Zabavni vicevi

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by delta on Пет Окт 11, 2019 10:38 pm

Zabavni vicevi - Page 3 Egwsh_10
delta
delta

Број на мислења : 545
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by delta on Пет Окт 11, 2019 10:40 pm

Попот наидува на мртво магаре на патот.Се јавува во полиција:
-Овде поп Мите.Има мртво магаре на патот па се јавувам да го одстраните. Полицаецот,сакајки да се нашали,му вели: -Попе,молитва дали му отпејавте?
Попот: -Не,сега ќе го отпејам,прво сакав на роднините да им јавам.
delta
delta

Број на мислења : 545
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by Dino on Саб Окт 12, 2019 6:56 pm

- Мила, зошто плачеш?

- Моите не ми даваат да се омажам со тебе...

- Па добро... Немој да плачеш... Ќе најдам јас друга.

Dino

Број на мислења : 409
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by Dino on Нед Окт 13, 2019 8:45 am

Состанок во државна фирма.

Се соопштуваат годишните награди.

-На другарот Трпе: чевли.

-На другарот Трајчо: сандали.

-На другарот Ристо: влечки.

-На директорот: 10000 евра.

Од задниот ред се јавува Трпе:

-Така и му треба, нека оди бос, мамичето негово.

Dino

Број на мислења : 409
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by Dino on Нед Окт 13, 2019 8:46 am

– Тато, зошто кукурига петелот?

– Петелот секогаш кукурига кога некој лаже.

– Но тој кукурига во три часот ноќе…

– Тогаш се печатат весниците, синко.

Dino

Број на мислења : 409
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by Dino on Пон Окт 14, 2019 10:30 am

Теорија на релативноста:
Едно влакно во супата е релативно многу,
а едно влакнo на главата е релативно малку.


Dino

Број на мислења : 409
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by delta on Пон Окт 14, 2019 6:47 pm

Жените во едно мало место кога оделе на исповед кај попот, за онаа работа со друг маж користеле шифра „паднав од мостот“. Попот ги ислушувал и со разбирање им ги проштевал гревовите.
Добро, но тој поп починал и на негово место дошол еден млад, кој не ги знаел локалните термини. Жените продолжиле да си одат на исповед и да му се жалат на попот дека „паѓале од мостот“, а тој им велел дека тоа не е голем грев.
Еден ден му дошло преку глава и отишол кај градоначалникот:
– Градоначалниче, дај бе поправете го тој мостот, жените нон стоп паѓаат од него!
Градоначалникот знаел што значи фразата па не можел да се воздржи и почнал да се смее на глас. Попчето му рекло:
– Смеј се смеј, само твојата жена 3 пати падна од мостот оваа недела!
delta
delta

Број на мислења : 545
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by delta on Пон Окт 14, 2019 6:48 pm

Си седи еден нашинец во кафана и си пие пиво.
Во кафаната влегува еден Кинез и седнува до него.
По неколку минути молк и размислување, нашиот го прашува:
– Знаеш ли карате, кунг-фу и такви работи?
Кинезот го погледнал и рекол:
– Е добро, зошто ме прашуваш? Затоа што сум Кинез?
– Не бе, затоа што од преѓе ми го пиеш пивото!


delta
delta

Број на мислења : 545
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by delta on Пон Окт 14, 2019 6:49 pm

Венчавка…
Попот:
– Ако некој има нешто против овој брак, нека каже сега или нека молчи засекогаш.
Се слуша уплашен глас:
– Јас…
Попот:
– Ти да молчиш! Ти си младоженецот!
delta
delta

Број на мислења : 545
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by zozoti on Вто Окт 15, 2019 12:16 pm

Трпана му ѕвони на Трпе:
– Мили, имаш сериозен проблем!
– Што е станало?
– Удрив со колата во една тојота. Му предложив да му платам во натура и тој се согласи!
– И каде е тој мој проблем!?
– Сопственикот е геј…

zozoti

Број на мислења : 58
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by delta on Сре Окт 16, 2019 11:32 am

Пијан гостин ја чита сметката во кафана:
2 коњака – 120
салата – 85
ако помине – 130
4 пива – 160
Го вика келнерот:
– Што ти е ова "ако помине"?
– Е, не помина...
delta
delta

Број на мислења : 545
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by zozoti on Чет Окт 17, 2019 10:49 am

Трпе и раскажува на жена си:
– Жено, си мислам, како се тркалаат годините… Имаме куќа, вила, две коли и две деца.
А се сеќаваш ли на времето – живеевме под кирија, возевме велосипеди и постојано немавме пари.
Ама, од друга страна пак, секоја вечер си легнував со дваесетгодишна…
– Легни си ти пак со некоја двадесетгодишна и ќе видиш како ќе ти се вратат и точакот и киријата и беспарицата!


zozoti

Број на мислења : 58
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by Dino on Чет Окт 17, 2019 5:05 pm

– Дедо попе, јас не дојдов да се исповедам, зошто сум чесен човек, туку дојдов да ве замолам нешто. Нели кај вас доаѓаше мојата жена да се исповеда? Можете ли да ми кажете дали ме изневерува? Ве молам!
– Чедо, ти добро знаеш дека тоа е тајна помеѓу вашата жена и мене. Не смеам да ти кажам, знаеш и сам зошто. Смири се, оди дома, само пази кога ќе излегуваш од црквата, да не ми закачиш некоја икона со роговите.

Dino

Број на мислења : 409
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by Dino on Чет Окт 17, 2019 5:17 pm

Полицаец испрашува македонски возач на местото на сообраќајната несреќа:
– Сега сакам да ми објасните како го удривте пешакот на пешачкиот премин?
Возачот:
– Господине полицаец! Воопшто не го удирив. Застанав да му дадам предност, и тој се онесвести од изненадување.

Dino

Број на мислења : 409
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by zozoti on Пет Окт 18, 2019 11:41 am

Богат 90 годишен дедо се оженил со некоја доста помлада од него, 25 годишна женска.
Прва брачна ноќ. Дедото чука на вратата од спалната и вели:
– Мила, може да си ја извршам брачната обврска?
– Секако.
Дедото влегува во спалната, завршуваат работа и излегува.
После неколку минути пак се враќаа. Дедото пак завршува работа и си оди. Така повеќе пати се повторува и на 17-тиот пат женската не издржала и го прашала:
– Мажу, како може човек на твоја возраст да има секс 17 пати?
Дедото се плеска со раката по челото:
– 17 пати?! Ебати склерозата…


zozoti

Број на мислења : 58
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by alienmk on Пет Окт 18, 2019 1:23 pm

Му изгорела на Трпе куќата на село и полицаецот прави записник.
Трпе диктира:
„Пиши, Самсунг плазма телевизор 48 инчи, Бош машина за садови, Бош машина за перење, Бош фрижидер…“
– Трпе не лажи толку, па немаше ни струја пуштено, му вели полицаецот.
Трпе:
– Агрегат Хонда дизел….

alienmk

Број на мислења : 46
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by cvetka on Пет Окт 18, 2019 5:17 pm

Zabavni vicevi - Page 3 Ehkwtu10

cvetka

Број на мислења : 43
Join date : 2019-05-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by delta on Пет Окт 18, 2019 10:34 pm

Наставничката во школо го прашува малиот Трпе:
– Трпе зошто немаш домашна?!
– Не сме ја свариле уште наставничке! Викендов ќе биде готова, колку литри сакате?

delta
delta

Број на мислења : 545
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by alienmk on Пон Окт 21, 2019 9:12 am

– Тато, вљубена сум во едно момче кое живее далеку. Јас сум тука, а тој во Австралија!
– Како се случи тоа?
– Па вака: Се сретнавме на еден сајт за запознавање, потоа ми стана пријател на Facebook, имавме неколку долги разговорот со WhatsApp, се фативме на Skype и сега веќе два месеци сме заедно преку Viber… тато… ми треба твое одобрение и твој благослов!
– Секако! Омажи се со едно „ДА“ на Twitter… купете децата од Amazon, платете со Paypal. И ако еден ден не можеш да го трпиш повеќе, продај го на eBay!

alienmk

Број на мислења : 46
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by delta on Вто Окт 22, 2019 9:56 am

Влегува полицаец во пекара:
– Добар ден, дајте ми бурек!
– Немаме бурек, се потроши.
– Дајте ми тогаш со месо.
– Господине немаме бурек.
– Епа тогаш дајте ми со сирење.
Продавачката се изнервирала и се јавила кај шефот на полициската станица, а тој и рекол:
– Е штом така ти правел, требало да го земеш бурекот и да му го мавнеш од глава.
delta
delta

Број на мислења : 545
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by delta on Сре Окт 23, 2019 9:53 am

Седи студент во библиотека и шмека некоја студентка.
Девојкава приметила и му вика на дечкото:
- Не ме гледај така моево срце припаѓа на друг.
А тој и вели:
- Ајде, ајде имаш ти и други органи....
delta
delta

Број на мислења : 545
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by cvetka on Сре Окт 23, 2019 1:25 pm

Професорка во средно школо има најавува на учениците дека за една недела ќе имаат тест.
Еден од мангупите во класот ја прашува:
-Професорке ке ми биде ли оправдано ако поради сексуална исцрпеност не можам да пишувам?
А професорката:
-Не, ќе мора да пишуваш со другата рака.

cvetka

Број на мислења : 43
Join date : 2019-05-30

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by alienmk Today at 8:46 am

Залетано влегува Трпе дома и уште задишан ѝ вика на Трпана:
– Жено, дали слушна?
– Што?
– Владата одлучила да дава детски додаток на сите семејства кои имат по пет деца.
– Ама ние имамо само три.
– Ќе ми простиш жено, ама ја малку ти бев неверен едно време и у другото маало имам уште две вонбрачни деца.
Станува Трпе, и излегува од дома пак, а Трпана го прашува:
– Каде тргна?
– Одам да си ги земам децата и се враќам.
Се враќа Трпе дома со двете деца и ја прашува Трпана:
– Каде се мори другите три деца?
– Па и комшиите чуле за новиот закон и дојдоа да си ги земат своите деца.

alienmk

Број на мислења : 46
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by Albatros Today at 8:38 pm

Oтишол Блажо на гости кај Перо у Германија и овој му ја покажува куќата, огромна на три спрата…
По неколку часа Блажо го стегнало стомак, ама никако да најде WC и во трпезаријата видел голема саксија со фикус.
Извршил голема нужда во саксијата, а фикусот го вратил назад.
Се вратил дома, и после 1 месец му иде писмо од Германија од Перо, и пишува:
“Блажо те молам, кажи кај се испосра, три пати се селиме..!?”

Albatros

Број на мислења : 376
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Zabavni vicevi - Page 3 Empty Re: Zabavni vicevi

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот