ПРЕПОРАКА ЗА МК
2 posters
Страна 1 of 1
ПРЕПОРАКА ЗА МК
ПРЕСУДИ ЗА КОРУПЦИЈА, СУДСКИ РЕФОРМИ…, МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА УСЛОВИТЕ ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ
27 јуни , 2018 | Вести, Насловна
Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Конкретни резултати во борбата против корупција и организиран криминал и реформи на разузнавачките служби и на јавната администрација се едни од главните предуслови Македонија во јуни наредната година да ги почне пристапните преговори со Европската Унија.
Ова е заклучокот од состанокот на Европскиот совет во Луксембург, откако оттаму беше дадено зелено светло Македонија и Албанија да добијат условно отворање на преговори за влез во ЕУ.
Комесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, објави на Твитер дека Македонија во јуни 2019 година ќе ги почне пристапните преговори за членство во ЕУ.
Европскиот совет објави дека претходно, Македонија мора да покаже конкретни резултати во неколку области.
Од Македонија се бараат судски реформи, обвиненија и пресуди за случаи на корупција и организиран криминал, особено на највисоко ниво.
Неопходни се реформи во разузнавачките и во безбедносните служби, како и во јавната администрација.
Мора да се продолжи со расчистување на незаконските дела, откриени преку прислушуваните разговори и да се утврди одговорноста за нападот во Собранието на 27 април 2017.
Македонија мора да покаже конкретни резултати во борбата со корупцијата.
Европската комисија ќе го следи напредокот на реформите во Македонија.
Конечната одлука за почнување преговори ќе ја дадат парламентите на земјите-членки на Унијата, а кон крајот на 2019 година би се одржала и првата Меѓувладина конференција.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11
Re: ПРЕПОРАКА ЗА МК
Средба Туск - Заев во Брисел
28.06.2018 | 14:57МакедонијаПрочитано: 740
„Денеска е потврдена големата вест дека Македонија следната година ќе добие датум за преговори, лидерите рекоа дека земјава го заслужува тоа бидејќи успеала од заробен режим преку реформи и со пријателска волја да оди напред“. Ова предмалку го изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес - конференција со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во Брисел.
Според проценките преговорите би завршиле до 2025 година.
https://www.24.mk/sredba-tusk-zaev-vo-brisel

verojatno za da gi zavrshime reformite , sega ke ni pomozat strancite so pari
TRAJCHE- Број на мислења : 680
Join date : 2016-11-20
Re: ПРЕПОРАКА ЗА МК
Како Заев зададе удар во идентитетот на груевизмот
Не ми чепкајте во идентитетот, не ми чепкајте во груевизмот, тоа е мојот примарен, единствен, само мој идентитет. Тоа е се што имав, се што ми остана, што не смее да се жртвува.
Ќе ви речат оние кои ги уриваа и сотруваа вистинските споменици на идентитетот, градејќи нови, мислеа поубави, затоа и беа повисоки, пограмадни, застрашувачки.
Тоа беа споменици на културата на груевизмот- идентитетот беа криминалот, корупцијата, злоупотребите, финансиските и сите други малверзации, непотизмот, нерешените самоубиства, политичките затвореници… продолжете сами, допишете ја сета историја на пустошот кој го оставија зад себе.
Тоа беше нивниот идентитет- идилична храна на национализам која ја нудеа и продаваа како патриотизам, херојство, во комбинација со идолатрија на Груевски. Притоа финански поткрепени, живнати, спокојни, манипулираа и се изживуваа со неспокојот, со стравовите, со незнаењето и конфузијата околу идентитетот, големата македонштина.
Сега повторно се вадат на маса истите шаховски фигури- сеедно што над нив демнее опасност тие да бидат разиграни низ некои затворски ќелии.
Откако рефeрендумот е на таа иста маса, на цена станува повторно груевистичката пропаганда- манипулацијата, лагата, изигрувањето, подигрувањето со чувствата на оние кои не знаат, не разбираат, на оние кои стравуваат, на сите оние кои се на овој или оној начин повредени во ерата на груевизмот и не веруваат никому, легнуваат и се будат со сомнежи, со дилеми, со преиспитувања, оние кои прекопнале од сета таа неизвесност.
Лагите и манипулациите кои ги сервираат се истите оние чиј идентитет го осознавме- коруптивен, криминоген, неморален: дека со Договорот со Грција се одзема идентитетот, а наспроти тоа се фактите, погледајте ги фактите: јазикот останува македонски, националноста/државноста- македонска/ граѓани на Република Северна Македонија.
Со решавањето на споровите со соседите, со најавите на започнување на преговори со ЕУ, со поканата за НАТО, навистина има нешто и загрозено. Тоа е груевистичкиот идентитет секако, но на тоа ние се надевавме, ние силно се надевавме токму на тоа, најмногу на тоа.
https://novatv.mk/kako-zaev-zadade-udar-vo-identitetot-na-gruevizmot/

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|