MODAR PATLIDZAN

Go down

MODAR PATLIDZAN Empty MODAR PATLIDZAN

Пишување by Flora on Пон Сеп 03, 2018 10:12 am



Vkusen, bogat so nutritienti, nekoi vikaat i lekovit, eve kako da go odgledate vo vasata gradina.

Одгледување на модар патлиџан

Модриот патлиџан се одгледува како едногодишна култура со добро развиен коренов систем и со изразен централен корен. Стеблото е разгрането и достигнува висина до 1,5 метри. Листовите се прости и крупни што зависи од бујноста на растението, додека цветовите се виолетови. Од прецветувањето до оплодувањето на плодот поминуваат околу 20 дена, а од никнувањето до почетокот на првата берба поминуваат од 120 до 130 дена. Во зависност од сортата, плодот може да биде со виолетова боја до нијанси на црна, бела, жолта и зелена.

По сеидбата, температурата треба да се одржува од 23 до 25°С, а ноќните температури треба да се движат од 16 до 18°С. За нормален развој потребно е температурата на почвата да биде од 20 до 22°С. Модриот патлиџан се произведува исклучително со расад. Начинот на производство на расадот е многу сличен со производството на расад од пиперка, а се расадува кога добро ќе се формираат котиледоните или првите листови.

Садењето на расадот на постојано место се прави кога ќе поминат 50-60 дена и се сади на растојание од 60-70 см х 40-50 см што зависи од бујноста и сортата на модриот патлиџан. Многу тешко се вкоренува и затоа првото окопување е по 20-30 дена. Во текот на вегетацијата се окопува два до три пати. До приодот на формирање на плодовите почесто се наводнува, а во фаза на плодоносење на секои 5-7 дена со поголемо количество вода.

Плодот се бере во технолошка зрелост кога по боја е виолетов, со сјајна покожица и е многу цврст. Старите плодови, кои се меки, овенати и со темна боја, не се за употреба бидејќи содржат големо количество од алкалоидот соланин кој предизвикува проблеми со варењето на храната, а со варењето на патлиџанот на повисока температура, количеството на соланинот се намалува дури за 50%. Модриот патлиџан дејствува антиалергиски, се консумира против воспаленија и содржи антиканцерогени материи, а антиоксидантите, пак, ги чуваат клетките од оштетување и пропаѓање.

Бербата на модриот патлиџан, без оглед на местото на производство, започнува за 60-70 дена. Приносот се движи од 50 до 80 т/ха што зависи од сортата и должината на вегетацијата и плодоносењето. Плодовите се чуваат на собна температура од 5 до 7 дена, а на температура до 5°С издржуваат и неколку недели.


https://agroalternativa.info/odgleduvane-na-modar-patlidhan/

Flora

Број на мислења : 259
Join date : 2018-08-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот