ОПУШТЕНО СО ПАРТНЕРОТ

Go down

ОПУШТЕНО СО ПАРТНЕРОТ

Пишување by osa on Саб Сеп 15, 2018 1:22 am

Колку време им треба на мажите и жените за да бидат опуштени во врска?
14. СЕПТЕМВРИ 2018 - 16:03 | М.Д.

За тоа колку време е потребно за партнерите да се опуштат и да се чувствуваат пријатно да ги покажат своите навики во врска, ни открива ново британско истражување, а пренесува „Daily Mail“.



Истражувањето опфати повеќе од 1.000 луѓе кои се во врска, а прашањата се однесуваа за тоа колку време им било потребно за да направат некои работи пред партнерот.

На мажите просечно им се потребни околу 2,8 месеци пред да можат да спијат голи со партнерката, додека на жените за тоа им се потребни 3,9 месеци. На мажите им станува пријатно да се движат голи пред партнерката за 3,1 месец, а на жените за 4,5 месеци.

Според ова, донесен е заклучокот дека на жените им е потребно повеќе време за да се чувствуваат пријатно пред партнерот.

Испуштањето на гасови во кревет и одењето во тоалет без затворање на вратата, обично во просек се случува после девет месеци. За вршење на нужда пред партнерот, на мажите им се потребни осум, додека на жените речиси 11 месеци.

Од друга страна, жените се први кои почнуваат да го проверуваат мобилниот телефон на партнерот додека тој спие.

Дури и оставањето на четката за заби кај партнерот за жените претставува поголем проблем отколку за мажите. Во просек временската разлика помеѓу мажот и жената изнесува еден месец.

Дури после четири месеци врска, жените ќе му дозволат на партнерот да преспие кај нив, додека на мажите за тоа им се потребни три месеци.

Истражувањето откри дека многу луѓе се чувствуваат попријатно кога спијат во својот дом, отколку кај партнерот.

После четири месеци на жените им станува пријатно да спијат кај партнерот, додека на мажите за тоа им е потребен околу еден месец, пренесува „Daily Mail“.

https://kajgana.com/kolku-vreme-im-treba-na-mazhite-i-zhenite-za-da-bidat-opushteni-vo-vrska

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот