ZIVOTNA OKOLINA

Go down

ZIVOTNA OKOLINA

Пишување by Nebula on Пет Сеп 07, 2018 11:37 am

Kompanijata Lego se priklucuva na naporite za pocista zivotna sredina, poveke nema da proizveduvaat plasticni igracki.

Лего никогаш повеќе нема да биде ист. Тоа е она што семејството на данскиот милијардер го бара од компанијата. Тие сакаат компанијата да се откаже од своите играчки изработени од пластика.

“Тешко е за мене да го кажам. Дури не сум сигурен дека ќе можеме да продолжиме да го одржиме квалитетот, но тоа е она што сакаме да го направиме и за кое инсистира сопственикот на компанијата”, коментира извршниот директор на Нилс Кристијансен до Блумберг.

Лего е контролиран од семејството на данскиот милијардер Кирк Кристенсен. Ќе биде потребно и време да се планираат коцките кои ќе бидат направени од “одржливи материјали” до 2030 година.

Оваа промена е дел од поголемата стратегија на компанијата за борба против загадувањето предизвикано од употребата на пластиката.

Според Нил Кристијансен, сé уште не е јасно дали оваа промена ќе има негативен ефект врз профитот на производителот.

https://www.biznisvesti.mk/lego-nikogash-nema-da-bide-ist-kompanijata-nema-da-pravi-plastichni-igrachki/

Nebula

Број на мислења : 315
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZIVOTNA OKOLINA

Пишување by Nebula on Пет Сеп 07, 2018 11:39 am

A vo Norveska veke e vo izgradba prviot oblakoder od drvo koj pokraj toa sto e izraboten od priroden materijal ke bide i ognootporen.

На 100 километри на север од главниот град Осло, во близина на езерото Мјос ќе биде сместен истоимениот облакодер од 18 ката. Облакодерот ќе биде отворен во 2019 година и ќе располага со станови, базен, хотел, ресторан и канцеларии.

„Безбедносните мерки за пожар се јасни, зградата ќе биде отпорна на пожар најмалку два часа без да се урне. Кога имате зграда направена од челик и бетон, челикот се топи во случај на пожар и зградата паѓа“- вели Ерик Твеит од фирмата изведувач Hent AS.

Со употребата на дрва како обновлив материјал ќе се редуцира застапеноста на јаглерод диоксид, за разлика од бетонот кој е основен материјал за стамбени згради.

https://faktor.mk/foto-ognot-nishto-ne-mu-moze-se-gradi-najvisokiot-oblakoder-od-drvo

Nebula

Број на мислења : 315
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZIVOTNA OKOLINA

Пишување by Flora on Пет Сеп 07, 2018 12:45 pm

Drvjata se obnovlivi no bavno, osven toa se zivotno potrebni za procistuvanje na vozduhot, ne znam kolku e pametno da se gradat oblakoderi od drvo. Mozebi naukata ke uspee da pronajde ekoloski materijal za gradba bez da gi unistuvame drvjata.

Flora

Број на мислења : 216
Join date : 2018-08-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZIVOTNA OKOLINA

Пишување by Flora on Нед Сеп 09, 2018 5:16 pm

Sar Planina ke stane Nacionalen Park e toe e super vest, ke prestane unistuvanjeto na rastitelniot i ziviot svet tamu.

Дураку: Започнува законска обврска за отпочнување на постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк

„Согласно Законот за заштита на природата и Правилникот за содржина на Студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје, Министерството за животна средина и просторно планирање, со поддршка на Глобалниот еколошки фонд и Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина од Виена, УНЕП во моментот спроведуваат проект „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“. Изработена е прва нацрт верзија на Студијата за валоризација на Шар Планина. Втората фаза од оваа активност е во тек и се очекува финалната верзија на Студијата да биде завршена во текот на 2019 година. Паралелно со оваа активност, а со поддршка на Италијанското министерство за животна средина, земјиште и море, локални партнери изработуваат Социо-економска студија за подрачјето на Шар Планина“, додаде министерот во своето обраќање.

Дураку посочи дека по комплетирањето на горенаведените студии започнува и законска обврска за отпочнување на постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк, а со прогласувањето на Шар Планина за национален парк ќе се овозможи заштита, зачувување, унапредување, развој, промоција и афирмација на природните вредноссти на ова подрачје., заклучува министерот за животна средина и просторно планирање.

https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B4%D1%83%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%83-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D0%B2%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0/

Flora

Број на мислења : 216
Join date : 2018-08-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZIVOTNA OKOLINA

Пишување by Albatros on Пон Сеп 10, 2018 10:30 am

Eve i ekoloski pat.

ВО ШВЕДСКА ПРЕТСТАВЕН ПАТ ШТО ГИ ПОЛНИ БАТЕРИИТЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ

Со овој проект Шведска сака да постигне независност од фосилни горива до 2030 година, што би значело редукција на издувните гасови до 70%.

Еден километар од патот чини милион долари, а планот е да се изградат 20 илјади километри вакви патишта.

https://mexpress.mk/uau/vo-shvedska-pretstaven-pat-shto-gi-polni-bateriite-na-avtomobilite/

Albatros

Број на мислења : 284
Join date : 2018-08-08

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZIVOTNA OKOLINA

Пишување by Nebula on Пон Сеп 10, 2018 11:03 am

Pocna i cistenjeto na okeanot od plastika.

Тим на научници и инженери го започнаа амбициозниот проект за чистење на Тихиот океан од пластичниот отпад, фокусирајќи се на подрачје кое што е три пати поголемо од територијата на Франција.



https://kanal5.com.mk/articles/347839/foto-alesandra-ambrosio-zaljubena-do-ushi

Nebula

Број на мислења : 315
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZIVOTNA OKOLINA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот