на мислења : 3625
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Пон Сеп 17, 2018 4:35 pm

Ако добро те разбирам Орце Камчев повторно се вратил во старото јато. Верокјстно знаеш дека во минатиот век беше кандидат за пратеник на СДСМ.
Знам дека многу политичари изјавувале дека треба да има референдум ако се најде взаемно прифатливо решение за името. Не ако странска земја наметне решение со кое Македонија ги прифаќа сите барања на непријателот и капитулира. Сепак не можам да барам од Тодоров да го почитува моето мислење. Секој ќе се однесува по сопствената волја, што би рекле ќе гласа (ЗА или ПРОТИВ) ќе го бојкотира референдумот или како Тодоров ќе го направи ливчето неважечко. Сите 4 опции се легитимни, а резултатот ќе се прогласи согласно Уставот и законите. Ако прашањето навистина не се однесува само на Преспанскиот договор туку и на членство во ЕУ, што би значело стапување во сојуз на држави, тогаш не е потребно само да излезат над 50%, туку и над 50% од запишаните гласачи да заокружат ЗА, затоа што за влегување во сојуз се бара мнозинство од запишаните во избирачкиот список.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by PRVOBOREC on Пон Сеп 17, 2018 5:44 pm

Тоне бродот небањат, полека и по малку ама сигурно. На крајот ќе останете мала изолирана група на која никој нема да и замерува затоа што за да и го најдеш заедничкиот коефициент на интелигенција на таа група ке мора да слегуваш во подрум.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 363
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by SHARENI on Пон Сеп 17, 2018 8:21 pm

Sekretarot za odbranaq na SAD povika na glasanje za referendumot.

„По две недели вашите граѓани уште еднаш треба да го искористат нивното демократско право за да ја определат иднината на вашата земја. Ќе ја цитирам канцеларката Меркел од нејзината посета тука, која рече “Како што ќе гласате на референдумот така ќе одлучите за вашето патување кон ЕУ“. Ова е најважната одлука во историјата на вашиот народ. Ние ја разбираме комплексноста на политиките, но ние ве поддржуваме како пријатели, за остварување на вашата суверена одлука и вашата демократска одговорност да гласате “, рече Матис при денешната посета на Македонија.

https://tv21.tv/mk/video-matis-graganite-se-pred-istoriska-odluka-sad-go-ohrabruvaat-glasaneto-za-na-referendumot/


_________________
PROTIV BOJKOT - GLASAM ZA
avatar
SHARENI

Број на мислења : 247
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Вто Сеп 18, 2018 11:30 am

Тие што не ја избришале историјата се сеќаваат дека членството во НАТО и ЕУ ни зависеше од Охридскиот договор. Сега ни зависи од Преспанскиот. Во иднина во текот на евентуалните преговори за ЕУ ќе измислат и некој Дојрански, Мавровски и други додека не ги изнаредат сите езера во Македонија. Ако еднаш некој е излажан од некого, не знам како може безрезервно да верува во новите лаги.
Во секој случај, да го имаше меѓународната банда (заедница) Зоран Заев на почетокот на минатиот век, не ќе им требаше Букурешкиот договор. Тој сам ќе ја завршеше работата.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Teo on Вто Сеп 18, 2018 11:48 am

Na pochetokot od minatiot vek ne postoela drzhava Makedonija tuku osmanliska provincija koja vo balkanskite vojni bila podelena megju Srbija, Grcija i Bugarija...Sporedbata ti e za nikade...

_________________
NE GO BOJKOTIRAM TRENDAFIL NITU REFERENDUMOT
avatar
Teo

Број на мислења : 3574
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Вто Сеп 18, 2018 4:22 pm

Токму и тоа го мислам. Не ќе имаше потреба од наметнат историски Букурешки договор, туку ќе имавме Охридски, Преспански, Дојрански со кои Заев во наше име ќе ја разделеше државата без странците да ги гризе совест. Ако воопшто ја имаат.
Кога сме кај наводно мешање на Руија во референдумот, колку што ми е познато единствена русинка замешана во кампањата е Викторија Лоба која пее во спотот на северномакедонците. Ако Меркел, Хан, Могерини и другите од меѓународната банда (заедница) не се Руси.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Teo on Вто Сеп 18, 2018 4:27 pm

Ajde pak...Sporedbata nema nikakva logika...Toa e samo naklapanje kako nekoja stara baba shto bi bilo koga bi bilo...Vrati se vo realnosta kade Zaev so sjaen dogovor gi zashtiti nacionalniot identitet i jazikot na makedoncite...

_________________
NE GO BOJKOTIRAM TRENDAFIL NITU REFERENDUMOT
avatar
Teo

Број на мислења : 3574
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Вто Сеп 18, 2018 5:05 pm

Не знам за твојот идентитет, мојот е загрозен и од Заев и од тебе. Ги кршиш моите човекови права. Не сакам бришење на ниту еден дел од мојата историја, а ако се земе и договорот со Бугарија ми се брише целиот живот кој наводно бил Бугарски. Да не зборувам за античкиот период. Не сакам ни забелешка кога се зборува за македонскиот јазик затоа што такво нешто нема кај ниту еден друг јазик, а грчките македонци на зборуваат македонски туку грчки јазик, па не е потребно објаснување. Не сакам ниту присилно воведување на грчки зборови во македонскиот јазик. Со присилувањето да ги избегнеме словенските топоними јазикот ни станува помалку словенски, а таква е додавката во објаснувањето за јазикот што Заев сака да ни го додаде. Ниту еден друг словенски народ за Солун не вика Тесалоники. Ако помине глупавиот договор ние ќе бидеме уникат.
Го почитувам и твоето и правото на Заев да си го смените идентитетот и да се одвоите во друга етничка заедница. Не ми пречи ниту тоа што сакате да го задржите македонското име (ваше право е да си изберете име, дури и ако е исто со веќе постоечко). Не ми пречи ни тоа што сакате да воведете грчки зборови во вашиот јазик. Но ми пречи кога сакате да ме присилите и мене да го правам тоа со вас. Ако ви пројде референдумот се надевам дека ќе има фер попис на кој ќе се преброиме колку има да кажам старо Македонци, а колку во склад со Преспанскиот договор.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by luxor on Вто Сеп 18, 2018 5:14 pm

Да, да, ти си антички никако не смееме да го заборавиме тоа. Аце педерот ти е дедо а баба ти принцеза од племето на хунзите.

_________________
ГЛАСАМ ЗА И ГИ БОЈКОТИРАМ #БОЈКОТИРАМ
avatar
luxor

Број на мислења : 3625
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Вто Сеп 18, 2018 6:01 pm

Дали Уставниот суд утре ќе го одложи референдумот за да се прибере уште некој глас (не реков гласач). Како што на два пати беа одложувани изборите, додека не се собраа доволно гласови за СДСМ. Сега можеби треба да се ослободи уште некој експерт за полнење кутии.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Вто Сеп 18, 2018 6:05 pm

luxor напиша:Да, да, ти си антички никако не смееме да го заборавиме тоа. Аце педерот ти е дедо а баба ти принцеза од племето на хунзите.
Јас сум Македонец од раѓањето, од 1953 година. Не сум бил Бугарин, како што тврди Заев. Откако паметам за себе, па до 1989 година во Грција единствени Македонци беа Македонците и беа прогонувани поради тоа. Ги казнуваа ако за Солун кажат дека е Солун, нешто што ќе го има и кај нас ако помине предавството. По казните ако не знаеш Албански што фала му на Бога не ги потпиша Иванов, сега сакате да воведете казни и ако не знаеме грчки. А дури и ако си ти во право, сериозно ли мислиш дека никој освен Индијанците не смее да се нарече Американец или никој освен Абориџините Австралијанец.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by luxor on Вто Сеп 18, 2018 6:24 pm

Па зошто тогаш се обидуваш да ја монополизираш придавката македонски и мекедонец? Според твоето тврдење Бугарин кој живее во Пиринска Македонија исто така може да се нарече Македонец ама тоа не значи дека националноста му е македонска. Истото важи и за грците, и кога на своите производи ќе напишат дека се произведени во Македонија имаат потполно право.

_________________
ГЛАСАМ ЗА И ГИ БОЈКОТИРАМ #БОЈКОТИРАМ
avatar
luxor

Број на мислења : 3625
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил Yesterday at 8:41 am

Го признавам вашето право да се нарекувате Македонци и да го нарекувате новиот јазик што ќе го створите македонски, но не признавам дека сте исти Македонци и како мене и дека ќе го говориме истиот јазик. Што би рекле вие се одвојувате од досегашните историски и сегашни Македонци во некакви идни. Јас на пример немам намера во мојот македонски јазик свети Димитрија Солунски да го нарекувам свети Димитрија Тесалонички или света Злата Мегленска света Злата Алмописка. Ова доколку Грците и меѓународната банда (заедница) ви дозволат да ја користите сегашната македонска граматика кога ќе зборувате за населени места во Грција.
Не сум сигурен дали вие го признавате моето право да си останам Македонец каков што сум или ќе се обидете со казни да ме трансформирате во ваш Македонец., како што Грците правеа со Македонците во Грција. Се надевам дека нема јазикот да ми го ожарите со коприва ако користам зборови според Блаже Конески, а не според Зоран Заев и Никола Димитров. Се шегувам, знам дека сте мераклии на евра и дека казните ќе бидат изразени во оваа валута. Сепак сме независна земја во која казните по законите не се изразени во денари.
Да заклучам, името на јазикот и народот се задржува, но се произведува нов јазик и нов народ со истото име.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот