Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Авокадо

Go down

Авокадо Empty Авокадо

Пишување by Гостин Пон Фед 09 2015, 11:17

5 причини зошто треба да јадете авокадо

Иако е едно од оние типови на храна кои недоволно се консумираат кај нас, авокадото е мошне корисно за добросостојбата на целиот организам.

Постојат повеќе причини поради кои ова тропско овошје треба да се најде на вашата трпеза барем еднаш во неделата, па во прилог ви ги откриваме најзначајните пет.

Авокадо Avokado11

Авокадо против срцеви болести

Студијата објавена во Journal of the American Heart Association вели дека луѓето кои консумираат по едно авокадо дневно имаат ниско ниво на лош холестерол, за разлика од оние кои имаат сличен режим на исхрана, но не консумираат авокадо. Освен што го намалува лошиот холестерол, авокадото го намалува целокупниот холестерол и триглицеридите во крвта.
Го намалува ризикот од дијабетес и удар

Научниците успеаја да најдат поврзаност помеѓу консумацијата на авокадо и метаболичниот синдром. Па така, консумацијата на авокадо е поврзана со целокупниот квалитет на исхраната, внесот на хранливи материи и намалување на ризикот од метаболичен синдром.

Авокадо Avokado21

Со авокадо до здрава тежина

Студиите покажуваат дека луѓето кои почесто консумираат авокадо имаат помалку масни наслаги во пределот на стомакот.

Здрави маснотии

Авокадото содржи висока концентрација на маснотии од кои повеќето се во форма на олеинска киселина. Истата се поврзува со намалување на воспаленијата и има позитивни ефекти врз гените кои се поврзани со ракот.

Одлично за видот

Во авокадото може да се најдат неколку значајни антиоксиданси кои се важни за здравјето на нашите очи. Тие го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и катаракта.

http://www.idividi.com.mk/stil/zdravje/972759/index.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот