СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Go down

СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by osa on Сре Aвг 15, 2018 12:03 am

Сугарески „распали“ кон ВМРО-ДПМНЕ: Не постои сила која може да ме натера да постапувам поинаку
14/08/2018

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, жестоко реагираше на својот профил на Фејсбук, по обвинувањата од опозициската ВРМО-ДПМНЕ дека „тој и СДСМ ги оставиле граѓаните без евтини летови на „Виз Ер“.

„Сега, да им одговорам на ВМРО ДПМНЕ, бадијала се обидувате да создавате хаос и да ширите дезинформации во јавноста со цел да печалите ситни дневно политички поени. Заврши времето кога Министерството за транспорт и врски беше синоним за корупција.
Во Македонија има Закони и процедури и тие мора да се почитуваат до последната точка и запирка без исклучок.
Јас така работам и не постои сила која може да ме натера да постапувам поинаку.
Јас не сум ниту повеќе или помалку “дил ориентед”, ниту имам намера да градам лични односи со економските оператори кои учествуваат на јавните повици кои ги распишува министерството.
Моја работа е да работам професионално и исклучиво за интересите на граѓаните.
Јавниот повик со точно утврдени критериуми и услови беше објавен на 28 јуни оваа година со рок на достава на барањата до 27 јули, односно еден месец.
До крајниот рок до 12 часот истиот ден, беше доставено само едно барање за финансиска поддршка. Комисијата формирана од Министерството за транспорт и врски, а во чиј состав членуваат лица вработени во државни институции, веднаш пристапила кон отворање на пристигнатото Барање.
Во самата постапка, Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување на финансиска поддршка не е доставено согласно точка 2. 1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во Документацијата за барање.
Врз основа на ова, Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка.
Како резултат на извештајот од Комисијата, Министерството го поништи јавниот повик.
Денеска сакаме да ги разрешиме дилемите или шпекулациите што се појавија во јавноста дека наводно Владата намерно го поништува јавниот повик или слично.
Тоа не е точно.
Комисијата што ја водеше постапката, постапила согласно сите законските прописи во Република Македонија и како резултат на нивниот извештај, Министерството донесе одлука за поништување на јавниот повик.
Не постојат мали или големи пропусти, има прецизни законски прописи и процедури кои мора да се почитуваат, а во овој случај Комисијата ги применила истите.
ВМРО-ДПМНЕ не може да замисли што значи тоа да се работи законски и со почитување на процедурите.
Значи да бидам уште попрезицен, најодговорно тврдам дека евтини летови ќе има и понатаму!
Во Република Македонија под раководство на оваа Влада сите имаат еднаков третман и еднакви права и можности за учество на јавните повици во фер и транспарентни постапки.
Од ова место сакам да им гарантирам на сите граѓани дека секој нивен денар ќе биде искористен исклучиво во нивна корист и никако поинаку.
Евтини летови Ви гарантирам ќе има“, посочи Сугарески на својот профил.

ttps://fokus.mk/sugareski-raspali-kon-vmro-dpmne-ne-postoi-sila-koja-mozhe-da-me-natera-da-postapuvam-poinaku/

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


излези и гласај ЗА на референдумот
avatar
osa

Број на мислења : 13423
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by osa on Сре Aвг 15, 2018 12:31 am

treba site ministri i politichari da go sledat negoviot primer .....dovolno im "premolchuvavte poradi kultura ' na dpmne ,vreme e da se presmetate ( figurativno so zborovi)so dpmneovcite

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


излези и гласај ЗА на референдумот
avatar
osa

Број на мислења : 13423
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by SHARENI on Сре Aвг 15, 2018 9:35 am

Oni bi sakale da napravat ministrite krivicni dela za da mozat posle da napagaat, duri i lazni vesti kako onaa za Primislav sirat iako on po zakon mora da upot6rebuva sluzbeno vozilo na teritorijata na cela drzava i sluzbeno patuval.

_________________
PROTIV BOJKOT - GLASAM ZA
avatar
SHARENI

Број на мислења : 247
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by OPOZICIONER on Сре Aвг 15, 2018 11:28 am


_________________
KONTRA BOJKOTIRAM
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 386
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by TRAJCHE on Сре Aвг 15, 2018 4:09 pm

Treba da raspali, samo lazat bezocno i unistuvaat covecki sudbini bez milost. Nikogas poveke dpmne, ako takvi se kako opozicija mislete kakvi se namesteni sudski procesi ke ima ako ne daj boze se vratat na vlast.

Александар Кирацовски: Фризерот Диме ме прашува, зошто си ме сменил?

Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, кој деновиве се најде во центарот на вниманието, откако во одредени медиуми се објави веста дека си ја вработил својата фризерка во МЕПСО за плата од 43.900 денари, во изјава за ,,Фокус’’ вели дека целата приказна е една голема трагикомедија во која што нема ниту трошка вистина.

Тој раскажува дека девојката никогаш во животот ниту го потстрижила, ниту пак има било каква врска со нејзиното вработување, туку се работи за невистини со цел да му се наштети на неговиот углед.

-Веќе дваесет години наназад редовно одам на фризер во студиото ,,Кармен’’ кај Диме, во Битола. Девојката која за жал се најде на мета на напади, колку што сум информиран, никогаш не ни работела како фризерка, а не пак да била моја лична фризерка на која сум и редовен муштерија. Дури и мојот фризер Диме ми се јави, и на шега ме праша – Како така да си ме сменил, а јас да дознавам од медиуми? – раскажува Кирацовски.

Инаку, Кармен е популарно фризерско студио во Битола, познато под мотото – За влакно пред другите. Додава дека се труди да не реагира на провокации, а во целата ситуација најмногу му било жал за девојката, која што неосновано била поврзана со неговото име.

-Станува збор за работна позиција на хигиеничарка, а толку негативни коментари и завист. И вмешување на моето име во нешто кое што нема допирна точка со мене, не знам што друго да кажам освен да се насмеам на нечија креативност во измислување на приказни. И моите дома, сопругата и роднините на целата работа гледаат како на една невкусна шега, бидејќи сите знаат кој тоа мене ме потстрижува цели две децении. Девојката ја знам само од видување, и пак ќе кажам дека нема ниту трошка вистина во обвинувањата – во телефонски разговор ни изјави Кирацовски.

Откако во некои медиуми се објави веста дека лицето П.К. која била фризерка на Кирацоски се вработила во МЕПСО како среднист за плата од 43.900 денари, од МЕПСО демантираа и појаснија дека таа е вработена на работното место хигиеничарка со плата од 19.200 денари.

Вики Клинчарова

https://fokus.mk/aleksandar-kiratsovski-frizerot-dime-me-prashuva-zoshto-si-me-smenil/
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 196
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by трендафил on Сре Aвг 15, 2018 4:39 pm

Ако добро ве разбирам им верувате на министрите, односно дека Визер немал допис на меморандум на кој го има називот и адресата на фирмата, туку понудата ја дал на парче хартија. Ако не се лажам вие верувате и дека нема да има закон за двојазичност, дека возилото на МВР било во камп во Грција службено, дека нема да има обид за менување на нашето уставно име, дека Заев има снимки од разговори во врска со Смилковското Езеро и егзекуцијата на луѓе само затоа што се Македонци ...
Патем ако министрите во марионетската северноцрпната влада се во право, не знам зошто не тужат за клевета.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by PRVOBOREC on Сре Aвг 15, 2018 7:10 pm

Да се послужам со твојата логика, штом Визер не дамантира значи точна е изјавата на Сугаревски. И уште нешто, веројатно Визер постапиле така научени од претходните тендери кога на црно дпмне делеше пари и за тоа земаше провизија од тие на кои им дал субвенции.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 363
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by трендафил on Нед Aвг 19, 2018 5:50 pm

Можеби во Визер не ги следат порталите што ја објавија изјавата на Сугаревски.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by PRVOBOREC on Нед Aвг 19, 2018 8:25 pm

Ако е така очигледно дека имаат пропусти во работењето па не изненадува и тоа што поднеле некомплетна документација.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 363
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by трендафил on Нед Aвг 19, 2018 10:11 pm

Проблем бил дека наводно имале технички пропуст и не била напишана адресата на фирмата. Тоа што фирмата почна да ги укинува летовите веројатно значи дека има некаков спор со власта. На пример можеби и се бара да уплати некоја сума во менувачницата кај Вицето.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by PRVOBOREC on Нед Aвг 19, 2018 11:45 pm

Или на пример можеби бараат поголеми субвенции. Како заштитник на македонските национални интереси владата не може да потклекнува пред уцените на белосветските криминалци и да ги расфрла народните пари.

_________________
ГЛАСАМ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

PRVOBOREC

Број на мислења : 363
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by трендафил on Вто Сеп 11, 2018 8:45 am

Гледам Сугаревски најавува 70 милиони евра задолжување за изградба на локални патишта. Тоа повторно ме наведува да прашам нели старата власт крадеше по 500 милиона евра годишно, 5,5 милијарди за 11 години. Што станува сега со тие пари, ги крадете ли? Дополнително, што станува со парите што во време на поранешната власт ги крадеше ДУИ?

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by Teo on Вто Сеп 11, 2018 10:47 am

Gledash kako znaesh deka gi kradevte parite od kreditite shto gi zemavte??? E segashnite zadolzhuvanja se za da gi vratime tie ukradeni pari na kreditorite...

_________________
NE GO BOJKOTIRAM TRENDAFIL NITU REFERENDUMOT
avatar
Teo

Број на мислења : 3574
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by трендафил on Вто Сеп 11, 2018 8:07 pm

Точно е дека оваа година се враќаат околу 80 милиона евра повеќе од некој просек за изминатите години, но нели се крадеа по 500 милиони ако не лажевте. Но тогаш се градеше за околу 200 милиона евра повеќе отколку сега. Дали оваа година ќе украдете „само“ 420 милиони или ќе се задолжите за да заокружите на 500. Или ќе заштедите на инвестициите.

_________________
Негација на негативното.
#БОЈКОТИРАМ

трендафил

Број на мислења : 3209
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by luxor on Сре Сеп 12, 2018 8:01 pm

Напротив, тогаш се крадеше а стиропорот и гипсот ги претставувавте како скапи градежни зафати.

_________________
ГЛАСАМ ЗА И ГИ БОЈКОТИРАМ #БОЈКОТИРАМ
avatar
luxor

Број на мислења : 3625
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУГАРЕСКИ РАСПАЛИ ПО ДПМНЕ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот