ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Go down

ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by osa on Сре Aвг 08, 2018 1:29 am

Приведен Стевче Јакимовски
00:52 08.08.2018
Поранешниот градоначалник на општина Карпош е приведен по неколкучасовен претрес во неговиот дом – дознава 1ТВ. Јакимовски во моментов се наоѓа на распит во кривичниот суд кај судија на претходна постапка, а според нашите извори, за него се бара притвор.

Финансиската полиција вршеше претрес во домот на Јакимовски во населбата Жданец, но и во домот на неговиот син. Истражните органи се уште не соопштуваат ништо, а Јакимовски синоќа даде изјава за медиумите. Како што претходно пренесовме, Јакимовски на медиумите им кажа дека не е виновен за ништо и дека не правел финансиски малверзации, а дека овој претрес е политичка одмазда. Поранешниот градоначалник на медиумите им објасни дека финансиската полиција бара докази за финансиски малверзации поврзани со три тендери, од кои два за општинската барака и една за плоштадот во Жданец. Како што рече Јакимовски, ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и поради тоа морале да го раскинат истиот, но вработените во општината заборавиле да ја активираат банкарската гаранција. Според Јакимовски се рабооти за техничка грешка, а не и за криминал.

Кристина Атовска

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by PRVOBOREC on Сре Aвг 08, 2018 10:50 am

Конечно му дојде редот на предавникот од Подржикоњ, сто партии смени за на крај да заврши каде што му е местото, во Идризово.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 394
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by osa on Сре Aвг 08, 2018 1:14 pm

[youtube]trhBwU2iQ3w[/youtube mnogu interesno.....POGLEDNETE

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by трендафил on Сре Aвг 08, 2018 1:29 pm

Да беше уапсен во некое друго време ќе бевме сигурни дека се работи за борба на државата против криминалот. Вака постои сомнеж дека режимот на Бејли сака да го елиминира Јакимовски како противник на наметнатата промена на името и идентитетот. Во секој случај вистината ќе излезе на видело. Можеби не веднаш туку по повеќе децении како во случајот со Методи Андонов-Ченто на пример кого СДСМ го држел во зандана се додека смртно не се разболел.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3641
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by osa on Сре Aвг 08, 2018 3:25 pm

dokazi trendafile se glavnite neshta koi odreduvaat koj koga ke bide uapsen ...ne ko u vashe vreme narachani apsenja po telefon na NEVINI luge

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by osa on Сре Aвг 08, 2018 3:27 pm

(Видео) Јакимовски пред влез во судот: „Ма идете во пи**у матер

МАКЕДОНИЈА(Видео) Јакимовски пред влез во судот: „Ма идете во пи**у матер“Објавено пред 17 минути - 8 август, 2018Од Кристијан Ландов

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, донесен на распит во суд во придружба на финансиската полиција ги опцу новинарите.

„Ма идете во пи*ку матер“, рече Јакимовски, прашан за коментар.
Претходно, финансиската полиција на распит ги донесе и службениците кои заедно со Јакимовски се осомничени за злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки во општина Карпош. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.

Јакимовски ноќта ја помина во полициска станица. Вчера даде изјава за новинарите пред неговата куќа, каде што негираше вина.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by PRVOBOREC on Сре Aвг 08, 2018 5:51 pm

трендафил напиша:Да беше уапсен во некое друго време ќе бевме сигурни дека се работи за борба на државата против криминалот. Вака постои сомнеж дека режимот на Бејли сака да го елиминира Јакимовски како противник на наметнатата промена на името и идентитетот. Во секој случај вистината ќе излезе на видело. Можеби не веднаш туку по повеќе децении како во случајот со Методи Андонов-Ченто на пример кого СДСМ го држел во зандана се додека смртно не се разболел.

Дај соземи се те молам. СДСМ има врска со КПЈ исто колку што твоето дпмне има врска со историската револуционерна организација. А ако сте веќе толку очајни па очекувате сељакот апаш од Подржикоњ да ви го одбрани името тогаш уште сега можеме да почнеме да си честитаме влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. И да ја прославиме пропаста на дпмне-криминална се разбира.

PRVOBOREC

Број на мислења : 394
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by трендафил on Сре Aвг 08, 2018 6:30 pm

Еден ист конгрес СДСМ го започна како СКМ-ПДП, а го заврши како СДСМ, што би рекле само се преименува. Си го задржа и имотот. Ги пред некој ден и буквите со изјавата на според тебе диктаторот од поранешниот режим со кој СДСМ не сака да има врска на старата железничка станица, сега Музеј на град Скопје. Не знам дали си ти државјанин на Република Македонија што зборуваш за одбрана на нашето име кое не е и ваше. Навиката за менување на име на вашата партија од КПМ, преку СКМ, СКМ-ПДП до СДСМ го пренесувате на државно ниво. По додавките демократска, народна и социјалистичка во времето на социјализмот и поранешна југословенка пред Република, прв пат се обидувате да го опоганите и името Македонија со додавката северна.
Чудни се реакциите на СДСМ. Пред две години кога се појави извештај за модерно ропство за претпоставена бројка од 13.000 робови во Македонија, СДСМ реагираше со изјава: „ Повеќе од 13.000 граѓани, под репресија на режимот на Груевски, станаа модерни робови во сопствената држава со загрозени човекови права и слободи. “. ( https://fokus.mk/sdsm-graganite-pod-represija-na-rezhimot-na-gruevski-stanaa-moderni-robovi-vo-sopstvenata-drzhava/) По најновиот извештај дека таа бројка сега е 18.000, молчите како вагини. ( https://www.globalslaveryindex.org/2018/data/country-data/macedonia/ ). Наместо да изјавите - повеќе од 18.000 граѓани, под репресија на режимот на Заев, станаа модерни робови во сопствената држава. Го заштитувате ли, да искористам твои зборови кои гледам се пристојни за овој форум па никој не реагира на нив, сељакот апаш од Муртино.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3641
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by PRVOBOREC on Сре Aвг 08, 2018 6:37 pm

Убаво од тебе што СДСМ го поврзуваш со државотворноста на Македонија затоа што токму тие во 1944 првпат формираа македонска држава. Додека тие на кои претендирате да бидете наследници се бореле на страната на бугарскиот фрашистички окупатор.

И не знам зошто се буниш околу изјавата на СДСМ од 2016 за бројот на робови во Македонија. Јасно ти кажале дека се над 13 илјади, еве сега точно знаеме дека гртуевизмот направил робови од 18 илјади македонци.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 394
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by трендафил on Сре Aвг 08, 2018 7:05 pm

Прво треба да го погледнеш извештајот за 2017 година. Груевски инаку, за твоја информација, не е премиер од 18 јануари 2016 година, а Оливер Спасовски го спроведува законот 11 ноември 2015 до 19 мај 2016, повторно од 2 септември до 29 декември 2016, кога го наследува неговиот сегашен заменик Агим Нухиу до 1 јуни 2017 кога повторно се враќа Спасовски и на тоа место е до денес.
Не знам ниту кога ќе почнеш по наредба на сељакот апаш од Муртино бугарскиот фашистички окупатор да го сметаш за ослободител, а тогашниот Троен пакт како историски зачетник на НАТО и ЕУ.

Наместо да бидеш горд што владата дојдена со куртони со боја на власт барем во една област не има донесено на прво место во Европа и во светскиот врв, само затоа што не те усмерил со изјава некој од СДСМ се обидуваш вината да ја префрлиш на Митко Чавков кој беше министер за внатрешни 3 месеца и 10 дена или на Оливер Андонов кој беше министер само 2 дена.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3641
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by PRVOBOREC on Сре Aвг 08, 2018 7:12 pm

Прво, не си презентирал извештајот од 2017 што значи дека е поволен за СДСМ, второ, како и да вртиш не можеш да го амнестираш твоето дпмне дека за време на неговото владеење во Македонија робувале 18 илјади луѓе, и трето ај не се зезај, Оливер Андонов беше министер помалку од 24 часа, и освен ако ти не си Оливер не гледам зошто би спинувал за ова и би ја разубавувал кариерата на министерот со најкраток мандат во светот.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 394
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by трендафил on Сре Aвг 08, 2018 7:20 pm

Во времето кога ВМРО беше на власт, таа бројка е 13.000. И според изјава на твојата партија. Сега, откако СДСМ управува со министерствата за внатрешни, на труд и социјала, таа бројка е покачена на 18.000. Добро е што изгледа прв пат и кај СДСМ проработе срамот, па за прв пат молчат како вагини во однос на модерното ропство кое во Европа е најизразено во Македонија. Треба ли да веруваме дека земјата со нај повеќе робови по глава на жител во Европа ќе успее да обезбеди консензус во НАТО и ЕУ и да биде примена во членство дури и со променето име?

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3641
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by PRVOBOREC on Сре Aвг 08, 2018 7:46 pm

Не, не, немој да спинуваш. Јасно е наведено дека се НАД 13 илјади. Сега само ја дознаваме конечната бројка на луѓе кои режимот на дпмне ги претворил во робови.

А дека владата на СДСМ успешно се справува со рецидивите од дпмне-офското ропство признава и вашиот куртон медиум Курир.

Владата ги спроведува клучните компоненти на сеопфатен одговор на некои форми на модерно ропство, пружа услуги за поддршка на жртвите, има силен одговор на правосудните органи, има докази за координација и соработка и заштита за ранливите популации.

https://kurir.mk/makedonija/hronika/vo-makedonija-vo-uslovi-na-sovremeno-ropstvo-ziveat-18-iljadi-lugje/

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 394
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by osa on Чет Aвг 09, 2018 12:56 am

Deer Lord@principe9842h
Немојте да му се ситите на стефче! Не е точно дека има сто стана. Го знам дечкото што му беше десна рака, и он ми кажа дека повеќе од 10 стана и две куќи нема!! И неколку локали има што ги издава. Освен тоа нема ништо друго! И у грчка вила и у солун стан. Толку!!
5RETWEETS16FAVORITES



MNOGU JAKO KAZHANO

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by трендафил on Чет Aвг 09, 2018 10:04 am

На Стефче, за разлика од Заев, родителите му се починати, па не може имотот да се води на нивно име. Но еве ќе прашам во кој период Стевче го стекнувал имотот, иако во Македонија не е забрането да се поседува нешто. Во моментов прашање е дали Стевче е криминалец или имаме криминална власт што со помош на правосудните органи се пресметува со своите политички противници. Во секој случај веќе од авион се гледа дека органите за прогон 102% од својата сила користат за истражување на евентуални дела на опозицијата, наместо да се концентрираат на тие што делата можат да ги извршат и повторат затоа што се на одредени позиции.
Еве ја најновата колумна на Јакимовски во врска со неговото апсење. Целата оваа постапка хунтата можеше да ја спроведе и без малтретирање на обвинетиот и без негово приведување. Но тогаш не би била хунта.


МОРОН

Знаете што е демократија, одговорност, правна држава? Кога за пропусти за јавна набавка која се случила во 2012.година додека сум бил член на СДСМ и пропустот го направиле членови на СДСМ, истражните органи да дојдат истата таа 2012.година. Реваншизам е кога тие што биле должни да ја земат банкарската гаранција или да ја активираат, денес место заедно со мене да бидат обвинети од нив не се зема ниту исказ, а пред 15-тина дена имаа унапредување од новиот градоначалник на општина Карпош. За што? – За пропустите што ги направиле, а ги обвиниле своите колеги! Класична СДСМовска, покварена работа.
Ќе не суделе за наводна злоупотреба на службена функција, и потоа ќе се чудат зошто сум го опцул оној морон кој ми бараше изјава пред судот. Замислете, мене ме спроведуваат полицајци, ме носат на судење, а тој ми се згнал со микрофонот во уста да сум му дал изјава. Што идиот треба да си, да очекуваш дека ќе застанам да ти дадам изјава во невозможни услови, ниту пак тоа ќе ми го дозволат полицајците. Уште помалку сакам да ги ставам во непријатна ситуација недолжните полициски службеници.
Најмалку пак сакам во таква ситуација да му дадам изјава на новинар од телевизиска куќа која повеќе од 7-8 месеци не побарала од мене изјава, ниту ме повикала на емисија. Во се треба да се има достоинство. Не може да бидеш хиена.  Затоа со целосен респект кон оние новинари кои професионално си ја обавуваа својата работа и известуваа од целиот спектакл.
Вистинска правна држава е, кога истражните органи ќе затропаат на вратата на министерот за здравство, сега и веднаш, а не после шест години и го запрашаат – „Зошто ги групираше набавките за реагенсите на едно место? Зошто ти и твоите пријатели формиравте фирма во Белград пред три месеци? Зошто формиравте фирма во Македонија со ниту еден вработен на маил жути.ком? Кој друг ви помагаше во оваа работа?“.
Да го запрашаат премиерот, зошто го промени законот за јавни набавки и стави критериуми со кои се оневозможуваат фирмите да учествуваат на тендерите, зошто го укина Советот за јавни набавки? – Тогаш ќе бидеме вистинска правна држава. Кога секоја институција ќе си ја врши својата работа.
За тоа што ние сме го правеле во општина Карпош, документите се таму и нема каде да бегаат. Ама, на министерот Филипче му овозможуваме да го повтори делото, но строгоста се тренира на опозицијата. Кога тие беа опозиција велеа дека не го признаваат судот, за разлика од нив, ние го признаваме но од него бараме само објективност, непристрасност и ништо повеќе.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3641
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by PRVOBOREC on Чет Aвг 09, 2018 11:13 am

Ајде сега ќе го браниме Стефчо кој има скоро 60 години со тоа што родителите му биле починати, како да е мало дете што останало сираче. Криминалот, кога и да е изврешен мора да се санкционира и за тоа СДСМ заслужува пофалби. Пцуењето и нарекувањето на новинарите морони и идиоти само ја докажува глупоста и криминалниот карактер на Стефчо. Кукавица кој менува партии како што ќе задува ветерот нормално дека ќе реагира простачки и сите ќе му бидат виновни освен тој самиот, како некој друг а не неговата лакомост да го натерал да краде.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 394
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by Dino on Чет Aвг 09, 2018 12:37 pm

PRVOBOREC напиша:Не, не, немој да спинуваш. Јасно е наведено дека се НАД 13 илјади. Сега само ја дознаваме конечната бројка на луѓе кои режимот на дпмне ги претворил во робови.

А дека владата на СДСМ успешно се справува со рецидивите од дпмне-офското ропство признава и вашиот куртон медиум Курир.

Владата ги спроведува клучните компоненти на сеопфатен одговор на некои форми на модерно ропство, пружа услуги за поддршка на жртвите, има силен одговор на правосудните органи, има докази за координација и соработка и заштита за ранливите популации.

https://kurir.mk/makedonija/hronika/vo-makedonija-vo-uslovi-na-sovremeno-ropstvo-ziveat-18-iljadi-lugje/

I vi trebaa dve godini za da izbrtoite od 13 do 18 iljadi ili brojot neprestano se zgolemuva pa ne mozete da postignete.

Dino

Број на мислења : 344
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by трендафил on Вто Сеп 11, 2018 9:06 am

Јакимовски е обвинет за легализација на општинските простории изградени по рокот предвиден со законот за легализација на дивоградба. Од општинските објекти сигурно е дека Јакимовски нема лична полза. Ниту општината го подмитила, ниту може да ги продава или издава. Имаме друг случај, Цареви кули каде што Заев има направено исто такво дело, што е потврдено со пресуди на основниот суд што ја има потврдено и апелација, што весникот Република ја доби по тужбата за клевета од приватниот сопственик на објектот. За написот „Заев со нов голем криминал во Струмица“ весникот беше тужен за клевета. Судот утврди дека напишаното е вистина.

http://www.mkdnews.com/2018/08/republika-go-dobi-sudskiot-spor-za-kompleksot-carevi-kuli/

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3641
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by Teo on Вто Сеп 11, 2018 10:41 am

Ne bi rekol deka sudot utvrdil bilo shto, osven shto sudijata shto go vodel sluchajot dokazhal deka doshol na toa mesto od teftercheto na Goca...
avatar
Teo

Број на мислења : 3808
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРИВЕДЕН СТЕФЧО ЈАКИМОВСКИ екс градоначалник

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот