БАДЕМИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

БАДЕМИ

Пишување by osa on Пет Фед 06, 2015 7:52 am

Zoshto treba da gi sakame bademite..

10 причини поради кои уште повеќе ќе ги сакате бадемите

Бадемите се крцкави, вкусни и преполни со важни нутритиенти. Во нив има протеински влакна со уште 9 важни состојки како што се витаминот Е и калциумот.



Ова се 10 работи кои можеби не сте ги знаеле за тоа долгнавесто овошје, a кои ќе ве поттикнат да го вброите во својот меѓуоброк или како замена за слатки.

1. Бадемите потекнуваат од средниот исток и се споменуваат уште од 3000 години пред нашата ера, што значи дека се меѓу најстарите грицки на светот.

2. Нутриционистите толку ги ценат бадемите што Gary Barlow инсистирал во неговиот Х – Фактор натпреварувачите да консумираат бадеми како дел од строгата диета.

3. 80% од бадемите на светот се одгледани во Калифорнија, така што кога јадете еден, веројатно прво се печел на калифорниското сонце.

4. Во стариот Египет, бадемите биле деликатес, па биле пронајдени и во саркофагот на египетскиот крал Тутанкамон.

5. Производителите на чоколадо користат 40 проценти од светското производство на бадеми, а потребни се околу 1000 килограми бадеми за да се добие еден литар бадемово масло.

6. Старите Римјани им ги подарувале на младенците како афродизијак, а во 1350-тите години Италијаните почнале да подаруваат по пет зашаќерени парчиња со истата намена. Секој симболизирал еден аспект од среќниот брак: здравје, богатство, среќа, плодност и долг живот.

7. Како природен извор на протеини и влакна, бадемите ќе ви помогнат да останете силни без разлика во која ситуација се наоѓате.

8. Историчарите се сложуваат дека бадемите и урмите, кои се спомнуваат и во Библијата, се меѓу првите одгледувани култури во историјата.

9. Во Индија се сметаат за храна за мозокот, ги користат како состојка на традиционалните слатки со име Mithai, а преставуваат и еден од најпопуларните подароци за време на Празникот Дивали.

10. И за крај да повториме, бадемите се природен извор на протеини и 9 важни нутритиенти вклучувајќи растителни влакна, витамин Е и калциум.

http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/14221-10-pricini-poradi-koi-uste-povekje-ke-gi-sakate-bademite

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: БАДЕМИ

Пишување by Гостин on Саб Фед 07, 2015 10:22 am

Она под број шест посебно ми се допаѓа...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БАДЕМИ

Пишување by Гостин on Саб Фед 07, 2015 1:48 pm

Сигурен сум дека на многумина им се допаѓа употребата на бадемите наведена под бројот шест.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БАДЕМИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот