БРЗ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКО

Go down

БРЗ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКО

Пишување by osa on Саб Сеп 08, 2018 11:45 am

Брз колач со јаболка
во Шик кујна 08/09/2018

Се подготвува брзо и лесно, не изобилува со калории, а е толку вкусен што ќе посакате репете.

Од намирници потребни ви се – 2 килограми јаболка, 150 грама шеќер, 150 грама гриз, 200 грама брашно, 1 дл масло за јадење, 1 ванилин шеќер, 30 грама цимет и 1 прашок за пециво.

Измијте ги јаболката, излупете ги и изрендајте ги. Помешајте ги заедно со циметот.
Во друг сад измешајте ги брашното, шеќерот, гризот, прашокот за печивото и ванилиниот шеќер, па смесата поделете ја на три дела. Намачкајте ја тавата со масло за јадење, па се посипува со 1/3 од смесата на брашно, шеќер, гриз, печиво и ванила. Врз неа се става 1/3 од ренданите јаболка со цимет. Врз јаболката се става вториот дел од 1/3 од смесата со брашно, гриз, печиво и ванила.

Постапката се повторува наизменично, така што најгоре се става последниот дел од јаболката. Го прелеваме маслото и со дланките притискаме по целата површина на колачот. Се става да се пече во загреана рерна на 250°С, околу 50 минути.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


излези и гласај ЗА на референдумот
avatar
osa

Број на мислења : 13427
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот