ЛИДЕРСКА СРЕДБА НА ПОКАНА НА ЗАЕВ

Go down

ЛИДЕРСКА СРЕДБА НА ПОКАНА НА ЗАЕВ

Пишување by OPOZICIONER on Сре Jул 18, 2018 2:14 pm

ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ
Денеска лидерска средба, Заев ги покани Мицкоски, Ахмети, Поповска, Тачи, Села, Гаши, Касами, Ѕинго...
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за денеска во 18 часот во Клубот на пратениците закажа средба на лидерите на политичките партии со повеќе од еден пратеник во Собранието. На средбата се очекува да се надминат разликите со опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи наесен.

ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ
Денеска лидерска средба, Заев ги покани Мицкоски, Ахмети, Поповска, Тачи, Села, Гаши, Касами, Ѕинго...
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за денеска во 18 часот во Клубот на пратениците закажа средба на лидерите на политичките партии со повеќе од еден пратеник во Собранието. На средбата се очекува да се надминат разликите со опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи наесен.


„Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија“, соопшти вчера Владата.

Според најавеното, поканети на средба се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на двете крила на Беса Билал Касами и Африм Гаши, на ДОМ Лилјана Поповска, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на ЛДП Горан Милевски, на НСДП Тито Петковски и на СПМ Љубисав Иванов - Ѕинго.

Сѐ уште нема официјална потврда од ВМРО-ДПМНЕ дали Мицкоски ќе присуствува на средбата.

Ова е првпат лидерска средба да се одржува во ваков состав.

Во Собранието веќе подолг период е блокиран процесот за избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК), која треба да го организира референдумот за договорот за името со Грција.

Вчера, на предлог на Владата, Собранието се согласи со потребата за носење на Изборен законик, по скратена постапка и со европско знаменце. Со овие измени членовите на ДИК би се избирале со 61 пратеник, а не како досега со двотретинско мнозинство.

Премиерот Зоран Заев од вчерашната прес-конфереција со еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје најави дека лидерската средба ќе биде за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот што ќе следи во Република Македонија.

„Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес, како што укажа еврокомесарот, пред се за доброто на граѓаните на Република Македонија, но и на нашите партнери во ЕУ, и затоа најверојатно утревечер ќе свикаме лидерска средба за да ги забрзаме процесите околу подготовката на РМ за престојниот референдум“, рече премиерот.

avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 386
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛИДЕРСКА СРЕДБА НА ПОКАНА НА ЗАЕВ

Пишување by Bosonoga on Сре Jул 18, 2018 2:22 pm

sredbata e liderska ama aj da vidime kolku lideri ima

_________________
GI BOJKOTIRAM CREPOVITE STO GO BOJKOTIRAAT REFERENDUMOT
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 421
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛИДЕРСКА СРЕДБА НА ПОКАНА НА ЗАЕВ

Пишување by Kalinda on Сре Jул 18, 2018 2:24 pm

Само еден лидер
и така ке остане .
Сите останати само
глумат лидери .
avatar
Kalinda

Број на мислења : 460
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЛИДЕРСКА СРЕДБА НА ПОКАНА НА ЗАЕВ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот