АКО ВИЕ НЕ ГИ АПСИТЕ ,ОНИ СИГУРНО КЕ ВЕ УАПСАТ

Go down

АКО ВИЕ НЕ ГИ АПСИТЕ ,ОНИ СИГУРНО КЕ ВЕ УАПСАТ

Пишување by osa on Нед Aвг 12, 2018 10:59 pm

ММДЧП започна кампања за итно апсење на нелегитимниот македонски „премиер“ Зоран Заев

12 август, 2018

Read this page in English


Отпечати ја страницата

Zoran ZaevМакедонското меѓународно движење за човекови права започна уште една кампања под мотото "Нашето име е Македонија", во која бара итно апсење на нелигитимниот македонски премиер Зоран Заев, поставен од САД, и на други лица, заради прекршување на македонскиот Устав, спротивно на правилата на Собранието, и заради кршење на македонските закони. Сето ова е во прилог на неговите предавнички напори за промена на името на Република Македонија во "Северна Македонија" и, наспроти неговите одрекувања, на идентитетот на сите Македонци - во Република Македонија, во соседните земји и низ целиот свет - во Северно- Македонци.

Објавени се билборди, летоци и постери (во прилог) - и истите ќе продолжат да се објавуваат низ целата територија на Република Македонија се' додека Заев и останатите не се соочат со правдата и додека еднаш засекогаш не завршат сите преговори за промена на името на Македонија.

ММДЧП ги повикува сите Македонци:
• да се приклучат кон нашите барања за итно апсење на Зоран Заев и на другите предавнички претставници на Владата;
• да побараат итно и безусловно ослободување на сите политички затвореници притворени од Заев;
• да ја поддржат кампањата за бојкот на референдумот (и да го спречат тој незаконски референдум);
• да побараат да престане масовното Западно странско мешање во насока на промена на името, како на пример заканите на претставниците на САД и ЕУ дека е "сега или никогаш";
• да побараат меѓународната заедница да го почитува основното право на самоопределување на Република Македонија, како и да го почитува меѓународното право и конвенциите за човекови права создадени за негова заштита;
• да побараат меѓународните медиуми да престанат да го прикажуваат културниот геноцид над Македонците како "победа" и да ги поддржат Македонија и Македонците како и секоја друга етничка група.

ММДЧП особено го повикува Претседателот Иванов да ја употреби својата моќ како шеф на државата:
• да нареди итно апсење на Зоран Заев, Никола Димитров, Талат Џафери, и сите останати кои го прекршиле законот и извршиле предавство, и покрај договорот што Заев го потпиша со Претседателот Иванов, а во кој тој "гарантира" дека ќе ја брани Македонија;
• да престане со секаква дискусија за промена на името на Македонија затоа што со тоа се прекршува македонскиот Устав и закони;
• веднаш да се повлече од Времената спогодба, затоа што не само што е истата анти-македонска, туку е и ништовна затоа што Грција ги прекрши нејзините одредби во 2008 година;
• да побара Обединетите Нации веднаш да престанат да ги прекршуваат сопствените правила и да ја примат Република Македонија под нејзиното вистинско име;
• да ги повика другите земји да побараат крај на недемократските и расистички преговори за промена на името, а и да ја употребат својата моќ, вклучително правото на вето на Турција во НАТО, и правото на вето на Русија во ООН, за ефективно да ги запрат сите дискусии за промена на името на Македонија.

Користете ги хаш-таговите #ArrestZaev, #OurNameIsMacedonia и #Boycott на англиски и #АпсетеГоЗаев, #НашетоИмеЕМакедонија и #Бојкотирам/#Bojkotiram на македонски.

Македонците не смеат да дозволат да превладеат предавство, странски интервенционизам и незаконски дејствија. Нашето име е Македонија. Почитувајте го, и светот ќе ве одбрани.

Zaev and Tsipras

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.


Последната промена е направена од osa на Нед Aвг 12, 2018 11:15 pm. Мислењето е променето 1 пати

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13583
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АКО ВИЕ НЕ ГИ АПСИТЕ ,ОНИ СИГУРНО КЕ ВЕ УАПСАТ

Пишување by osa on Нед Aвг 12, 2018 11:07 pm

se zaprepastiv koga prochitav ... gospoda od vlasta ova ne e demokratija ...nesmeete poveke da tolerirate vakvi da postojat ....
p.s. naslovot na temata e :ako vie ne gi apsite ,oni ke ve uapsat vas .znachi da vi pojasnam ako ne pochnete zestoko da apsite vakvi moroni koi se zakanuvaat javno ,koi tresat gluposti shto e zakonski shto ne a pojma nemaat od zakonot ,togash ochekuvajte oni pod brza postapka da ve uapsat .....

kolku za primer shto zboruvam: oni go uapsija brat LJube za pomalku od 24 chasa i skapa vo zatvor za 100 000 ,vie samo NAJAVUVAVTE deka ke apsite a vprochem nikoj ne uapsivte i toa za pogolem kriminal ,posledno sme svedoci za Stefcho Jakimovski so drugarchinjata go pushtivte i toa za kriminal od 600 000 ...zatoa ke povtoram ako vie niv ne ,oni vas vednash ke ve uapsat ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13583
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот