Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

PODUENOST

Go down

PODUENOST Empty PODUENOST

Пишување by Flora Чет Aвг 30 2018, 12:39

Site go znaeme cuvstvoto, ne e ubavo.

Неколку причини за појава на подуен стомак

Веројатно веќе знаете дека одредени видови на храна (грав, грашок и слично) предизвикуваат подуеност. Меѓутоа, храната не мора да биде единствена причина за подуеност. Поединечни животни навики исто така можат да бидат причина за тоа.

Во продолжение прочитајте за неколку работи кои можат да предизвикаат подуеност:

Константно користење на гуми за џвакање

Гумите за џвакање можат да доведат до подуеност во стомакот. Според Националната здравствена служба во Велика Британија, тоа практично се случува поради голтање на воздух при џвакањето, па воздухот се собира во абдоменот. Ако забележите дека ова ви се случува, направете мала пауза од гумите за џвакање.

Неправилно држење на телото

Она што е важно да го знаете, е тоа дека воздухот може да се собере во стомакот и ако неправилно стоите или седите. Поради тоа седете правилно додека јадете.

Јадете во одење или додека стоите

Постојано брзате на работа и немате време да седнете и јадете? Ако ова ви се случува, вие му создавате стрес на вашиот организам. Кога јадете додека одите или стоите, вие внесувате повеќе воздух. На тој начин доаѓа до подуеност и непријатен притисок во стомакот.

Зборувате додека јадете

Ова е уште една причина за подуеност во стомакот. Исто така, кога зборувате, гледате што побргу да се ослободите од залчињата храна, па така храната не ја соџвакувате доволно, што доведува до подуеност.

Џвакате со отворена уста

Овде не станува збор само за пристојно однесување. Оваа навика може да биде сериозен непријател на вашиот стомак. Отворената уста додека џвакате храна ќе овозможи влегување на поголеми количини на воздух, кој може да остане во вашиот дигестивен тракт.

Стрес

Стресот, како што знаеме, претставува еден од главните причинители за проблеми во организмот. Во овој случај, тој има големи последици за дигестивниот систем.

Тој го одредува начинот на кој дишиме и ја вариме храната, што може да доведе до подуеност. Ако сте под стрес повеќе од вообичаено и забележувате дека тоа реагира и на вашиот стомак, обидете се да медитирате или одите на долги прошетка во природа.

Пиење на вода од шише

Ако, на пример, во теретана веднаш после напорно вежбање почнете да пиете вода од шише, прекинете со таа навика. На овој начин внесувате многу повеќе воздух. Се препорачува водата од шише да се пие побавно и да се внесуваат помали голтки вода.

https://kajgana.com/nekolku-prichiniteli-za-pojava-na-poduen-stomak

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот