ORIGANO

Go down

ORIGANO

Пишување by Flora on Пет Сеп 14, 2018 11:16 am

Pokraj toa sto e zacin origanoto se koristi i kako lek.

Лековити својства на оригано

Оригано или див риган (Origanum vulgare), потекнува од грчкиот збор „орос“ што значи планина, и „ганос“ што значи среќа. Постојат повеќе од 20 видови, а потекнува од јужните делови на Европа, а денес најмногу се користи како зачин во Италија, Грција, Америка и Мексико.

Западната медицина го користи за нередовна менструација, паразити во цревата, осип на кожата, реума, чешање, воспаление на хранопроводникот, воспаление на уста, забоболка. Се користи и во бањи, да се намали сексуалната желба, да предизвика потење и сл. Хербални бањи со лисја на оригано се користат за кожни болести и отровни каснувања. Во кујната, се користи како зачин за различни јадења, особено за пица, но се користи и за добивање на појака арома. Во козметиката се користи за нега на кожата и лицето. Исто така помага во борба против молци, како и во ароматерапијата.


Според народните верувања, ова растение заштитува од зло, ве чини радосни и безгрижни. Често се става, поради овие својства, на свадбени букети. Порано со оригано биле лекувани децата кои имале проблеми со зборување и кои страдале од епилепсија.

Лековити својства на маслота од оригано: заштитува од вируси, габи и бактерии, помага со псоријаза, егзема и дерматитис, го забавува процесот на стареење, помага со прекумерено потење и непријатен здив од устата, помага со болка во мускулите, тетивите и зглобовите, спречува инфекции, и се користи како прва помош за каснување од змија и инсекти.

Препорачена доза е 1-4 капки, три пати на ден (максимум 12 капки на ден, никогаш  во една доза). Ова масло има силна арома, затоа е потребно да се разреди во сок или чај. За надворешна употреба и инхалација, исто така е потребно да се разреди. Не го ставајте на интимни подрачја. Купувајте само природно масло од оригано од доверливи производители.

http://zdravjeiubavina.com/zdravje/zacini-i-bilki/lekoviti-svojstva-na-origano/

Flora

Број на мислења : 240
Join date : 2018-08-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ORIGANO

Пишување by Flora on Пет Сеп 14, 2018 11:17 am

A eve deset pricini zosto da go koristite masloto od origano.

10 причини зошто да користите масло од оригано

Можеби сте слушнале за маслото од оригано, но сè уште не знаете какви се придобивките од него. Ориганото е медитеранска билка која најчесто се употребува во италијанските јадења. Најмногу се користи во неговата сува форма, давајќи ѝ на храната посебен шмек. Но покрај тоа што ни ја прави храната повкусна, ориганото може да ни послужи и на друг начин. Прочитајте ги придобивките од употребата на маслото од оригано.

Flora

Број на мислења : 240
Join date : 2018-08-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ORIGANO

Пишување by Flora on Пет Сеп 14, 2018 11:18 am

Маслото од оригано го смирува стомакот
Благодарение на антимикробната активност во маслото од оригано, тоа може да ви помогне да се изборите против појавата на некои од главните причини за раздразнетиот стомак – варењето на храната, ингестија на алергени и токсини и бактериски инфекции.

Го подобрува вашиот имунолошки систем
Додавањето на масло од оригано во вашата секојдневна рутина, е одличен начин за подобрување на вашиот имунолошки систем. Неговите состојки помагаат во борбата против непријатните организми кои му наштетуваат на вашето тело.

Ги елиминира интестиналните црви
Интестиналните црви се ретка појава кај луѓето, а многу почеста кај кучињата. Маслото од оригано може да ви биде од голема помош, без разлика дали се работи за вашето милениче или за вас. Во случај на интестинални црви кај луѓето, се препорачува да се додадат неколку капки масло од оригано во шолја чај од ѓумбир. За да биде поприфатливо и повкусно за деца, може да ставите неколку капки од маслото во чаша сок од лимон.

Маслото од оригано може да ве орасположи
Понекогаш, хемиските процеси во нашето тело се неизбалансирани и е потребно повеќе време и напор за да ги вративме во нормала. Користењето на масло од оригано може да помогне, бидејќи е богато со специјални соединенија, како што се тимол и карвакрол. И двете соединенија може да имаат позитивно влијание врз нашиот ум и нервниот систем.

Ги смирува алергиите
Благодарение на неговите антиалергични својства, маслото од оригано може да ги смири симптомите на разните алергии.

Flora

Број на мислења : 240
Join date : 2018-08-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ORIGANO

Пишување by Flora on Пет Сеп 14, 2018 11:19 am

Помага при проблеми со респираторниот систем
Постојат многу природни лекови за проблемите со респираторниот систем. Маслото од оригано е еден од најпопуларните, како и еден од најмоќните. Маслото од оригано се бори против грипот, го напаѓа и го уништува. На истиот начин делува и врз респираторните инфекции.

Помага за подобра дигестија
Доброто здравје започнува со добрата исхрана. Тоа значи со здравата исхрана ќе имате и здрави црева. Лошата исхрана доведува до многубројни бактерии, кои лесно можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина, заморот, влошување на состојбата на кожата и друго. Постојат многу начини за чистење на вашиот гастроинтестинален тракт, а маслото од оригано е исто така еден од нив.

Маслото од оригано може да ги намали менструалните болки
Ментруалните болки честопати предизвикуваат непријатни и болни чувства. За среќа, постојат начини за ублажување на ментруалните болки, а маслото од оригано е еден од нив. Тоа го поттикнува протокот на крв и не предизвикува никакви проблеми кај бремените жени.

Ориганото има антигабични својства
Габите можат да предизвикаат инфекции во увото, грлото и носот, кои може да претставуваат потенцијална опасност по животот. Маслото од оригано има антигабични својства и може да ги спречи ваквите инфекции уште пред да започнат.

Го намалува ризикот од хронични заболувања
На хроничните болести им се потребни години за да се развијат, а откако ќе се развијат во нашето тело, тие не заминуваат за брзо време. Маслото од оригано не може да ги спречи ваквите болести, но може да го намали ризикот од нивната појава. За подобар и поздрав живот, секојдневно додавајте го маслото од оригано во топлите пијалаци.

https://studenti.mk/10-prichini-zoshto-da-koristite-maslo-od-origano/

Flora

Број на мислења : 240
Join date : 2018-08-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ORIGANO

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот