РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Страна 8 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8

Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Сре Сеп 26, 2018 8:55 pm

Каква врска има зборот Флорина (наместо Воден) со антиката кога е наметнат пред еден век кога во Грција е донесен закон за преименување на сите населени места во Македонија кои имале македонски имиња. Не знам за кои криминалци зборуваш, дали само за тие што не се во СДСМ и ДУИ или за сите. Јас секогаш сум бил за тоа сите криминалци да одат во затвор. Не само тие што и пречат на меѓународната банда (заедница). Патем, мислиш ли дека ако пројде, не дај Боже референдумот. некој од силните странски политичари ќе ја посети Македонија. Ќе ми наведеш ли име на барем еден македонски историчар кој вели дека немаме врска со античката Македонија. Знаеш ли колку народи го сметаат Карло Велики за свој, па нема проблеми затоа што нема будали како Грците таму. Зошто од според тебе „шака антички“ страв дека референдумот нема да успее во случај на нивен бојкот. Да не се работи за големо шакиште.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3424
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by luxor on Сре Сеп 26, 2018 9:00 pm

Добро зи забележал, нема будали како грците таму. Проблемот е што вие се спуштате на грчко ниво. И каде виде страв дека референдумот нема да успее? Консултативен референдум не е задолжителен. Што значи дека процесите ќе течат и понатаму, доволно е мнозинството што ќе излезе да гласа за.
avatar
luxor

Број на мислења : 3794
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by TRAJCHE on Чет Сеп 27, 2018 2:03 pm

Првите пратеници на независна Македонија повикаа да се излезе на референдум и да се гласа ЗА

Пратениците на првиот парламентарен состав на независна Република Македонија денеска одржаа прес конференција во Собранието на која ги повикаа граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат ЗА. Тие порачаа дека Договорот со Грција не го загрозува идентитетот, туку дека зацврстува. Поранешните пратеници сметаат дека ЕУ и НАТО се единствен алтернатива за Македонија и дека земјата не смее да ја пропушти оваа шанса.

-Ние имавме историска можност во ваше име да ги удриме темелите на нашата независност. Ние мислиме дека имаме прво да ве повикаме заедно да направиме вистински чекор во вистинско време. Вие со право можете СДСМ и Зоран Заев да ги почитувате или не, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ги почитувате или не, ДУИ и Али Ахмети да ги почитувате или не, но Македонја мора да ја сакате. Вашите ставови кон политичките партии и лидери искажете ги на избори. Ова е референдум ние веруваме дека вистинската одлука на 30 септември е да се излезе на референдум и да се гласа ЗА – рече поранешниот пратеник Алил Џаферовски.

На новинарско прашање за Договорот тој одговори:

-Македонската нација оста македонска, македонскиот јазик останува македонски, Македонија останува Македонија без оглед на географската одредница, која не ја детерминира националноста. Наш став е дека со зокружување на ЗА, со позитивно изјаснување на референдумот ја заокружуваме државата и ги зацврстуваме темелите на иднината на оваа држава – рече тој.

https://fokus.mk/prvite-pratenitsi-na-nezavisna-makedonija-povikaa-da-se-izleze-na-referendum-i-da-se-glasa-za/
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 224
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Чет Сеп 27, 2018 6:48 pm

За разлика од вас и понекој пратеник од првиот состав на парламентот на Република Македонија не мислам дека ниту Грците ниту лидерите на земјите од ЕУ и НАТО вечно ќе останат идиоти во однос на Македонија, па прашање на време е кога непонижени ќе влеземе во ЕУ, за НАТО лично не сум многу заинтересиран. Се разбира ако не избираме лидери на кои им треба странски камшик за да го направат тоа што е добро за нашата држава.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3424
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Teo on Чет Сеп 27, 2018 6:53 pm

So umot na dpne-ofcite nikogash nema da vlezeme vo EU...I da, tie sekogash kje bidat na stranata na Grcija...Zatoa ili bidete mazhi i izlezete so konkretni planovi za idninata na Makedonija ili prestanete da kvichite...
avatar
Teo

Број на мислења : 3729
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by SHARENI on Пет Сеп 28, 2018 12:49 pm

Nad 700 nabluduvaci ke ima na referendumot.

Референдумот ќе го следат околу 700 набљудувачи

Околу 700 набљудувачи ќе го следат процесот на гласање на денот на референдумот, закажан за 30 септември годинава. Најголем дел набљудувачи ќе бидат од земјава, или 383 набљудувачи, од неколку невладини организации. Од странство, пак, референдумскиот ден ќе го следат 286 набљудувачи, од кои најголем дел се од Мисијата за набљудување избори – ОБСЕ/ОДИХР.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%83-700-%D0%BD%D0%B0%D0%B1%D1%99/
avatar
SHARENI

Број на мислења : 273
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by OPOZICIONER on Пет Сеп 28, 2018 1:07 pm

Ke slikale, ke se osvetuvale, ke prakale Kjosinja, ama nisto od toa ke sedat mirni skrieni vo gluvceska dupka.

Над 6.000 полицајци ангажирани за референдумот

Безбедносните служби засега немаат индиции дека неделниот ден ќе биде нагрден со инциденти. Се очекува мирно референдумско изјаснување, а за секој случај на терен ќе бидат присутни над 6.000 полициски сили.

Доколку ситуацијата тргне на лошо, на готовс ќе бидат и специјалните единици на Министерството за внатрешни работи. Надлежните уверуваат оти полицијата ќе биде на висина на задачата за да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните.

Според досегашните сознанија, безбедносната состојба на денот на одржувањето на референдумот ќе биде стабилна. Немаме информации што јавуваат за можна дестабилизација или нарушување на изборниот процес. Настрана политичките препукувања и обвинувања, очекуваме мирна недела“, велат извори од безбедносните служби за „Независен“.

Тие информираат дека на избирачките места во просек ќе има по двајца припадници на МВР, но во зависност од проценката и бројот на запишани избирачи, таа бројка може да расте или да се намали. Имајќи предвид дека евидентирани се околу 3.800 гласачки места, за референдумот се очекува да бидат ангажирани над шест илјади полицајци.

Во касарните ќе чекаат и припадниците на специјалните единици. Официјални податоци од МВР околу бројот на полицајци што ќе внимаваат на безбедноста не може да се добијат на ниту едни избори, затоа што станува збор за безбедносна проценка на службите, односно на координативниот штаб во рамките на Министерството чија задача е да го организира и спроведе јавниот ред и мир.

Полицијата е на висина на задачата, тајноста на гласот е гарантирана. Согласно законите, секаков вид притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран. Согласно законите, секој обид за попречување на остварување на правото на глас ќе биде санкциониран“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски додавајќи дека правото на глас е неприкосновено и никој не смее да го загрози.

По налог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, формирана е комисија која работи уште од почетокот на кампањата. Нивна задача е да ги следат евентуалните противправности во врска со кривичните дела против изборите и гласањето. Во комисијата партиципираат членови од сите четири виши јавни обвинителства и еден од ОЈО Скопје, со што се покрива цела територија.

Дадени се задолженија на денот на гласањето, покрај редовните да има и дополнителни дежурства со цел навремено дејствување ако евентуално има кривични дела. Воспоставена е комуникација со сите обвинителства и со припадниците на МВР кои ќе бидат на терен, рече Бајрами.

Електронската адреса на комисијата (referendum@jorm.gov.mk) e oтворена и се повикуваат граѓаните, партиите, невладините организации, домашните и меѓународните институции, како и сите што ценат дека има неправилности со организирањето и спроведувањето на гласањето, да ги пријават за да може обвинителството да реагира.

В недела од 19 часот односно само што ќе заврши гласањето, пред Собранието се најавува собир на граѓаните што ќе го бојкотираат гласањето, при што ќе се славело неисполнување на цензусот на референдумот. Во МВР до вчера попладне такво собирање на беше пријавено што е законска должност. Проценките се дека доколку денот помине во најдобар ред, како што и се очекува, бројката на протестирачи нема да биде голема ниту, пак, се очекуваат некакви инциденти.

https://netpress.com.mk/nad-6-000-policajci-angazirani-za-referendumot/
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 421
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Пет Сеп 28, 2018 8:20 pm

Баш ме интересира дали ќе има кривична пријава за користење на буџетски пари за кампањи за референдумот или обвинителството исполнува партиска задача и наредби од натпартиската меѓународна банда (заедница). Или за лагата дека скрининг процесот ЕУ го започна вчера , а не во 2005 година.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3424
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by luxor on Пет Сеп 28, 2018 8:23 pm

Денес нешто ти западнале за око тужби и кривични пријави. Ме радува што СДСМ успес да ја врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.
avatar
luxor

Број на мислења : 3794
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by трендафил on Саб Сеп 29, 2018 4:35 pm

Заврши гласањето во Австралија. Излезност 7,73%. Во затворите очекувам повеќе гласови ЗА, затоа што таму во мнозинство се ваши гласачи. Албанци.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3424
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by luxor on Саб Сеп 29, 2018 5:00 pm

Убаво што не извести само не кажа дека силеџиите од бокотирам ќе го кркаат според австралиските закони кои се далеку построги.
avatar
luxor

Број на мислења : 3794
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 8 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот