Вести од соседството

Страна 13 of 15 Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14, 15  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by defo on Саб Дек 26, 2015 8:51 pm

Ја оштетиле СРБИЈА 100 милиони евра
Не ја следам доволно српската политика и ситуација, ама ме заинтегрира ова, пошо најнормално нешто слично и кај нас се случува. Ова е некоја конструкицја на Вучиќ или ЕУ конечно почнува да тепа по уши????

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Саб Јан 23, 2016 5:15 pm

Се прашувам што ќе правиме ние кога грабежот на фамилијата и нас не донесе на ова дереџе. Прашање на време е кога ќе почнеме да плаќаме за нивното збогатување на наш грб.

Протест на грчките пензионери поради намалување на пензиите

Грција е под притисок на меѓународните кредитори да ги намали трошоците за пензии, кои се најголеми во ЕУ. Земјата одвојува 17,5 проценти од бруто домашниот производ за пензии, додека во Европа просекот е 11,5 проценти од БДП.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Kalinda on Пон Јан 25, 2016 9:36 pm

Знаеш дека ова што го пишуваш
не е воопшто точно .
За каков грабеж зборуваш ?
avatar
Kalinda

Број на мислења : 436
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Вто Јан 26, 2016 4:00 pm

Грчките земјодлеци два часа ја блокираа границата



Двочасовната блокада на грчките земјодлеци, предизвика намалена фреквенција на патници на граничниот премин Меџитлија  на македоснко-грчката граница.  Во периодот од 11 до 13 часот, додека траеше штрајкот, речиси немаше возила кои чекаа за влез во соседна Грција. По 13 часот од грчка страна кон Македонија, поминале триесетина  автомобили.  Македонските погранични служби велат дека намалената фреквенција на патници денеска, се должи на тоа што  граѓаните веќе биле известени за штрајкот на грчките земјодлеци и малкумина се одлучиле да ја поминат границата.

-Во Грција не е добра состојбата. Државата само пари бара, не останува ништо за нас.  Во право се земјодлеците што протестираат со блокади. Има голема гужва,   ги блокираат  улиците со трактори и друга механзиација, изјави еден грчки државјанин.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by хан Ацо on Чет Јан 28, 2016 8:48 am

Teo напиша:Грчките земјодлеци два часа ја блокираа границата



Двочасовната блокада на грчките земјодлеци, предизвика намалена фреквенција на патници на граничниот премин Меџитлија  на македоснко-грчката граница.  Во периодот од 11 до 13 часот, додека траеше штрајкот, речиси немаше возила кои чекаа за влез во соседна Грција. По 13 часот од грчка страна кон Македонија, поминале триесетина  автомобили.  Македонските погранични служби велат дека намалената фреквенција на патници денеска, се должи на тоа што  граѓаните веќе биле известени за штрајкот на грчките земјодлеци и малкумина се одлучиле да ја поминат границата.

-Во Грција не е добра состојбата. Државата само пари бара, не останува ништо за нас.  Во право се земјодлеците што протестираат со блокади. Има голема гужва,   ги блокираат  улиците со трактори и друга механзиација, изјави еден грчки државјанин.

Па зошто гејциве не блокираа граничните премини летоска,кога туристите одеа во Грција и трошеа милијарди евро по усраните нивни "одморалишта"!!!
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пет Фед 12, 2016 7:09 pm

Zatoa sto ne se glupi.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пет Фед 12, 2016 7:29 pm

Четири лица уапсени во нереди во Атина, десет полицајци повредени



Најмалку четири лица се уапсени, а десет полицајци повредени во денешните судири меѓу грчки фармери и полицијата во Атина за време на протест против пензиската реформа и зголемувањето на даноците.

Демонстрантите фрлаа врз полицајците домати и камења, кршеа прозорци на зградата на Министерството за аграрен развој и палеа контејнери на улицата.

Портпаролот на полицијата Никос Тоскас соопшти дека десет полицајци се повредени, а двајца од нив се хоспитализирани.

Друг претставник на полицијата рече дека фармерите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на влезот на Министерството, а службениците на редот употребиле солзавец за да ги запрат и уапсиле четири лица.

Судири меѓу земјоделците и полицијата избувнаа и на автопатот што води кон грчката престолнина.

Во Источна Грција фармерите со трактори заобиколија полициска патрола и го блокираа главниот пат кон атинскиот аеродром.

Во Атина вечерва се очекуваат масовни демонстрации на плоштадот Синтагма.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пон Фед 15, 2016 7:04 pm

Босна и Херцеговина го предаде барањето за кандидатура за членство во ЕУ



Претседателството на Босна и Херцеговина го достави до холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кендерс барањето за членство во Европската унија.

На свечена церемонија во Брисел, претставникот на БиХ, Драган Човиќ изразил задоволство во име на граѓаните при предавањето на барањето, нагласувајќи дека БиХ ги исполнила сите ветувања кои ги дала последната година.

Според него, допрва следува голема работа и длабоки реформи во БиХ.

Кендерс ја поздравил Реформската агенда и Акциониот план, со што БиХ го прави првиот сериозен чекор кон Унијата.

На церемонијата присуствуала и високата претставничка за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини како и еврокомесарот Јоханес Хан.

Тие порачале дека следува анализа од страна на земјите членки за кандидатурата на Босина и Херцеговина, но и дека самиот чин само ја покажува цврстината на политиката за проширување.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=27277

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пет Фед 26, 2016 9:22 am

Конференција за проширување на ЕУ во Софија



Во бугарскиот главен град Софија денеска ќе започне дводневна конференција посветена на проширувањето на ЕУ.

Учесниците на конференцијата ќе разменат мислење за интеграциските капацитети на државите од западен Балкан, за интеграцијата на земјите од истокот на Европа преку политиката на „Источното партнетсво“ и ефектите од него, за можностите за носење одлуки во ЕУ, како и за зајакнување на владеењето на правото во Бугарија и Романија по нивниот влез во ЕУ.

За време на собирот ќе бидат претставени и препораките за стратегијата на проширување на ЕУ, како и досегашните резултати на Проектот за максимализација на капацитетите на земјите за процесот на интеграција во ЕУ.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Саб Фед 27, 2016 9:27 am

Насилни демонстрации синоќа во Приштина, повреден 21 полицаец и еден новинар

Косовската полиција соопшти дек за време на насилните демонстрации синоќа во Приштина е повреден 21 полицаец и еден новинар, јави Танјуг.
Од безбедносни причини, отстранети се шаторите од централниот плоштад во Приштина, во кои претходните три дена кампираа приврзаници на опозицијата.



Соопштено е исто така, дека се уапсени пет демонстранти.
Полицијата на својот сајт наведува дека демонстрантите кои биле со фантомки на глава нередите ги започнале нешто пред 17 часот кога со молотови коктели, шишиња со боја и камења почнале да фрлаат во правец на собранието, каде биле распоредени припадници на косовската полиција.
Косовската полиција наведува на својот официјален сајт дека на три локации во Приштина, вклучувајќи и шатори во кои кампирале демонстрантите, пронашла 39 шишиња со молотови коктели и 38 шишиња со боја.
Според проценка на полицијата, на почетокот на протестите, организирани во петокот во Приштина, биле присутни околу 2.500 демонстранти, за подоцна нивниотброј да се намали.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Саб Фед 27, 2016 6:04 pm

tie sde tepaat , nie se tepame na balkanot samo tepacki..Div zapad be. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Нед Фед 28, 2016 12:03 am

Bojko reshil da se spuka so grcite...

Бугарскиот премиер ѝ се закани на Грција дека ќе дејствува решително

Ако не си ги решат проблемите во најскоро време, за многу кратко време лично ќе преземам многу сериозни чекори, се закани бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со бугарските и грчките цариници и полицајци, како и со грчките фармери што протестираат, на бугарско-грчкиот премин Кулата.



„Им кажав дека она што го прават е безобразно. Бугарија досега на сите средби на високо ниво ги поддржуваше своите грчки пријатели и соседи, но од овој момент, ако не си ги решат проблемите во најскоро време, категорично им најавив дека лично ќе преземам многу сериозни чекори“, изјави Борисов.

Со штрајкот на грчките земјоделци и блокадите на граничните премини бугарските превозници досега загубиле 12 милиони евра.
Во меѓувреме владата на Алексис Ципрас подготвува законски промени за да ги заштитат земјоделците што протестираат од приведување, пишуваат бугарските медиуми.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by хан Ацо on Нед Фед 28, 2016 10:35 am

Teo напиша:Bojko reshil da se spuka so grcite...

Бугарскиот премиер ѝ се закани на Грција дека ќе дејствува решително

Ако не си ги решат проблемите во најскоро време, за многу кратко време лично ќе преземам многу сериозни чекори, се закани бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со бугарските и грчките цариници и полицајци, како и со грчките фармери што протестираат, на бугарско-грчкиот премин Кулата.



„Им кажав дека она што го прават е безобразно. Бугарија досега на сите средби на високо ниво ги поддржуваше своите грчки пријатели и соседи, но од овој момент, ако не си ги решат проблемите во најскоро време, категорично им најавив дека лично ќе преземам многу сериозни чекори“, изјави Борисов.

Со штрајкот на грчките земјоделци и блокадите на граничните премини бугарските превозници досега загубиле 12 милиони евра.
Во меѓувреме владата на Алексис Ципрас подготвува законски промени за да ги заштитат земјоделците што протестираат од приведување, пишуваат бугарските медиуми.

Бојко е пи*ка,ветар само ќе им направи на Гејциве.
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Вто Мар 01, 2016 11:35 pm

Гориво од ИД се продава во Бугарија



Гориво од „Исламска држава“ во Бугарија се продава на бензинските пумпи, објавија бугарските медиуми. Горивото во Бугарија доаѓа од царинскиот склад во Грција и е наменето за внатрешна испорака во ЕУ, наведува дневниот весник „Труд“, кој се повикува на извор од царината.

По електронското следење на морскиот сообраќај, утврдено е дека танкерите, пред поаѓањето од Грција до Бугарија, патуваат до седум турски пристаништа во Црното и Средоземното Море. Се смета дека таму се полни нелегалното гориво од Сирија и Ирак, кое го контролира терористичката организација Исламска држава.

„Труд“, наведува дека горивото е со низок квалитет бидејќи се произведува во технолошки застрени рефинерии. Бензинот од евростандардите отстапува за 20-40 проценти, а дизел горивото од 35-70 проценти, што е сигурен знак дека не потекнува од грчките царински складишта туку дека танкерите патуваат до Грција со цел да се снабдат со документи. Бугарските служби веќе пет дена по ред ги контролираат бензинските пумпи во Софија и во уште 15 региони во земјата.

http://pozitiv.mk/gorivo-od-id-se-prodava-vo-bugarija/?r1=http%3A%2F%2Fgrid.mk%2Fread%2Fnews%2F511978594%2F11118421%2Fgorivo-od-id-se-prodava-vo-bugarija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пет Мар 11, 2016 9:44 pm

Видеото на ЛИНКОТ

Бугарин купил тенк, организира одмазнички групи и со калашников ги гони мигрантите


Динко Валев, самопрогласениот ловец на мигранти  организирал цели одмазднички банди кои патролираат и буквално ловат илегални мигранти низ Бугарија, а тоа го нарекуваат – спорт.



Динко Валев(29) си набавил и две оклопни возила како би можел да патролира низ недостапните места во околината на градот Јабмол во близина на границата со Турција.
– Ова би го опишал како еден вид на спорт. А за спортист не можете да кажете дека е насилен“, вели Валев и додаде дека му се јавувале луѓе со планински велосипеди и кучиња да му помогнат во фаќањето на илегалните мигранти.
Валев секој мигрант го нарекува џихадист, но негира дека неговите затвореници ги тероризира.
– Неговите жртви се мажи, жени и деца кои бегаат од Сирија. Валев призна дека знае да ги повреди тие луѓе. Еднаш ги натерал да легнат на земја и половина час им се заканувал со смрт. Во друга прилика се фалел како ловел маж со часови додека конечно не го фатил. Постојано ги навредува бегалците и јасно е дека сака да го прошири својот „бизнис“ за да фати повеќе мигранти. Уште повеќе загрижува тоа што сака владата да го финансира. Тој не само што шири страв помеѓу мигрантите во бугарското општество, туку бара и поддршка“, велат од Хелсиншкиот комитет.



Валев за бугарската државна телевизија објасни како почнал да патролира после трауматично искуство- мигрантите го нападнале кога бил сам.



– Сакаа да ми го украдат моторот и викаа “Алах“, ништо не организирам јас, само ги викам луѓето да ми се придружат“, кажа и додаде дека секој илеглален мигрант го предава на полицијата. Полицијата не го допира, иако министерката за внатрешни работи Румјана Бачварова ги повика сите мештани да пријават секаква илегална активност, но Динко никој не сака да го пријави. раскажува Валев.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пон Мар 14, 2016 6:47 pm

Toj drugar mi od meanata dan e e.Koga ke gi fati ke casti. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пон Мар 21, 2016 2:09 pm

Маж се разнесе со бомба во центарот на Белград



Засега непознат маж загина денеска на улицата „Илија Грашанин“ во центарот на Белград, откако во една слаткарница активираше експлозивна направа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Припадниците на српското МВР се наоѓаат на лице место и ги утврдуваат фактите и околностите поврзани со индицидентот, јави Танјуг.

Портпаролката на Брзата помош, Нада Мацура изјави дека и нејзини екипи се на терен.

Трагедијата се случила кога засега непознато лице влегло во слаткарницата, ги истерало сите присутни од неа и потоа ја активирало експлозивната направа.


Фото: Блиц

http://plusinfo.mk/vest/62428/maz-se-raznese-so-bomba-vo-centarot-na-belgrad

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Чет Мар 31, 2016 6:32 pm

Хаг пресуди – Шешељ ослободен од обвиненијата

Српскиот радикален националист, Воислав Шешељ е ослободен од сите девет точки од обвинението за злосторства против човештвото и за поттикнување етничко чистење во Хрватска, БиХ и Војводина од страна Хашкиот Трибунал. Одлуката беше изречена без негово присуство во судот.

Воислав Шешељ беше обвинет пред повеќе од десет години за поттикнување убиства и етнички прогон во неговите подбуцнувачки говори како лидер на Српската радикална партија.

Според обвинителите, Шешељ, кој за време на режимот на Слободан Милошевиќ беше заменик министер, покренал своја војска на волонтери кои ги индоктринирал со отровни идеи и ги испратил да вршат злосторства со цел создавање етнички чиста Голема Србија. Шешељ беше во притвор откако му се предаде на Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија во 2003 година.

Србинот беше ослободен во ноември 2014 година, но, четири месеци подоцна судиите му наредија да се врати, оценувајќи дека тој ги прекршил условите за негово ослободување со тоа што им кажувал на неговите приврзаници дека никогаш нема да се врати во Хаг.

Тој на 10 март пред Специјалниот суд за воени злосторства во Белград ги запали знамињата на ЕУ и на НАТО.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пет Апр 15, 2016 11:07 pm


15.04.2016, 17:46
ВО СРБИЈА УАПСЕНИ 49 ЛИЦА ПОРАДИ КОРУПЦИЈА

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи денеска уапсија 49 лица осомничени за повеќе корупциски дела, а пред се` за злоупотреба на службената положба во државните органи, а по две лица е започната интензивна потрага.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека против 25 луѓе полицијата поднела кривични пријави во редовна постапка.

- Сите овие лица од 2007 година досега извршиле повеќе кривични дела и го оштетиле буџетот на Србија, повеќе стопански субјекти и физички лица во износ од околу 7,6 милиони евра, истакна Стефановиќ.

Тој нагласи дека меѓу уапсените, во повеќе градови во Србија, се наоѓаат раководители вработени во Даночната управа при Министерството за финансии, некогашното Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, функционери на локални самоуправи, јавни претпријатија, Патишта на Србија, Српски пошти, Електрокосмет, како и 12 сообраќајни полицајци.

http://grid.mk/read/news/512294330/11331698/vo-srbija-uapseni-49-lica-poradi-korupcija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Сре Мај 04, 2016 8:11 pm

Не умира сонот за голема Албанија.

Курти: На Косово треба да му се даде правото да се приклучи кон Албанија

На Косово треба да му се даде правото да се приклучи кон Албанија, изјави во интервју за европското издание на сајтот „Политико“ основачот на косовското радикално опозициско движење „Самоопределување“, Албин Курти, пренесе Танјуг.

Курти, кого „Политико“ го опишува како „трн во око“ на косовските власти, жесток критичар на српските власти и пратеник кој не се колеба да фрли солзавец врз своите противници во Парламентот, изјавува дека сега косовскиот Устав не дозволува приклучување кон „некоја друга држава“.

– Би сакале тоа да го направиме на мирен и демократски начин за разлика од нашето отцепување (од Србија), кое големите сили го направија на насилен начин, рече Курти.

Тој Србија ја оцени како „мала империјалистичка сила на Балканот, која постојано се обидува да го раздели Косово на два дела (српски и албански), додавајќи дека Белград ја имитира една од големите империјалистички сили – Русија.

Коментирајќи ја спогодбата за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, потпишана од двете земји, Курти кажа дека тоа е резултат на „корупцијата“ и „покорноста“ на владата.

-Тие се премногу корумпирани за да бидат слободни како политичари и чесни кон својот народ. Тие и се послушни и покорни на меѓународната заедница, која ја толерира нивната корупција затоа што очигледно има некакви повисоки цели, како стабилноста, рече Курти.

http://grid.mk/read/news/512421530/11408870/kurti-na-kosovo-treba-da-mu-se-dade-pravoto-da-se-prikluchi-kon-albanija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Чет Мај 05, 2016 9:40 pm

Хрватска повторно ја блокираше Србија за поглавјето 23 од преговорите со ЕУ

Хрватска повторно го блокираше отворањето на поглавјето 23 од преговорите меѓу ЕУ и Србија, откако Холандија после неколку недели се обиде да постигне консензус за отворањето на оваа поглавје, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите на Танјуг, Хрватска на состанокот на земјите членки на Брисел на амбасадорско ниво повторила дека не може да се согласи со отворањето на поглавјето 23, кое се однесува на правосудството, а како причина за ова ги навела веќе познатите аргументи по прашањето на регионалната надлежност на српскиот суд за воените злосторства и застапеноста на хрватското малцинство во парламентот на Србија.

Изворите на РТС во ЕУ велат дека консултациите меѓу Брисел и Загреб по ова прашање ќе продолжат и во наредниот период, а целта останува отворањето на поглавјата 23 и 24 за време на холандското претседателство, кое завршува кон крајот на јуни.

Извори од состанокот велат дека Европската комисија и некои земји членки, особено Германија, инсистирале на тоа дека отворањето на поглавјето 23 е потребно поради зачувувањето на кредибилетот на процесот, потсетувајќи го Загреб на декларацијата на Хрватскиот сабор во која тој се обврзал дека нема да ги блокира соседите во европските интеграции поради билатералните прашања кои не се дел од европското законодавство.

Шефицата на српскиот преговарачки тим во преговорите со ЕУ, Тања Мишчевиќ изјавила дека треба да се почека за да се видат понатамошните чекори на државите членки на ЕУ во однос на ова прашање.

„И натаму чекаме Хрватска да го даде своето мислење... ниту денес тие не дадоа никакво мислење и сѐ уште има време, бидејќи остануваат уште два месеци до крајот на претседавањето на Хландија, која јасно се определи дека сака поглавјето 23 да биде отворено за време на нејзиното претседателство“, рекла Мишчевиќ за Бета.

Таа навела дека исто така потсетила дека согланоста за отворањето на поглавјата на ниво на држави членки се носи со консензус и дека за Србија, поглавјата 23 и 24 се сметаат како најважни во преговарчкиот процес.

http://grid.mk/read/news/512428542/11411786/hrvatska-povtorno-ja-blokirashe-srbija-za-poglavjeto-23-od-pregovorite-so-eu

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пет Мај 06, 2016 8:29 pm

Malku im bese vojnata. uste kotek sakaat.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Пон Мај 30, 2016 12:23 pm

Zapnal Erdogan da ja obnovuva osmanliskata imperija...

Ердоган грмна за османлиското царско величие

Веќе мина над половина милениум од големите експлозии, кои ги раскинаа ѕидовите на византиската престолнина Константинопол, но тркалата на топотвите одекнува повторно …



Турците славеа во неделата со пиротехнички спектакл 563-годишнината од “освојување” на византиската престолнина. Настаните беа организирани низ цела Турција, за да се прослави заземањето на Константинопол во 1453 година од страна на султанот Мехмед II, наречен “Освојувачот”. Најголем спектакл беше организиран во истиот град, сега наречен Истанбул. Стотици илјади луѓе се собраа во квартот Јеникапи крај Златниот Рог, ја пееја турската химна, вееја огромни знамиња. Толпата беше забавуваа од воздушните акробации на посебен дел од турските воздухопловни сили. Џиновски огномет, тридимензионално Пресоздавањето на заземањето на градот и уште концерт од отомански воен оркестар од 563 музичари учествуваа во демонстрациите на османлиската слава на империјата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Саб Јун 04, 2016 11:37 am

Виделе од нас.

Апарат за прислушување откриен во канцеларијата на првиот албански полицаец

Албанскикот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, во својата канцеларија открил апарат за прислушување и истиот го доставил во Обвинителството.



Албанскикот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, во својата канцеларија открил апарат за прислушување и истиот го доставил во Обвинителството заедно со кривична пријава, јави дописникот на МИА од Тирана.

Извори од Обвинителството за телевизијата АБЦ њуз потврдиле дека министерот Тахири доставил кривична пријава каде се бара да се откријат лицата кои поставиле апарат за прислушување во неговата канцеларија.

- Од Обвинителството не даваат детали за видот и опфатот на апаратот за прислушување, колкав период бил тука, какви разговори се снимени и кој ги поседува, но додаваат дека истиот е однесен во соодветната полициска лабораторија. Првичните сознанија наведуваат дека оној кој го поставил овој апарат е најверојатно вработен во МВР, пренесува изворот.

Деновиве поранешниот премиер и екс лидер на опозициските демократи Сали Бериша рече дека постојат аудио снимки со гласот на Тахири кои потврдуваат дека е вмешан во разни афери.

Министертвото за внатрешни работи, пред неколку месеци се смести во објектот на Националната гарда поради реконструкција на сопствената зграда.

http://plusinfo.mk/vest/73201/aparat-za-prislushuvanje-otkrien-vo-kancelarijata-na-prviot-albanski-policaec

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Гостин on Чет Сеп 08, 2016 11:03 pm

Поплави и во Грција.

Грција по поплавите: Десет години во Каламата не сме виделе такво нешто ФОТО

Синоптичарите предупредуваат дека дождовите во Грција ќе продолжат.



Водата надминала три метри во домовите на поплавените Грци на Пелопонез и во Солун.

Поради поплавите во областите Пелопонез и Солун е воведена вонредна состојба. Синоптичарите предупредуваат дека дождовите во Грција ќе продолжат.

„Беше многу страшно. Немаме каде да живееме“, велат поплавените.

За 10 години не сум видела во Каламата такво нешто, раскажува друга жена.





http://plusinfo.mk/vest/85264/grcija-po-poplavite-deset-godini-vo-kalamata-ne-sme-videle-takvo-neshto-foto

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Вести од соседството

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 13 of 15 Previous  1 ... 8 ... 12, 13, 14, 15  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот