BRRRRR

Go down

BRRRRR

Пишување by Bosonoga on Пон Сеп 10, 2018 1:18 pm

Stvarno bolje da ne gi znaete.

9 вознемирувачки факти кои ќе посакате да НЕ ги знаете!

Што се случува по обезглавувањето?

Доколку ви се случи таа несреќа да ја изгубите вашата глава без да се здобиете со удари на вашиот мозок, возможно е да искусите надреален а и преплашувачки момент во вашиот живот, бар на неколку секунди. Нема да можете да мрдате ниту да зборите, ниту да дишете, ниту пак да почувствувате било кој дел од телото но според студии направени во 1800 и 1700 и експерименти извршени на животни во современата наука откриле дека откако ќе настане обезглавувањето, жртвите се уште можат да ги движат очите а и да ги фокусираат нештата што им се на видик цели 29 секунди. Француските џелати ги прашувале обезглавените да трекаат најдолго што можат откако главата ќе им паднела во кошната. Иако многумина не можеле да се движат, некои и навистина трепкале што потсетува на извадок од хорор филм.

Зошто „масните“ боици мирисаат така?

Студија спроведена од страна на професорот Вилијам Кеин на универзитот „Јејл“ во 1983 година отрила дека „масните“ боици биле ранкирани како 10те најпрепознатливи мириси. Некои луѓе се прашуваат како нивните возила мирисаат на боиците но одговорт лежи во тоа од што се состојат. За да производот го има тој препознатлив мирис „Крејола“ всушност додава дериват од говедски лој. Така како вашите кожни седишта во колата така и во боичките има дел до крава. Хемикалијата се нарекува стеаринска киселина и е преземена од месото кое во светот на научниците се нарекува говедски лој. Покрај тоа, киселината овозможува да боиците бидат мазни кое на допир потсетува на вистински восок, што значи дека вие и мирисате и чувствувате говедски лој.

Човечкиот род ќе изумре

И покрај фактот дека неизбежно е да се умре може да ве заплаши фактот дека целиот човечки род ќе изумре. Науките во полињата на еволуцијата и биологијата и според истраѓување спроведено во институтот за индината на човештвото покажало дека човечките битија нема да ги преживеат следните милиони години. Без разлика дали Земјата ќе се соочи со глобална катастрофа или човештвото ќе најде начин да избега кон ѕвездите, животот постојано се менува и се адаптира на било кое опкружување. И иако постои можноста да имате далечен роднина во иднината, потенцијално живејќи на друга планета, тие нема да се човечки битија. Бар не на оној начин како што изгледаат денешните луѓе. Ако испливате во иднината по неколку милениуми ќе пронајдете еволуирани видови кои живеат на Земјата или пак воопшто нема да пронајдете никој.

Мачката ќе ви го изеде лицето

Иако мачките како миленичиња се извор на огромна забава и смешни моменти тие сепак се животни и се подготвени да го направат тоа што треба за да кога веќе вас ќе ве нема. Внимавајте, бидејќи ако живеете само со миленикот и ако починете по природни причини или пак од несреќа колку време мислите дека ќе помине пред да станете оброк на вашето милениче? – Изненадно, не премногу долго. Според извештај објавен во 1992 година, ако имате куче вашето тело нема да биде допрено неколку дена поради љубов кон вас и почит од животното. Но ако имате мачка, нештата се поразлични. Тие би можеле да ве нападнат дури следниот ден бидејќи кога храна нема да се појави во нивното тањирче вие ќе бидете на менито. Тие не би почнале од вашие раце или нозе туку ќе одат право кон лицето.

Ако го мирисате тоа значи дека е во вас

Навистина неверојатно но ако размислувате на тоа навистина е одвратно. Вашето сетило за мирис доаѓа од молекули кои се во непосреден контакт со рецепторите во вашиот нос наречени ципии. Тие молекули се од сите нешта што ги мирисате дали тоа ќе е свежо кафе, изгорено млеко или пак мирис на измет. Така, ако мирисате непријатен мирис на фекални материи тогаш некои од тие „отпадоци“ може навлегле во вашето лице. Овие честички се вообичаено нештетни бидејќи многу лесно испаруваат откако ќе дојдат во контакт со вашето тело. Просечно, вие вдишувате околу еден литар од цревни гасови секој ден во вашиот живот или од вас или од луѓето околу нас.

Вашата шолја за кафе содржи бактерии од фекалии

Ако работите на место и го пиете вашето кафе од керамичка шолја можеби по ова ќе сакате да се префрлите на пластични чашки. Истражување спроведено во 1997 година од др. Чарлс Герба професор на срединска микробиологија на универзитетот во Аризона открил дека околу 90% од шолјите во канцелариските кујни биле преплавени од бактерии. Да и покрај тоа што биле исчистени околу 20 % содржеле и бактерии од фекалии. Прилината за ова е поради начинот на кој се мијат чашите бидејќи сунгерите ретко се премиваат и менуваат и собираат огромен број бактерии. Во некои случаи, да се измијат трагите од кафето додава повеќе бактерии отколку што чисти.

Мајките од Инуитските племиња имале поинаков метод за лечење на затнат нос

Размислете, да се разболите и ден денес може да ве затвори дома може да ги врзе луѓето за нивните кревети по неколку дена. Но замислете во античките времиња кога не постоеле антибиотици ниту пак палома за да го издувате носот. Најтешко им било на бебињата и младите деца во ладни клими кои не можеле да го издуваат носот. Епа племето Инуити во Северна Канада и Аљаска тие навистина се потрудиле за нивните деца и буквално го исшмукувале слузот од нивните мали носеви. Мајките ја користеле својата уста за да го исцицаат слузот за нивните бебиња да не се угушат кога ќе лежат на грб.

Вашата „бебешка коса“ и првата голема нужда

Кога сте престојувале во мајчината уторба во околу петиот месец на бременоста вие сте развиле мека коса на целото ваше тело. Наречено „ленуго“, оваа бушава прекривка била надворешен слој на вашето тело која имала цел да го затоплува телото и паѓа по неколку месеца. Или пред или по пораѓањето. Ако мислевте дека ова е слатко, да сте прекриени како праска треба да знаете дека тие влакненца кои ви паднале додека сте престојувале во утробата стег и изеле. Бебињата го конзумираат ленугото кое им паѓа од телата и се собира во стомакот. Во стомакот формираат супстанца наречена „мекониум“ што во најголем дел се содржи во вашиот прв измет.

Бактериите се насекаде

Иако се трудите максимано да го одржувате вашиот дом чист, бактериите се лепат на буквално се. Особено на предметите кои ги користиме за чистење како сунѓери и крпи кои би можеле да прават повеќе штета отколку добро со тоа што ги разнесуваме бактериите. Кога ќе се сетите на најодвратната соба во вашата куќа, која прва ви паѓа на ум? –Секако тоалетот. Ако така мислите, не сте единствени што мислите така туку фактот е дека не е така. Има повеќе бактерии на вашиот телефон и на вашите чевли отколку во вашиот тоалет. Исто така и по вашиот под и низ целата ваша куќа. Вашиот мобилен телефон има 10 пати повеќе бактерии отколку вашата тоалетна школка. Исто така и вашата кујнска даска за сечење има 200 пати повеќе бактерии отколку вашата када.

https://1tv.mk/zivot/9-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5/
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 573
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: BRRRRR

Пишување by Nebula on Чет Сеп 13, 2018 12:28 pm

Eve uste edno brrrr, po koj red ke ti otkazuvaat organite. Very Happy

Кој орган во нашето тело е најдолговечен, а кој најрано старее?

Белите дробови стареат по навршувањето на 20-тата година, но тоа се случува доста бавно, па проблемите со губење здив и отежнато дишење не ги забележуваме сè до 40-тата.

Мозокот почнува да старее во исто време како и белите дробови. Со самото излегување од адолесценцијата, па се до 40-тата година, губиме во просек по 10.000 нервни клетки дневно. Токму поради тоа возрасните и старите имаат послаба координација и лоша меморија.

Кожата почнува да губи од еластичноста после 25-тата година, додека мускулите заслабнуваат по 30-тата.

Кај жените, градите започнуваат да стареат по 35-тата година, кога губат од волуменот, а ареолите околу брадавиците се шират.

Коските губат од цврстината по 35-тата година, кога е потребно да почнете со земање суплементи со калциум, но забите почнуваат да „стареат“ по 40-тата година од животот.

Очите и срцето стареат по 40-тата година, додека пак бубрезите по 50-тата година. Слухот заслабнува околу 55-тата година, но и цревата и целиот дигестивен систем.

Дури по 60-тата година се нарушува сетилото за мирис. Околу 65-годишна возраст се менува гласот поради промените во гласните жици. Во истиот период заслабнуваат и сфинктерите на мочниот меур, што особено е изразено кај жените во менопауза, кои потешко издржуваат со полн мочен меур.

Најдолговечниот орган во нашето тело е црниот дроб, кој во просек почнува да старее во 70-тата година од животот или пак, кај многумина функционира правилно доживотно.

https://www.crnobelo.com/zabava/interesno/61272-koj-organ-vo-nasheto-telo-e-najdolgovechen-a-koj-najrano-staree

Nebula

Број на мислења : 315
Join date : 2018-08-04

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот