Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БОМБАТА

+16
Фири1
Sotir
Arhimed
osa
reiter
Hamad bim Khalifa
ribar
bratucedot
kiBik
Kalinda
tmoro
Боко
haskov
Фири
меанџија
хан Ацо
20 posters

Страна 26 of 40 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 33 ... 40  Next

Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Мар 18 2015, 23:21

Lele, lele, lele..... koj znae shto se se imaat iznaslushano od bugarine?! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Мар 18 2015, 23:28

Dobro e toa...Sigurno sega, idnite lideri na Makedonija go znaat vistinskiot stav i odnos na Bugarija sprema makedonskoto zaclenuvanje vo EU i NATO...Kje mozhat pravovremeno da se postavat i zazemat pravilen stav...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Мар 18 2015, 23:33

Teo напиша:Dobro e toa...Sigurno sega, idnite lideri na Makedonija go znaat vistinskiot stav i odnos na Bugarija sprema makedonskoto zaclenuvanje vo EU i NATO...Kje mozhat pravovremeno da se postavat i zazemat pravilen stav...

Klechecki so visoko uzdignato dupe ...... zboram za segashnive! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by defo Сре Мар 18 2015, 23:35

Заев ке ја објави вистината за Смилковски


Гоца за бркови и правец Идризово.
Миле не се љути че те викнам на камен темелник ко че прам нужник.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3466
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Мар 18 2015, 23:37

Hamad bim Khalifa напиша:
Klechecki so visoko uzdignato dupe ...... zboram za segashnive! Twisted Evil

Toa kje bide redovna vezhba za segashnive vlastodrshci vo prostoriite 2x3, popoznati kako kjelii...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Мар 18 2015, 23:54

Ako ova e tochno...Zapochnuva sanaderizacijata...

Груевски ќе се соочи со папката на Меркел
18-03-2015 23:00:31


Груевски е повикан на 23-ти овој месец на средба кај канцеларката Ангела Меркел. Повикот од Берлин веројатно веќе го загрижува Груевски, а и треба да го загрижува.

Токму затоа Груевски молчи, а медиумите под негова контрола не известуваат за оваа средба, во спротивно ќе правеа спектакли секој ден. Прво Груевски ќе мора да ѝ објасни на Меркел која странска служба ја нападнала Македонија во содејство со внатрешни структури. Притоа нема да може да раскажува за комбиња со антени и клон-базни станици, туку документирано ќе му биде посочено дека тој како премиер е најодговорен за прислушувањето. Во тој однос може да биде поставено и прашањето за евентуалните злоупотреби на инфраструктурата на Телеком односно Т-мобиле, со оглед на тоа што преку Маѓар телеком, сопственик е Дојче телеком, и тоа сосема оправдано е да постои основана загриженоста кај Германците да не биде нарушен угледот на компанијата поради евентуална спрега на дел од менаџерите на Телекомот во Македонија со властите.

Довербата во Груевски е изгубена, дополнителен доказ е тоа што е повикан во пакет со претставник од ДУИ. Изгубениот кредибилитет, ако го имал претходно, сега е сосема урнисан, зашто Груевски не исполни ниту една од задачите/заклучоците усвоени на Самитот во Берлин што се одржа на 28 август минатата година, задачи кои се од полза прво за нашата држава да ја приближи кон ЕУ и НАТО. Задачите беа јасни – справување со корупцијата и организираниот криминал, јакнење на независноста на судството, да престане прогонот на опозицијата за да ѝ биде овозможено да ја врши својата улога, овозможување граѓанското општество да биде политички активно преку зајакнување на демократијата, слобода на медиумите, независни синдикати. Поминаа шест месеци од Самитот во Берлин, а Груевски ниедна задача не заврши, туку напротив, ги влоши состојбите – продолжи да манипулира со граѓаните, да фингира демократија, да ја обвинува опозицијата дека не била способна, местејќи анкети кои покажувале дека граѓаните барале нова опозиција, а не смена на власта. Преку притисоци, пропаганда, закани и корупција ги држи синдикатите во покорност. А главен уредник на вестите во медиумите и понатаму е првиот човек на УБК, како што слушнавме од снимките кои ги објави Зоран Заев, лидерот на СДСМ и на опозицијата.

За да биде сè појасно, за добро на државата, Заев во меѓувреме преку снимките ги обелодени инструментите со кои Груевски ја покорил целата држава преку узурпирање на институциите ставајќи ги во функција на реализација на личните цели на една група личности околу Груевски, кои се фамилијарно поврзани. Како поткрепа на тоа што го чека Груевски во Берлин, да се потсетиме на неколку клучни ставови на Германија откако Заев го обелодени прислушувањето.

Откако Груевски објави на прес-конференција дека постоел обид за пуч, германската амбасада излезе со соопштение во кое пишува: „Владата на Германија е загрижена за поведувањето обвиненија и кривични пријави против претседателот на најголемата опозициска партија Зоран Заев и на другите три лица поради наводен обид за насилно преземање на власта. Со тоа е доведено во прашање функционирањето на демократската опозиција“. На трети овој месец Комисијата за надворешна политика на Бундестагот расправаше за состојбата во Македонија. Клаус Бремих, пратеник од ЦДУ, партијата на Меркел, за Дојче веле изјави: „Интеграцијата на земјата во ЕУ и во НАТО е загрозена поради авторитарниот курс на Владата. Покрај извештаите за конфликтите меѓу владата и опозицијата, проблематичните меѓуетнички односи меѓу Македонците и Албанците, намалувањето на слободата на печатот, кај нас постојано доаѓаат извештаи за силно корумпирани структури. Овие сознанија беа презентирани и на денешната седница на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот“. Од изјавата на Бремих го издвојувам делот за извештаите за силно корумпирани структури кои стигнувале во Берлин. Токму тоа упатува дека владата на Германија е запознаена со криминалите на власта, а кога има криминал, тогаш не може да има независно судство, независни медиуми, невладин сектор, услови да функционира опозицијата, да има демократски развој.

Ситуацијата во која се заплетка Груевски проклето наликува на таа во која се наоѓаше поранешниот хрватски премиер Иво Санадер пролетта 2009 година, време кога Санадер се сметаше за неприкосновен на премиерската функција. Имено, веднаш по приемот на Хрватска во НАТО, Санадер неочекувано беше повикан во Берлин на средба со Меркел, а тој, пак, летнат во облаци, верувал дека тема на разговорот ќе биде меѓународната безбедност и последиците од финансиската криза во регионот, односно Балканот. Но, наместо тоа, на Санадер му била презентирана документација за неговата инволвираност во голем криминал, меѓу другото и за негова инволвираност во криминал поврзан со „Хипо Алпе Адриа“, банката во која капитал индиректно, преку австриската „Хипо Алпе Адриа“, поседувала покраинската банка на Баварија „Бајерн ЛБ“. Притоа Меркел на Санадер јасно му ставила до знаење дека нема да биде толериран да го сокрива криминалот преку ширење национализам – да се прикажува за голем патриот преку политиката во однос на територијалниот спор со Словенија, кој беше пречка Хрватска да влезе во ЕУ. Меркел му порачала на Санадер да замине од политиката. Тоа за Санадер било шок-бомба, која не ја очекувал со оглед на тоа што тогаш бил убеден дека има пријателски односи со Меркел, со која редовно се среќавал на состаноците на европските народни партии, дури и во изборните кампањи користел слики со Меркел на изборните плакати. Со еден збор, изградил перцепција во хрватската јавност дека ја има поддршката на Меркел.

Два месеца по кратката средба со Меркел, Санадер на изненадување на хрватската јавност во почетокот на јуни поднесува оставка на функцијата премиер и претседател на партијата ХДЗ. Но, во јануари следната 2010 година прави кобна грешка – се обидува повторно да се врати на чело на ХДЗ, но наместо тоа, тој е исклучен од партијата, а кон крајот на годината против него се поднесени кривични пријави за огромни корупциски случаи. Се обидува да побегне, но во Австрија е уапсен, а во јули 2011 година испорачан на хрватските правосудни органи и подоцна осуден на десет години затвор.

Каква порака ќе добие Груевски овој пат во Берлин, ќе знаеме наскоро. Ниту планот за реконструкција на владата, ниту фингирање поддршка преку митинзи нема да му бидат од полза на 23 март. Можеби Груевски се надева на уште една шанса од Берлин, ако го стави како влог името на државата, односно да го реши спорот со Грција, што пак и да сака, сега веќе нема ни да може, но и ако има такви намери, не треба да му дозволиме да ни го трампа името на државата за да се спаси од криминалот. Кога ќе се врати од Берлин, Груевски треба да замине од власт. Бидејќи му е завршен мандатот на чело на ДПМНЕ, партијата треба да си избере нов лидер.

М-р Митко Јованов

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Мар 18 2015, 23:57

Ova ke mora da go citam podocna, momentalno ova na AlDzeziraq e mnogu, mnogu jako! A gledaat shirum svet! Se na angliski.... Goca, Sashe, Milenko prikazhani kako potencijalni haski slucajevi!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Мар 19 2015, 00:02

Грујошеску ја заврши кариерата на мало диктаторче. Сега ќе почне да гради нова. Примерен затвореник.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Мар 19 2015, 00:09

Kugla od 25 kila na lanec i po eden kramp - pa pravec na rushenje spomenici, barokni fasadi, galii i slicni gluposti ...od 6,00 do 18,00 - sekoj den, bez pauza, 40 godini, bez pravo na pomiluvanje!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Kalinda Чет Мар 19 2015, 01:30



И покрај сите соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ дека се е монтирано ,вие уште му верувате на Заев?
еве слушнете го ова ,па ваљда ке сватите дека се се монтира ,па и ова што ве лажат дека ке дојдат на власт .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by defo Чет Мар 19 2015, 08:18

KAlinda курва си е курва......друго нема...а клипов тоа го потврдува Латас е ороспија број 1 во државава.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3466
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Мар 19 2015, 12:37

Ushte edna bomba na Zaev...link za sledenje vo zhivo...

Бомба 12 на Заев: НОВА во ЖИВО на Бихаќка во 14:30

Социјалдемократскиот сојуз за денеска во 14:30 часот најави прес-конференција на која се очекува лидерот на партијата Зоран Заев да ја објави Бомбата 12. Прес конференцијата ќе можетe во ЖИВО да ја следите на НОВА.

Заев и денеска ќе продолжи со објавувањето на аудио разговорите, во кои како што тој вели, содржат голем број од криминалите и злоупотребите на власта, а се резултат на преслушувањето под директна наредба на премиерот Никола Груевски и првиот човек на УБК и негов братучед Сашо Мијалков.

Досега Заев одржа девет прес-конференции на кои објавува аудио разговори. Деветтата бомба ја објави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, додека 11-та беше презентирана директно од Струмица.

http://novatv.mk/index.php

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Мар 19 2015, 17:04

Bomba broj 12...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Мар 19 2015, 17:08

НОВА открива: Кои се судијките од последната бомба?

Дванаесетата „бомба“ на прислушувани разговори што ја објави СДСМ, за местење на судии и обвинители во Македонија, само ги потврди сомневањата што се изнесуваа во јавност за тоа, кој, како и на кој начин ја заслужил позицијата делител на правдата откако беа избирани без никакви биографии или резултати?

Да почнеме од крајните разговори од т.н. бомба и името на Софија (Сафија) Лаличиќ, која од декември 2012 година (кога во Охрид имало многу снег според „извештајот“ што му го дава на Сашо Мијалков) е судија на Кривичниот суд во Скопје.

Родена е 1984 година , со што Лаличиќ стана најмлад судија во тој суд и во земјава воопшто во тоа време со 28 години. Беше избрана веднаш штом го исполни минималниот законски услов да има три години работно искуство по полагањето на правосудниот испит.

Лаличиќ, која сега суди кривични предмети, од кражби до убиства, е во роднински врски со сопствениците на фирмата „Руле турс“ што стопанисува со меѓуградската автобуска станица во Скопје. Во двете години поминати во судот пред да ја изберат за судијка, беше во канцеларијата за односи со јавност кога претседaтел е Лидија Неделкова.

Сепак, младата Лаличиќ, како што се дознава од снимките покрај блискоста што ја има во комуникацијата по телефон со директорот на УБК Сашо Мијалков, кого го прашува дали ја „зеза“ и глуми изненаденост за нејзиниот избор штом ќе и соопшти дека ќе ја изберат за судија, а се распрашува и кои ќе и бидат колешки? При тоа не штеди зборови за втората кандидатка Лидија Петровска, за која Софија открива дека моминското презиме и е Тупанчевска, дека му е братучетка на Никола Тупанчевски, професор на Правниот факултет и не треба да биде избрана за судија.

Сегашната судијка Лаличиќ, вулгарно се изразува за сегашната судијка Петровска,и му кажува на Мијалков дека била „пушач“ и „гзолижач“ кај Лидија Неделкова, ја опсипувала со подароци од Сваровски и така ја купила наклонетоста на Неделкова. Вели дека Тупанчевска Петровска и подарувала бесплатни ваучери за на козметичар на Лаличиќ, но таа ги одбивала.

Сепак, за третото место од тој оглас, кога Мијалков кажува дека е разно, Лаличиќ лобира за тоа место да се избере Виолета Арнаудовска, која има 53 години тогаш и е сестра на Снежана Бајлозова, судијката од скопска апелација, позната по тоа што не ги осуди тепачите кои ја искршија дискотеката „Процес“ или каде што донесе скандалозна пресуда во предметот со Агим Красниќи и кондовската група.

Сестрата на Бајлозова беше избрана во таа група, но во Основниот суд Скопје 2 и сега суди предмети од работни спорови, додека Лаличиќ и Тупанчевска судат кривично.

Судската бомба ги откри и местенките и договарањата на ДУИ, во корист на ВМРО ДПМНЕ да се отстапи обвинителско место на кое ќе се избере Мире Арсениевски, син на претседателката на скопска апелација Љупка Арсениевска.

Од претходен разговор помеѓу Филимена маневска и Влатко Мијалков се дознава дека Арсениевска е ептен човек на ВМРО ДПМНЕ, а кога Мијалков треба да отиде и да разговара да се заврши некој кривичен предмет треба да каже дека „го пратила Филимена“. Во разговорот Филимена маневска го потсетува Мијалков помладиот дека на ист начин го завршиле и предметот со Карамарков?!

Во договорот за изборот на синот на Арсениевска за обвинител се вмешува Љупчо Шврговски тогашен јавен обвинител (кој ветувал и договарал со Мијалков) но и Блерим Беџети и Муса Џафери кои по подолги натегања го отстапуваат тоа место на ВМРО ДПМНЕ, а подоцна за возврат да добијат три места за кадри на ДУИ, албанци обвинители во Скопје.

Арсениевски сега е обвинител во скопје, а во целиот разговор се споменува и името на Костадин Кизов тогаш претседател на советот на обвинители. Неговата ќерка е меѓу примените стручни соработници на огласот за кој разговараат Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски. Па така, синот на Арсениевска станува обвинител, а ќерката на Кизов кој го раководи Советот се вработува во судот кој го раководи Арсениевска, скопска апелација.

Министерот за правда Блерим Беџети се согласува Арсениевски да стане обвинител, бидејќи мајка му е на важна позиција во Апелација и можат да завршат работа за нивни пријатели.
Скандалозен е и делот на пазарење во ДУИ, меѓу Блерим Беџети и Муса Џафери, кои на крај се пазарат за Виш јавен обвинител во Скопје, на местото на Сузана Салиу, која стана пратеник од ДУИ.

Тие разговараат дали Вели Ведат иако е Турчин е нивни човек, дали менувал страна и на крај се договараат Елвин Вели, неговиот син, да стане од адвокат Виш обвинител, но не и шеф, бидејќи за местото прв човек во Вишото обвинителство имаат свој кандидат од Гостивар (сегашниот Хабиљ Иљази). Синот пак на Иљази, е избран за судија во основниот суд во Гостивар на предлог на ДУИ.

Неизбежен е и делот каде што разговорите ја откриваат марионетската улога на довчерашната претседателка на Судскиот совет Александра Зафировска која го известува премиерот Никола Груевски каде ќе се распишат места за судии и претседтели на судови, а на Гордана Јанкуловска и на Сашо Мијалков им ги испраќа списоците со пријавени кандидати за да одлучи партијата кој да биде судија или стручен соработник.

Тоа што јавноста долго време ќе го памти е новата судијка Светлана Костовска која работи во УБК и кога Мијалков ја известува дека ќе ја изберат за судија му се заблагодарува и на неговото барање да го чести, одговара дека ќе му биде „должна цел живот“. Разговорите откриваат дека широкоградиот Мијалков бара да биде почестен од новите судијки, а за една од нив прво верли дека ќе ја викне да ја види каква е, а потоа и објаснува на Јанкуловска дека е добра и му фатила око!

Од Јанкуловска, преку разговорите се дознава дека таа има тефтерче во кое запишува кој треба да биде судија и им става плу или минус според заслугите на кандидатите.

Сепак, во разговор со Никола Тодоров, од прва не прифаќа сопругата на деканот на Факултетот за информатика ФИНКИ, Димитар Трајанов да стане судија во Управниот суд, но ќе ја има во вид за понатаму, како сопруга на докажан партиски член.

Ваквите снимки ги потврдија сите наместени избори во судството, а Судскиот совет и Советот на обвинители се покажа дека се обични марионети, на кои им носат заокружени листи за кои тие гласаат.

Само за потсетување, во Судскиот совет гласа Александра Зафировска која им реферира на премиерот, на Јанкуловска и на Мијалков, потоа Лидија Неделкова (која има добри конекции со Мијалков според Јанкуловска) како и Мирјанка Гоцевска стефановска, братучетката на Мијалков, која е член на Судскиот совет.

На Зафировска во Судскиот совет и заврши мандатот во декември 2014 година, но таа седеша до минатата недела, кога под притисок на ДУИ се избра нов претседател, Бранко Ушковски, без ниту еден ден стаж во правосудството и на предлог на ВМРО ДПМНЕ.
Ушковски ги убедуваше новинарите дека никогаш не се договарале изборите на судии.

По денешнава бомба, прашањето за Ушковски е дали се уште стои на минатонеделната изјава?

Според тврдењето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кое јасно се слуша на снимките, главни кадровици за избор на судии и обвинители се Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Александра Зафировска, Блерим Беџети и Муса Џафери. Другите членови во судските тела биле само гласачка машина.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21059

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Kalinda Чет Мар 19 2015, 18:23

defo напиша:KAlinda  курва си е курва......друго нема...а клипов тоа го потврдува Латас е ороспија број 1 во државава.
Искрено и јас не го поднесувам многу ,мислам како човек ,но како новинар е навистина многу поткован ..свака му час ...
е сега ,тоа што го збори ако не ти се допага ,незначи дека треба да се плука по човекот ,кој рака на срце си е навистина добар новинар и добар аналитичар
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Мар 19 2015, 18:27

Кој го потковуваше? Циганите на Амди кои со коњот на Аце дојдоа од Индија?  БОМБАТА - Page 26 Smiley-laughing021

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Kalinda Чет Мар 19 2015, 18:28

И што имаше во денешните бомби како што ги вика зајко ?
што е чудно ако се разменат мислења дали некој заслужува да биде обвинител или судија ?
Не разбирам каде е грешката ?
Мегусебе се договараат кој е подобар и кој треба да биде избран за судија или обвинител ?....што е тука незаконско ?
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Мар 19 2015, 18:30

Toa shto sudstvoto, kako treta vlast treba da bide nezavisno...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Мар 19 2015, 18:32

Narode! Nova bomba br. 13...Vecer vo 20,00 !
Nazdravje..cim pocna polnokljno bombardiranje - PAGJA RAJHSTAGOT! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Мар 19 2015, 18:33

Od kade kje dojde detonacijata???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Мар 19 2015, 18:34

Od KALE! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Пет Мар 20 2015, 15:46

Hamad bim Khalifa напиша:Narode! Nova bomba br. 13...Vecer vo 20,00 !
Nazdravje..cim pocna polnokljno bombardiranje - PAGJA RAJHSTAGOT! Twisted Evil

сум пропуштил или за вечер е во 20.00ч

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Пет Мар 20 2015, 16:40

Nemashe nishto Reiter...Spored najavite bi trebalo utre, PCER na Samka Ibraimovski, da ja objavi narednata bomba...

ПЦЕР на марш ќе презентира нови „бомби“

БОМБАТА - Page 26 PTSER

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) утре во 11.30 часот ќе одржи мирен протестен марш кој ќе почне од паркиралиштето кај спортската сала „Кале“, јави Мета.

Учесниците ќе се движат до зградата на Владата, каде пред присутните и пред целата јавност ќе се обратат повеќе активисти, меѓу кои и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

На протестот ќе бидат презентирани и нови аудиоснимки „бомби“, кои се однесуваат на изборите во Шуто Оризари, но нема да има директен пренос на интернет.

– Нема да има стриминг, па не сме ние ВМРО, ние сме сиромашна партија. Преку разглас ќе ги пуштаме снимките, нека чуе целиот народ што се случувало во Шуто Оризари – изјави за Мета лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

Од ПЦЕР ги повикуваат сите граѓани на Македонија, без оглед на нивната верска, партиска и етничка припадност, односно сите што ја поддржуваат вистината и ѝ посакуваат светла иднина на оваа земја, да се придружат на маршот за да се каже „стоп“ на, како што велат од ПЦЕР, оваа нелегитимна и диктаторска власт.

– Особено ги повикуваме Ромите од Шуто Оризари и од Топана да дојдат и да чујат што се случувало на изборите во Шуто Оризари – рече Ибраимовски.

http://plusinfo.mk/vest/19156/pcer-na-marsh-kje-prezentira-novi-bombi

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by tmoro Пет Мар 20 2015, 16:45

reiter напиша:
Hamad bim Khalifa напиша:Narode! Nova bomba br. 13...Vecer vo 20,00 !
Nazdravje..cim pocna polnokljno bombardiranje - PAGJA RAJHSTAGOT! Twisted Evil

сум пропуштил или за вечер е во 20.00ч

Стево Пендаровски беше гостин на Нова и му поставуваа прашања корисниците на твитер и фејсбук

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by osa Пет Мар 20 2015, 17:39

i jas istoto go prashuvam ,dali propushtiv ili vecher ke se "pukne " novata 13 bomba ...daj neka kaze nekoj !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 26 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 26 of 40 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 33 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот