РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Go down

РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by osa on Пон Jул 30, 2018 8:59 pm

Собранието го распиша референдумот, опозицијата обвини за манипулација и ја напушти седницата
30.07.2018 | 20:17МакедонијаПрочитано: 1160
Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Реупблика Македонија и Република Грција? На ова прашање и официјално граѓаните ќе одговараат на 30 септември.



Владата ќе ги консултира граѓаните на консултативен референдум, а референдумот ќе чини 3.5 милиони евра. 68 пратеници гласа за, опозицијата ја напушти салата за гласањето, а не ги образложи ниту сопствените амандмани. За власта одлуката е историска, за опозицијата е силување на демократијата и манипулација на граѓаните

Од СДСМ образложувајќи ја одлуката на граѓаните им порачаа дека на 30 сепрември ќе бират помеѓу успешна и европска држава, наспроти држава во излолација.

Боите на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше Никола Мицевски, мал број од неговите колеги седнаа во пратеничките клупи, а никој освен тој не кажа ниту збор, иако претходно од раководството најавија борба со арументи од собраниската говорница. Мицевски порача дека власта го крши законот поради повеќезначното прашање што го предлага. Вели со карактерот на референдумот, владата се обидува да ја изигра волјата на граѓаните.

Од албанскиот блок едиснствено Зијадин Села и неговата Алијанса за Албанците не се потпиша на олдуката. Села порача дека референдум, не треба бидејќи Собранието го ратификувало договорот. Порача дека ќе бара измена формулацијата околу албанскиот јазик во Уставот, а на Заев му порача дека е ист ко неговот претходник и дека не н ја цени неговата жртва за падот, на како што рече режимот.

За референдумот гласаа и од ДУИ иако нивниот став е против изјаснување на граѓаните. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се појави во Собранието, од неговата партија порачаа дека идеалот се исполнува.

Одлуката треба да излезе во Службен весник, а за да биде усепшен референдумот треба да излезат 910 000 гласачи од запишаниѕе воизбирачкиот список, и мнозинство да бидат за.

Власта веќе најави дека како што рекоа доколку нема одлука на референдумот, пратениците ќе носат одлуки во Собранието.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13591
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by osa on Пон Jул 30, 2018 9:03 pm

dosta beshe molenje na onie na koi se zivo im smeta i se sakaat da kochat ....ubavo vika premierot eve moznost neka izlezat i neka kazat dali se ZA ili se PROTIV

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13591
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by osa on Вто Jул 31, 2018 2:01 pm

pres na vladata na chelo so premierot ...

Заев за референдумот: Нема опција дали да се излезе или не!
Македонскиот премиер денеска на прес-конференција ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на претстојниот референдум за договорот за името со Грција. Бојкотот, според него, не е опција.


NATO Gipfel in Brüssel Mazedonien Einladung zu Beitrittsgesprächen (Reuters/D. Zammit Lupi)
Премиерот Зоран Заев апелира до своите сограѓани да излезат и да гласаат на референдумот на 30 септември. Според него, тоа е денот „кој ќе ја означи превсртницата во нашата историја“.

„На нас граѓаните, секому поединечно му е дадена шанса да донесе голема одлука. Сега е време за одлука. Сетете се на референдумот од 1991 година - голема одлука на голем државотворен народ кој се определи за своја иднина во независна држава. Народ кој учи од историјата, дека нема да ги повторува нејзините трауми“, порача Заев, кој на прес-конференцијата беше придружуван од целиот владин кабинет.

Заев сепак остави дилеми околу прашањето: што доколку не се исполни цензусот од 50 проценти излезност на граѓаните на референдумот.

Тој рече дека „се обврзува да го почитува исходот од референдумот без оглед на резултатот од него“, но подоцна, одговорајќи на новинарски прашања дополни дека „ќе се почитува волјата на мнозинството“.

„Цензусот треба да се постигне за пример. Сите знаеме дека огромно мнозинство ќе бидат 'за', и тоа е таа волја која ќе ја почитуваме. Но убеден сум дека ќе биде исполнет цензусот и дека мнозинството ќе гласаат 'за'“, рече Заев. Дополнително, македонскиот премиер објасни дека по консултација со правни експерти дошол до заклучок оти по референдумот „одлуката се пренесува на институциите“.

Заев жестоко ја нападна опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ја за „срамно напуштање на парламентот и бегство од одговорност“.

„Раководството на опозицијата сака да ја попречи и оневозможи нашата историја. Имаа 10 години, а поважно им беше да нѐ држат скарани со соседите додека градеа стиропор споменици. Тајно преговараа додека Македонија ја држеа заробена во неуспех. Нема да донесат подобар договор оние кои на Македонија ѝ донесоа од лошо-полошо“, рече Заев.

Потсетувајќи дека токму ВМРО-ДПМНЕ инсистирала на референдум за промена на името, Заев рече дека верува оти „нема да повикаат на бојкот“.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13591
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by Kalinda on Вто Jул 31, 2018 3:34 pm

И што сега ?
Знаете сите дека
е противуставно
и противзаконски!?
И зошто се радувате?
avatar
Kalinda

Број на мислења : 462
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by delta on Вто Jул 31, 2018 4:04 pm

doj da butneme po edna rakiaja,../,./sve ke ti stane zakonski i legalno/././../i spored an goca ustavot,/././
avatar
delta

Број на мислења : 433
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by SHARENI on Вто Jул 31, 2018 5:52 pm

Ne smee, moze pijana ke ja prelazes i ke se zbuni ke glasa ZA na referendumot. Very Happy
avatar
SHARENI

Број на мислења : 274
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by osa on Сре Aвг 01, 2018 10:15 am

eve ushte edna prichina zoshto treba da pomine referendumot ....

Денко Малески: Ако не помине Договорот во следниот ќе нема Macedonians

Во судирот помеѓу македонскиот и грчкиот национализам околу античкото минато, едната страна мораше да капитулира. За оние кои малку се разбираат од меѓународната политика секогаш било јасно која ќе биде таа – послабата, вели во интервју за Прес24, универзитетскиот професор Денко Малески. Екс министерот за надворешни, вели дека тоа мораало да го знаат творците на македонската антиквизација кои ги поставија темелите на нашиот идентитет на почва која Грците ја сметаат за дел од својата култура и историја.

-Така, без оглед на нивните намери, тие ја доведоа својата држава и својата нација во голема невоља. Решение, значи, беше можно само ако македонската страна се откаже од античките Македонци и се определи за словенскиот јазик како белег на нашиот идентитет. Значи, било каква варијанта ќе предизвикаше внатрешна поделеност, зашто единственото можно решение беше откажување од антиката, вели професорот по меѓународна дипломатија, образложувајќи ја причината за поделеноста во општеството.

Професорот Малески вели дека ако овој Договор не помине на референдум, следниот ќе биде многу полош за Македонија.

-Ако не помине овој договор, наредниот ќе биде уште потежок за нас. Нема да има Macedonians и Macedonian language, преведено на сите јазици, туку Makedontsi и Makedonski, со латинична транскрипција. Можете да ме држите за зборот, вели Малески за Прес24.

-Договорот е производ на една уникатна ситуација на поклопување на интересите на западните сојузи визави руското влијание , со нашиот интерес да станеме нивни членки, но и на политичката криза во Македонија и економската криза во Грција која ги прави двете влади податливи на надворешен притисок. Растеретеноста на Заев и Ципрас од националистичките митови и храброста да се спротивстават на сопствените национализми, исто така е важен дел од успешната формула, вели Денко Малески, универзитетски професор во интервју за Прес24.

ПРЕС24: Договорот од Преспа, како што веќе доби име, предизвика сериозна поделеност во општеството. За почеток сакам да Ве прашам, дали ваква поделеност и на политички и граѓански аспект, ќе предизвикаше какво било решение на спорот меѓу Македонија и Грција, или пак оваа поделеност е резултат на ова решение?

МАЛЕСКИ: Се разбира, најдобро ќе беше ако партиите и претседателот да постигнеа внатрешен консенсус, но, тоа се покажа како невозможно. Во судирот помеѓу македонскиот и грчкиот национализам околу античкото минато, едната страна мораше да капитулира. За оние кои малку се разбираат од меѓународната политика секогаш било јасно која ќе биде таа - послабата. Тоа мораа да го знаат творците на македонската антиквизација кои ги поставија темелите на нашиот идентитет на почва која Грците ја сметаат за дел од својата култура и историја. Така, без оглед на нивните намери, тие ја доведоа својата држава и својата нација во голема невоља. Решение, значи, беше можно само ако македонската страна се откаже од античките Македонци и се определи за словенскиот јазик како белег на нашиот идентитет. Значи, било каква варијанта ќе предизвикаше внатрешна поделеност, зашто единственото можно решение беше откажување од антиката.

ПРЕС24: Ерга Омнес употребата и уставните измени се главните причини за отпорот, и тоа е нешто што веројатно никој, или многу малку луѓе воопшто и размислувале дека Македонија ќе мора да го прифати. Реално, можен ли беше договор без овие две компоненти?

МАЛЕСКИ: Веќе не. Ние, имено, самиот поим „Македонија“ го исполнивме со таква (Античка) содржина, што цената на договорот беше ерга омнес и уставни промени. Доколку доброволно го направевме она што сега го правиме под принуда, да се дистанцираме од нивното културно и историско наследство, Грците нема да имаа случај ниту за промена на името на државата. Во таа смисла, политиката која македонската држава ја водеше изминативе десетина години, целосно им одеше во прилог на Грците да го извлечат максимумот во договорот, поддржани од светското јавно мислење кое на нас гледаше како крадци на туѓа историја.

ПРЕС24: Многумина сметаат дека Македонија избрза и дека веројатно договор под притисок за членство во НАТО и преговори со ЕУ, беше најлошата политичка и дипломатска стратегија во преговорите. Држи ли таа теза, и дали пролонгирање на решението можеше да донесе и подобро решение?

МАЛЕСКИ: Македонија задоцни. Ако не помине овој договор, наредниот ќе биде уште потежок за нас. Нема да има Macedonians и Macedonian language, преведено на сите јазици, туку Makedontsi и Makedonski, со латинична транскрипција. Можете да ме држите за зборот.

Договорот е производ на една уникатна ситуација на поклопување на интересите на западните сојузи визави руското влијание , со нашиот интерес да станеме нивни членки, но и на политичката криза во Македонија и економската криза во Грција која ги прави двете влади податливи на надворешен притисок. Растеретеноста на Заев и Ципрас од националистичките митови и храброста да се спротивстават на сопствените национализми, исто така е важен дел од успешната формула.

ПРЕС24: Одлуката на ЕУ за пристапните преговори дојде како бумеранг. Очекувањата се дека со НАТО ќе биде нешто малку поинаку, но како што стојат работите и таа покана би била условена, веројатно со реализација на договорот и успешен референдум. Колку со ваков однос на Брисел може да се очекува успешен референдум, бидејќи лесно се препознава фрустрираност кај населението од односот пред се на ЕУ?

МАЛЕСКИ: Населението на Македонија може да биде фрустрирано со колебливоста на своите политичари да го направи овој чекор многу порано , но и со децениската злоупотреба на неговите патриотски чувства за победа на избори. Сега изборот е дали сакаме да одиме напред, па макар во непознато, но со шанси за поголема безбедност и благосостојба или назад кон кризи и заробена држава. Оти, да бидеме на чисто: вон од ЕУ и НАТО, вон од овие интеграции, изолирана Република Македонија не може да произведе многу повеќе безбедност и благосостојба за своите граѓани. Тој факт, пак, ја доведува под знак прашање и смислата на постоењето на државата, зашто државите постојат заради безбедноста и благосостојбата на нивните граѓани. Инаку, се во меѓународните односи е условено, па подобро е да ве условуваат западните демократии да заличите на нив и вредностите кои ги споделуваат, отколку на некој друг.

ПРЕС24: Референдумот веројатно ќе биде септември според најавите на Премиерот... Но, Вие како искусен дипломат, штом мислите кое референдумско прашање би било најсоодветно, и дали тоа би требало да биде исклучиво само околу поддршката или не на договорот или да биде прашање кое ќе биде и во контекст на евро-атланските интеграции?

МАЛЕСКИ: На референдум, обично се одговара со „да“ или со „не“. Објаснувањето кое што треба да претходи е на линија која ја кажав порано: сакате ли напред или назад и што не чека напред, а што назад.

ПРЕС24: Опозицијата смета дека овој референдум мора да биде задолжителен, што веројатно треба да значи обврзувачки. Во такво случај е потребно мнозинство гласови. Некои сметаат дека консултативен референдум е најдобрата опција... За да има полн легитимитет целиот процес кој тип на референдум Македонија треба да спроведе, затоа што веројатно не е доволно само да биде постигнат цензус од 50% плус 1, туку и јасна изразена воља на граѓаните дека се за овој договор?

МАЛЕСКИ: Своевремено зборував дека политичарите не смеат да се кријат зад народот, туку самите да ја донесат одлуката. Проектот ЕУ, на пример, е производ на политичките елити, и прашање е дали би се остварил ако, по Втората светска војна, се прашале закрвените народи на Западна Европа. Но, партиите на Македонија се изјаснија за референдум и дадениот збор мора да се почитува. Модалитетите треба да се изработат за да се разбере вистинската воља на народот, бидејќи тој, а не политичарите, ја превзема крајната одговорност.

ПРЕС24: Ве прашувам поради можноста референдумот да биде успешен со цензус и на него да гласаат околу 1 милион граѓани, но резултатите да бидат педесет до сто илјади гласови разлика. Што во таква ситуација?

МАЛЕСКИ: Ништо. И еден глас повеќе од половина одлучува. Кога жителите на Квебек гласаа за независност од Канада, резултатот беше некаде 51 спрема 49, за останување, и сите ја прифатија одлуката како задолжителна, без оглед како лично гласале. Бројни се примерите кога граѓани на демократски држави достоинствено се поклонуваат пред вољата на мнозинството, без оглед на тесниот резултат. Кон такво поведение треба да стремиме и ние.

ПРЕС24: Во целата ситуација постојат и уште две опасности за неуспешност на договорот, едната е претседателот Ѓорге Иванов повторно да не стави потпис на указот за ратификација на договорот. Владата вели и без негов потпис е можна ратификација, но не кажува како?

МАЛЕСКИ: Разбирливо е што претседателот е против Договорот со Грција. Тој, со поништувањето на политиката на антиквизација, практично ги поништува неговите два претседателски мандати. Од тој чин, до прашањето што мислел кога ја повел државата во таа, погрешна, насока, не дели само еден чекор. Но, она што тој не смее да го прави, е да ја попречува самата логика на демократскиот политички систем: променливи партиски водства, со мнозинство во парламентот, кои внесуваат промени во државната политика. Македонија, имено, има нова државна политика. Со одбивањето да го потпише декретот за стапување на сили на Договорот, тој има право само да го опомене парламентот да размисли уште еднаш. Но, ако претставниците на народот повторно го изгласаат, тој е должен да потпише. Нема право да го попречува функционирањето на демократскиот систем, туку мора да се поклони пред него. Може јавно да образложи зошто мисли дека владата греши, но мора да потпише. Инаку, веќе реков, го блокира системот, а блокиран систем може да му експлодира во лице и да предизвика криза во државата. На крајот, секогаш може да поднесе оставка во знак на протест. Смее да прави се, само не да го блокира текот на демократско одлучување. Тоа го налага неговата уставна функција.

ПРЕС24: Другата опасност е Грција и можноста Ципрас да го изгуби мнозинството во Парламентот, но што е уште посериозно веќе следната година да падне од власт. Дали тоа може да значи и повторна блокада на македонските евро-атлански интеграции?

МАЛЕСКИ: Во желба за решение и под притисок на своите западни сојузници, Ципрас се изјасни против референдум и за одлука со мнозинство гласови во парламентот. Се чини дека мнозинството е обезбедено. Тоа е чин на голема лична храброст, ако се знае расположението на Грците кон „името“.Но, тоа е чин и на умен човек кој разбира дека ако не и пружи рака на младата балканска нација и држава, ако не и ги отвори вратите кон НАТО и ЕУ, ривалитетот на соседните држави но и на некои подалечни сили, како Турција или Русија, околу Македонија, како и внатрешно етничко и политичко раслојување, може да предизвика големи невољи за грчката држава. Се разбира дека владите ќе се менуваат во Грција и во Македонија. Токму затоа, сега е важно што побргу да седнеме на своето столче во НАТО алијансата и да почнеме преговори или подготовки за преговори со ЕУ. Тоа ќе му даде дополнителен легитимитет и на договорот од Преспа, кој, во Брисел и во Вашингтон е наречен историски. А, кога западните сојузници ќе наречат еден меѓународен договор историски, тоа значи дека и самите имале свој значаен удел во неговото потпишување

https://press24.mk/denko-maleski-ako-ne-pomine-dogovorot-vo-sledniot-kje-nema-macedonians

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13591
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by osa on Чет Aвг 02, 2018 1:02 am

Заев: При неуспешен референдум одлуката ќе ја донесат институциите 1 АВГУСТ 2018 / 21:44
Премиерот повторува дека одговорноста ќе ја преземат институциите ако на референдумот не се донесе одлука за договорот со Грција. Потенцира дека 30-ти септември може да биде крај на неговиот мандат – вели дека институционалното решение не подразбира, по секој услов, прифаќање на договорот.

Новоизбраната Државната изборна комисија почна со подготовките за референдумот. И дијаспората ќе има право да гласа во дипломатските претставништва во странство. Против беше потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, која побара дијаспората да се врати и да гласа дома. Поради неусогласеност меѓу Законот за референдум и Изборниот законик, ДИК донесе правилник за работа. До 7-ми август се очекува да се обезбедат податоците од Министерството за информатичко општество и администрација. Од 12 август ДИК започнува со формирање на локалните изборни комисии, а од 9 до 23 август, избирачкиот список че биде на јавен увид. На 7 септември ќе се објави ажурираниот список.

Рокови за спроведување на референдумот:

7 август се обезбедуваат податоци од Министерството за информатичко општество и администрација

12 август ДИК основа локални изборни комисии

9-23 август, изборниот законик е ставен на јавен увид

7 септември се објавува ажурираниот избирачки список

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13591
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by osa on Чет Aвг 02, 2018 1:55 am

Референдумот е распишан. Одиме на гласање. Ништо не може да се реши со лесно во Македонија, па ни повеќедецениската заедничка консензуална определба на сите парламентарни политички партии и на мнозинството граѓани за припаѓање на Европа и за членство во НАТО и во ЕУ. Само пред десетина дена Собранието донесе едногласна декларација на сите пратеници и од власта и од опозицијата дека цврсто стојат на определбите за членство во НАТО и во ЕУ. Но, очигледно, тоа не е доволно да се прифатат отстапките направени во договорот со Грција. Сега тежината на одговорноста само навидум е пренесена од политичарите и од Собранието и е префрлена на 1.800.000 граѓани, колку што се запишани во Избирачкиот список, кои треба да одлучат дали ќе дадат поддршка на договорот што е услов да се спроведе во дело и Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО. Или, пак, ќе се стопираат тие заеднички определби на мнозинството граѓани со бојкот на референдумот што е сосема различно од тоа ако мнозинството граѓани гласа дека договорот е неприфатлив, односно дека е неприфатливо да се стане членка на ЕУ и на НАТО со отстапките кои се неправни.

Со други зборови, сè е јасно ако мнозинството граѓани гласа „за“ или гласа „против“ и ако е исполнет цензусот во референдумското изјаснување. Тогаш одлуката во двата случаи е чиста и силно обврзувачка да се спроведе волјата на граѓаните. Ако претпоставиме дека над 800.000, или дури 900.000 граѓани гласаат „за“, а сепак, за малку цензусот не е исполнет поради бојкот, или неизлезеност, дали неуспешноста на референдумот ги стопира сите идни чекори на институциите на државата и договорот со Грција станува ништавен поради немање цензус. За да не се случи тоа, Собранието треба веднаш со одлука на мнозинството пратеници и со издржано правно образложение да го овласти претседателот на Собранието да ја потпише одлуката за ратификација на договорот бидејќи претседателот на државата одбива да ги изврши своите обврски. Ете, затоа, референдумот е консултативен. Во оваа фаза кога работите не се завршени и не може да биде поинаков освен консултативен.

Сосема друга работа што целиот амбиент за референдумско изјаснување е неповолен, полн со манипулации и валкани пропаганди со јазик на омраза, со лаги за содржината на договорот, кој со ништо не ги нарушува основните идентитетски придобивки на македонскиот народ. Ниту е изгубено името Македонија, ниту националната, ниту верската, ниту јазичната припадност. Сите се признаени со договорот. Останува името Македонија како суштина, останува македонскиот јазик како најсилно идентитеско обележје, останува националната припадност Македонец и македонското државјанство. Отстапките со додавка северна и други компромиси се многу помало зло од губењето на шансата да се биде дел од Европа и да се стане членка на НАТО и на ЕУ.

Референдумот дефинитивно не е избори и партиски натпревар кој ќе ја освои власта кои досега ги имаше на десетици пати и ќе ги има и натаму, туку историско изјаснување на граѓаните за иднината на Македонија. Шанса што е добиена првпат откако постои државата, со голема неизвеснот дали уште еднаш ќе се повтори, затоа најголема е одговорноста на Владата и на Собранието да се искористат сите уставни и законски можности да се остварат највисоките стратегиски цели и приоритети на државата. Тоа се членството во ЕУ и во НАТО.



Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја тука

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13591
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by osa on Вто Aвг 07, 2018 11:37 pm

site pishuvaat ,pa i Jove Kekenovski napishal :


Разлика помеѓy „не“, односно „против” и „бојкотирам”
Господа сеачи на магла (како од власта така и оние кои глумат прагматична и фиктивна опозиција) и правото на бојкот е демократско право.


Додека не почнала кампањата на власта (бидејќи повеќе од сигурен сум дека на останатите ќе им биде забрането да агитираат спротивно на владеачката воља) еве едно кратко видување и објаснување за разликата помеѓy „не“ односно „против“ и „бојкотирам“ на закажаниот референдум за 30 септември.

Со излегувањето на закажаниот референдум без разлика како е гласано (за или против) се дава легитимитет на склучениот неуставен, незаконски односно од правен аспект апсолутно ништавен Преспански договор како и на референдумскиот процес, а со тоа се зајакнува позицијата на политичката гаранитура на власт.
Со излегување и гласање на референдумот паѓаат во вода тврдењата дека референдумското прашање е двозначно или повеќезначно како и тврдењата дека референдумот не è во согласност со Уставот и Законот за референдум и други облици на изјаснување.
Со излегувањето на референдум без разлика што еден дел од граѓаните ќе гласааат „не“ односно „против“ им се овозможува на организаторите и иницијаторите (во овој случај партиите на власт) уште во старт да се прогласат за победници. Зошто? Затоа што во една ваква моментална констелација на односи, бројот на оние кои ќе излезат на гласање на референдумот и имаат став „не“ односно „против” ќе биде многу помал од оние кои ќе го бојкотираат и од оние кои ќе гласаат „за”. Со тоа, без разлика што гласот е „не“ односно „против“ овие гласачи стануваат дел од изнасилената и неправна политичка игра и оставаат можност крајниот резултат да биде предмет на потсмев и триумфализам.
Во претпоставена ситуација кога поголемиот дел од граѓаните ќе го бојкотираат референдумот можно е соодносот на оние кои гласале „не“ односно „против“ да биде во размер 1:3 или 1:3,5 во корист на оние кои се „за“ и тоа му дава дополнителен мотив на организаторот и иницијаторот за омаловажување и санкционирање по разни основи на политичките неистомисленици и понатамошна вербална и политичка манипулација со резултатот од референдумот и чувство на семоќност кај победниците.
Со излегување и гласање на референдумот дури и оние кои се изјасниле „не“ односно „против“, истите свесно стануваат соучесници во започнатиот процес на самообезличување и самонегирање.
Со гласањето „не“ односно „против” без разлика на бројот на гласови, нема да се поништи ниту промени вољата и намерата на власта, по секоја цена во пракса да ги спроведе еднострано преземените обврски од Договорот од Преспа.
Дури и оние кои ќе гласаат „за“ мораат да имаат предвид дека интегративниот процес за Македонија не започнува веднаш на денот на референдумот, туку неколку години подоцна. Исто така поддржувачите мора да ги имаат предвид и претстојните структурни и суштински реформи кои ќе се случуваат во ЕУ, како и можноста по британскиот Брегзит да се случи некој нов европски егзит (евентуален Фрегзит) како и промена на консензуалниот начин на одлучување.
Што со бојкот на референдумот?
Со бојкот се делегитимира договорот од Преспа и целиот референдумски процес, а со тоа од една страна на сите им се става јасно до знаење дека договорот и процесот се антиуставни, противзаконски, понижувачки и изнасилени, а од друга страна граѓаните ја избегнуваат можноста да бидат предмет на сегашна и идна манипулација и злоупотреба за дневно политички цели и интереси.

Со бојкотот им се кажуваа „не“ на двојните и наводни прагматични политики на сите политичарите кои водат дневна и лукративна политика, пред сѐ на оние кои во моментов глумат загрижена опозиција и немаат став.
Со бојкот на референдумот јасно се дава до знаење дека граѓанинот не сака да гласа за договор кој не е влезен во сила и кој набрзина е ратификуван во постапка спротивно на деловничките и процедуралните одредби.
Со бојкот на референдумот се создава можност за поништување на преспанскиот антиуставен и притивзаконски договор и во иднина да се дојде до подостоинствен нов уставен и консензуален договор.
Со бојкот им се дава јасно до знаење на сите членки на ЕУ и НАТО дека ги сакате и почитувате европските принципи и вредности, а пред сѐ владеењето на правото и неговите постулати. Не е дозволиво и етички од „устите” на членките ЕУ и НАТО алијансата да произлегуваат громогласни барања за почитување на европските принципи и вредности (главен од нив е владеење на правото), а истиот тој принцип во земја кандидат за ЕУ и НАТО драстично да биде погазуван и непочитуван. Дали граѓаните на државите членки на ЕУ и НАТО би гласале за договор кој е противуставен и незаконски и на сопствена штета и на референдум кој е повеќезначен само да ги удоволат нецивилизациските и каприциозни барања на својот сосед?
Со бојкот на референдумот јасно се става до знаење дека не се сака влез во ЕУ и НАТО со подвиткана и скршена кичма и обесчестени, туку достоинствено и рамноправнно членство односно влез на голема врата онака како што доликува на еден цивилизиран и рамноправен народ и држава.
Со бојкот на референдумот се кажува „стоп“ на неконсензуалните и лични договори и спогодби по терк на мала група политичари.
Со бојкот на референдумот се кажув големо НЕ или ДОСТА Е на правното и политичко насилие кое секојдневно се врши врз граѓаните на Република Македонија од страна на актуелната власт, по секоја цена граѓаните да излезат на референдум, а само заради спас на сопствената кожа и кариера.
Со бојкот им се праќа јасен сигнал и се дава до знаење на целата меѓународна заедница дека овој народ има свој став и достоинство, свои корења, своја историја и не подлегнува на задкулисни и нечесни игри на сопствена штета.
Со бојкотот се овозможува јасно пребројување на оние кои ја поддржуваат ваквата сервилна политика и оние кои се против договорот и референдумот, а со тоа се ослабува позицијата на актуелната политичка гарнитура и се создава можност за нејзина демисија, односно заминување. Исто така со бојкотот се запечатува политичката судбина на лидерите калкуланти и нивните сервилни следбеници.
Единствена опасност од бојкот на референдумот е можноста Вашиот глас да биде злоупотребен од партиските измеќари и слепи послушници. Но, и за тоа има лек. Поголем број на набљудувачи и водење перфектна евиденција на оние кои гласале.


П.С. Господа сеачи на магла (како од власта така и оние кои глумат прагматична и фиктивна опозиција) и правото на бојкот е демократско право. Никаде, ниту во Уставот ниту вo било кој закон пишува дека правото на бојкот е забрането. Тоа е граѓанско право за кое никој нема овластување да го спречи, одземе или скрати, а уште помалку да се обиде да го злоупотреби отсуството од гласачкиот процес и гласачкото место.



проф. д-р Јове Кекеновски


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13591
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by osa on Вто Aвг 07, 2018 11:46 pm

aj shto napishal negovo pravo da si go kazesh mislenjeto svoe ,no javno ke prasham
KOGA KE MU TEKNE NA NEKOJ OD STRUCHNITE LICA VO DRZAVATA DA GI PROVERI SITE "TITULI" na kopuci so odvaj zavrsheno osnovno uchilishte i so KUPENI diplomi da se predstavuvaat so zvanjeto :magister ,profesor doktor i ostanato .....redno e veke da se RAZOBLICHAT kvazi struchnjacite od site oblasti ...veke pishuvav i za drugi lichnosti koi si zemaa "sloboda" da se narekuvaat POLITICHKI ANALITICHAR a zavrshile odvaj osmoletka ...
spored mene i ova doprinesuva za nazaduvanje na drzavata ,kolku za primer ke vi spomnam shto ovoj kopuk bivshi armonikash moze da gi nauchi generaciite na koi im predava kako profesor ? shto moze da nauchat od vakov profesor ? i posle sme nemale saglam kadri ,normalno .

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13591
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот