LIMON

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

LIMON

Пишување by Гостин on Нед Фед 08, 2015 1:32 pm

Покрај лековита и вкусна е...


Пет здравствени проблеми кои ги лекува домашната лимонада

Пита од лимон, пилешко во сос од лимон или лимонада? Ова последново веројатно најдобро ќе помогне во зајакнувањето на имунитетот, во ефикасната борба против настинка, но и во борбата со некои хронични заболувања.



Многумина го нарекуваат како една од најздравите намирници на светот, најмногу поради големата количина на витамин Ц, но и поради останатите нутритиенти како што се биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамин А, Б1, Б6, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, манган…

Ако не сакате да консумирате лимонада бидејќи сметате дека ја омекнува и оштетува глеѓта на забите, обидете се со овој трик. Кога ќе ја испиете лимонадата, устата исплакнете ја со вода, па почекајте 30 минути и измијте ги забите со паста за заби.

Ова се петте проблеми кои можете да ги решите со домашна лимонада.

1. Камчиња во бубрег. Се создаваат кога урината содржи премногу соли, а недоволно останати супстанци како на пример цитрати. Бидејќи лимоновиот сок содржи лимонска киселина (околу осум проценти) најдобро е за подобра филтрација на бубрезите да се испие половина филџан цеден сок од лимон разреден со седум филџани вода. Можете да го засладите со вештачки засладувачи и да го пиете секој ден. Освен тоа, би требало да го намалите внесувањето на сол и да јадете помали порции месо и риба и да пиете доволно течности.

2. Артритис. Мочната киселина во повеќето ткива, па така и во зглобовите се кристализира во повеќе од 95 % од случаите како натриум урат што предизвикува артритис. За да се намали болката, вкочанетоста и постојаните воспалувања, сокот од лимон може да биде многу корисен. Исцедете сок од половина лимон во чаша вода и испијте го пред појадок. Испијте уште една чаша разреден лимонов сок пред ручек, вечера и пред спиење.

3. Запек. Може да биде предизвикан од бројни фактори, вклучувајќи и недоволно земање течности, влакна или земање премногу млечни производи. За лечење на запек со сок од лимон измешајте едно лажиче сок со чаша топла вода. Ставете и едно лажиче мед и пијте секој ден.

4. Чувствителен желудник. Сте изеле обилен оброк, а тоа му пречи на вашиот желудник. Ве мачи киселина и надуеност, би требало да земете нешто што ќе ви помогне за варењето, а тоа се киселините во сокот од лимон. Измешајте сок од половина лимон и половина лажиче сода бикарбона во чаша со вода и испијте го.

5. Болки во грлото. Лимонската киселина и витаминот Ц од сокот му даваат на лимонот антибактериско својство што помага за ублажување на воспалението. Лимоновиот сок исто така го јакне имуниот систем. Следниот пат кога ќе почувствувате надразнето грло, обидете се да си ги олесните маките и да ги „избркате“ вирусите со лимонада. Исцедете сок од лимон во еден филџан. Надополнете со топла вода и добро измешајте. Плакнете го грлото со разреден сок од лимон неколку пати во текот на денот.

http://vistina.mk/2015/02/08/pet-zdravstveni-problemi-koi-gi-lekuva-domasnata-limonada/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:41 am

КОЗМЕТИЧКО СРЕДСТВО, ЛЕК И ПРИРОДЕН ДЕЗИФИЦИЕНС: 30 НАЧИНИ НА КОИ МОЖЕ ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ЛИМОНОТ

Дали знаевте дека древните Еѓипќани верувале дека лимонот има делотворна заштита против разни отрови и дека неодамнешните истражувања го потврдиле ваквото верување.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:41 am

Лимонот како лек
Постојат многу здравствени бенефити од лимонот кои се познати веќе со векови. Двата најпознати се тоа дека лимонот има силно антибактериско и антивирусно делување. Лимонот го зајакнува имунитетот и може да помогне при слабеење бидејќи лимоновиот сок го забрзува метаболизмот. Содржи многу состојки: лимонска киселина, калциум, магнезиум, витамин Ц, биофлавоноиди и други состојки кои го зголемуваат имунитетот и се борат против инфекции. Ова се добропознатите факти за лимонот, но ова мало жолто овошје крие уште тајни.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:41 am

1.Акни

Лимонот содржи лимонска киселина која може да помогне при лечењето на акните. Витаминот Ц се наоѓа во аргуминот, а неговата алкална природа убива одредени видови бактерии за кои е познато дека ги предизвикуваат акните. Сокот со лимон и вода би требало да биде првото нешто наутро.

Ставете свеж сок од лимон врз акните и оставете го да лицето во текот на целата ноќ. Утрото измијте го лицето со вода. Можно е да почувствувате непријатно чувство на кожата но тоа брзо ќе исчезне.

Измешајте еден дел од свежо исцеден сок од лимон со еднаков дел на сок од рози или мед. Ставете ја мешавината на лицето и држете ја најмалку половина час. Потоа отстранете ја со вода. Овој третман повторувајте го два пати во текот на денот. Наутро и навечер.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:42 am

2.Анксиозност

Истражувањата покажале дека мелисата има смирувачко дејство бидејќи нејзините листови мирисаат на лимон и поради тоа може да се користи за отстранување на замор, исцрпеност, вртоглавица, нервоза и напнатост. Исто така се верува дека со вдишување на масло од лимон може да се зголеми концентрацијата и будноста. Ако се чувствувате напнато, ставете неколку капки од етерично пасло од мелиса на ткаенина и вдишете.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:42 am

3.Ранички во усната празнина

Докашаните антибактериски и антивирусни својства на лимонот можат да го забрзаат процесот на заздравување на раничките во усната празнина. Измешајте сок од свежо исцеден лимон и една чаша млака вода и исплакнете ја устата три пати дневно. Постои можност да почувствувате пецкање кога сокот од лимон ќе дојде во допир со оштетениот дел на слузокожата.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:42 am

4.Треска

Оваа појава може да настане поради најразлични причини, а лимонот секогаш е корисен лек. Додадете сок од еден лимон во чаша со топла вода, една лажичка мед и испијте ја наеднаш, а потоа повторувајте го истото на секои 2 часа додека не падне температурата.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:42 am

5.Настинка и грип

Кога сте настинати искористете ја лековитата моќ на лимонот со што би добиле потребна количина на витамин Ц во клетките за одбрана.

На првиот знак на настинка, течење на носот или воспаление во грлото, зголемете ја дозата на витамин Ц со цел да се елиминира вирусот. Пијте свежо исцеден сок од еден лимон со млака вода на секои два часа.

Доколку пак имате воспалување на грлото во една чаша млака вода додадете сок од еден лимон и една лажичка морска сол. Плакнете го грлото три пати на ден. Ако станува збор за ангина плакнете го грлото на секои два часа барем триесет секинди со свежо исцеден сок од еден лимон.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:43 am

6.Жулеви

Парчиња од лимон кои се применуваат са време на ноќта се добар лек против жуљеви. Ставете парче лимон дебело околу 5 милиметри и завиткајте го со завој.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:43 am

7.Егзем

Доколку страдате од инфекција на кожата лимонот ќе ви овозможи олеснување. Во една чаша млака вода додајте осум капки етерично масло од лимон и една голема лажица мед. Медот исто така има антивоспалително дејство и ја зголемува лековитата моќ на лимонот.

Натопете ткаенина со смесата, истиснете го вишокот и држете ја крпата на саканото место 15 минути, два до три пати дневно. Не само што ќе ја олесни инфекцијата туку ќе го спречи и нејзиното повторување.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:43 am

8.Борба против заморот

Светските патници и истражувачите гледаат на лимонот како на божји дар. Мала количина на лимонов сок ќе угаси жед многу побрзо отколку голема количина на вода.

Етеричното масло од лимон ја стимулира работата на мозокот па затоа кога и да се почувствувате уморно или не можете да се сконцентрирате, додадете четири капки од масло од лимон во сад за арома терапија. Можете да пиете и чаша вода со лимон на одреден временски интервал.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:43 am

9.Освежување на здивот

Лимонот може да помогне во освежување на здивот по консумирање на одредени зачини, алкохол и цигари. За здивот да биде посвеж темелно испирајте ја устата неколку пати дневно со свеж сок од лимон во чаша млака вода. Џвакањето на парчиња лимон после секој оброк исто така може да помогне.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:44 am

10.Лечење на хипертензија

Лукот и кромидот покажале добро влијание во борбата против хипертензија но и лимонот го покажа истиот ефект. Додајте три исечкани парчиња кромид и еден исечкан лук во ладно млеко или соино млеко. Варете го и оставете го да отстои пет минути. Процедете ја содржината и додадете сок од три лимони. Содржината пијте ја во текот на денот.

Доколку страдате од зголемен холестерол не заборавајте дека пектинот во лимонот може да помогне во намалување на холестеролот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:44 am

11.Несоница

Неколку истражувања откриле дека лимонот во комбинација со други билки како хмељ и камилица смирува и помага да се намали анксиозноста.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:44 am

12.Реума

Сокот од лимон има силно алкално влијание во организмот и поради тоа е природно средство против вишокот на киселини кои делумно се одговорни за реума. Сок од еден лимон и чаша млака вода пијте го три пати дневно, а доколку имате силни болки додадете сок од два лимона и пијте го три пати дневно. Масирајте ги болните места секојдневно со неколку капки лимоново масло измешано со една лажица масло од јојоба.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:44 am

13.Забрзајте го метаболизмот

Сок од еден лимон додадете во чаша млака вода и пијте го после секој оброк. Лимонската киселина ќе го стимулира производството на желудочна киселина и активноста на стомачните мускули.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:44 am

14.Проширени вени

Лимоновото масло може да помогне и во борбата против проширени вени. Две до три капки лимоново масли додајте во масло од јојоба, авокадо или бадемово и масирајте ги зафатените области. Ако станува збор за проширени вени додајте шест капки лимоново масло, 50 милилитри масло од житарици и две капки масло од чемпрес и смрека. Користете ја оваа смеса за секојдневна масажа на нозете во насока кон срцето.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:45 am

Употреба во домаќинството

1.Исчистете ги масните дамки

Масните тави и нечиста кујна? Обидете се да употребите лимон пред да ги употребите отровните хемикалии за чистење. Ставете малку сол на половина лимон и тријте по масната површина па потоа избришете. Бидете внимателни кај површините кои може да се осетливи на киселина.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:45 am

2.Исчистете го чајникот или ѓезвето за кафе

Наполнете го чајникот со вода, додадете неколку тенки парчиња лимон и зовријте ја водата. Потоа, тргнете го од грејното тело и оставете го да отстои еден час. Потоа исцедете и добро измијте го. За гезвето од кафе додадете мраз, сол и лимон во празниот сад, добро тријте го минута до две и исплакнете го.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:45 am

3.Исчистете ја микробрановата печка

Наместо да употребите силни хемиски средства обидете се со ова: Додадете лимон во широк сад кој претходно сте го наполниле со вода до половина, загрејте го во микробранова 5 минути на висока температура, оставете пареата да се кондензира на внатрешноста, потоа тргнете го садот и избришете со крпа.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:46 am

4.Ѓубре

Употребете лушпи од лимон за да го отстраните мирисот од ѓубрето.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:46 am

5.Исчистете го хромот

Лесно истријте го хромот со лимон, исплакнете и исполирајте го со мека крпа.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:46 am

6.Чистење бакар

Половина лимон намачкан со сол или прашак за пециво може да се искористи за чистење на бакарот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:46 am

7.Против инсекти

Додадете дваесет капки масло од лимон во една чаша вода и распрскајте го во воздухот, или памук натопен во лимоново масло чувајте го во спалната соба. Доколку пак седите надвор во вечерните часови изложените делови на кожата намачкајте ги со мешавина од десет капки лимоново масло и сончогледово масло. Можете да ја исечкате кората и да ја ставите на праговите, прозорците, во близина на билокакви пукнатини или дупки од кои што мравките или другите штетници може да влезат.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:46 am

8.Освежете ја даската за сечкање

Поради лимонската киселина со ниско PH и антибактериски својства лимонот е добар избор за освежување на даската за сецкање. По извршената дезинфекција површината истријте ја со половина лимон и оставете ја неколку минути, а потоа исплакнете.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: LIMON

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот