ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Go down

ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by osa on Вто Сеп 18, 2018 10:48 pm

Царовска: Ги унапредуваме социјалните права во духот на ЕУ

Mинистерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска разговараше од врата до врата со жителите на Тетово на теми поврзани со социјалната заштита, унапредувањето на социјалните услуги за граѓаните, борбата против сиромаштијата и правата на работниците.

„Воведуваме минимален гарантиран приход. Овој приход ќе биде шанса најранливите да се извлечат над линијата за сиромаштија, но и нивните деца да се вклучат во образовниот процес. Со приближувањето до ЕУ поддршката за социјална заштита постојано расте. Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права. ЕУ вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани“, изјави министерката Царовска во Тетово и додаде дека в година четиричлено домаќинство во социјален ризик со едно работно неспособно лице ќе има можност да добива месечен надоместок од 11.700 денари.


Министерката истакна и дека за повеќе од 70 отсто од корисниците на социјалната помош зголемувањето е повеќе од 300 отсто или три пати повеќе од тоа што досега го добивале.

Посетата на Тетово министерката ја искористи да се сретне со вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, како и со пензионерите од градот.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13611
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by osa on Вто Сеп 18, 2018 10:53 pm

мегудругото истакна министерката дека кој ке одбие двапати понудена можност за вработување ,по евтоматизам му престанува социјалната помош....конечно да се најде убав модел како да се натераат оние што се мрзеливи да почне да работат а не само да чекаат од државата ....секоја чест министерке ..
јас сепак ке истакнам дека ова е твој предлог кој го прифати владата ,па затоа се гордеам

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13611
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by osa on Вто Сеп 18, 2018 10:53 pm

мегудругото истакна министерката дека кој ке одбие двапати понудена можност за вработување ,по евтоматизам му престанува социјалната помош...секако ова важи само за оние кои се работоспособни а сепак примаат социјална помош и само од тоа живеат ....па затоа со право можам да кажам дека со ова конечно да се најде убав модел како да се натераат оние што се мрзеливи да почне да работат а не само да чекаат од државата ....секоја чест министерке ..
јас сепак ке истакнам дека ова е твој предлог кој го прифати владата ,па затоа се гордеам што те познавам

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13611
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by osa on Сре Сеп 19, 2018 12:00 am

eve i od drug medium ...poglednete kolku e dobra novata reforma vo socijalnata svera ...

Реформи во системот за социјална и детска заштита
18.09.2018 | 18:18МакедонијаПрочитано: 759
Семејствата кои се во социјален ризик од следната година ќе добиваат и до три пати повисока помош од државата. Владата  најави реформа за која ќе издвои дополнителни 35 милиони евра за да ги извади социјалците од сиромаштија.



Покрај гарантиран минимален приход, буџетот на овие семејства ќе се крпи и со детски и образовен додаток. Сумата која месечно ќе легне на сметката на социјалците ќе биде вкупно до максимални под 200 евра, или приближно колку загарантираната минимална плата во земјава. Но, ќе ги изгубат ако два пати одбијат работа.

„Сите ние како граѓани сме одговорни едни за други и ова е помошта која вие лично ја давате и јас лично како поединец, не како функционер, за некој гкој има помалку ја добие. Ќе им понудиме работни места и двапати ако ја одбие, системот не може да биде одговорен за некој кој не сака да придонесува.“ - вели Мила Царовска министер за труд и социјална политика.

Со социјалната реформа за повеќе од 70 насто од корисниците на социјална помош зголемувањето е трипати повеќе од тоа што го добиваат сега. Ќе расте и бројот на приматели на социјална помош и опфатот на семејства со социјален ризик.
Право на додатоци ќе имаат и семејствата во кои еден член зема минималец, со што неговиот приход ќе се зголеми на 15.500 денари.

Посебен акцент со реформата ќе се стави на децата, па така се очекува наредната година бројот на деца кои примаат образовен додаток од 3.800 да се искачи на 64.316, а тој на деца кои примаат детски додаток од 3.200 на 73.500 деца.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13611
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by трендафил on Чет Сеп 20, 2018 7:58 pm

osa напиша:eve i od drug medium ...poglednete kolku e dobra novata reforma vo socijalnata svera ...


Посебен акцент со реформата ќе се стави на децата, па така се очекува наредната година бројот на деца кои примаат образовен додаток од 3.800 да се искачи на 64.316, а тој на деца кои примаат детски додаток од 3.200 на 73.500 деца.
Па следната година на 735 илјади деца. Ако нема толку деца ќе увеземе во кампови за бегалци. Покачување од 3.200 на 73.500 е покачување од 2.197 % (и со букви две илјади сто деведесет и седум проценти). Ова е форум за политика, а не за научна фантастика.

Не треба ли државата да се бори да се намалува сиромаштијата, па социјална помош да не треба за никој друг освен за тие што се хендикепирани.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3430
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by luxor on Чет Сеп 20, 2018 8:37 pm

Стварно оглупе или се преправаш? Те знам одамна па почнав да се загрижувам за тебе.
avatar
luxor

Број на мислења : 3808
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by трендафил on Чет Сеп 20, 2018 9:26 pm

Ако сериозно мислиш дека бројката на корисници на деца што примаат додаток ќе се зголеми за 2.196,875% од 3.200 на 73.500, јас сум загрижен за тебе. Ова повеќе ми личи како обид да се купат со измама 73.500 гласа ЗА референдумот. Дискусијата ја водам со претпоставка дека се работи за вистина, а не за лажна вест наменета за будали.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3430
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by luxor on Чет Сеп 20, 2018 9:59 pm

Навистина мислиш дека во Македонија нема 73К малолетни? Или веруваш дека вашиот бивши фирер потпомогнат од вас успешно го спроведе геноцидот над македонците протерувајки ги низ светот за да заработат за парче леб? И тоа со бугарски пасоши, кои ги имаат сите соработници на твојот бивши фирер и за кои, за да ги добијат, морале да потпишат на нотар дека не само родителите туку и бабите и дедовците им биле бугари. А тебе уште те лажат корења да јадеш.
avatar
luxor

Број на мислења : 3808
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by трендафил on Пет Сеп 21, 2018 8:34 am

Мислам дека уште не сте успеале да произведете толку малолетни на кои им треба социјална помош. За другото прашање треба да отвориш нова тема, но за да не мислиш дека бегам од одговор ќе ти одговорам. Не мислам дека зарад еден купен Мерцедес, а само за него има каква таква пресуда, неправосилна, избегале луѓе во странство. Љубчо Георгиевски, поддржувач на Заев, замина во странство пред доаѓањето на Груевски на власт со бугарски пасош, а не најавува враќање. Ваљда не сака да мора за Солун да вика Тесалоники, а во Бугарија како и во сите други словенски јазици освен евентуалниот јазик на Северна Македонија не се користат грчкиот назив на најголемиот град во Македонија, туку македонскиот. Не би рекол ниту дека Бугарите со бугарски пасоши не заминуваат во странство. Истото важи и за Романците, Србите и сите балкански народи, но тоа е друга приказна за светот на богатите кои на тој начин цицаат од сиромашните кои инвестираат во младите, а богатите ги преземаат без да вложат ништо. Многу повеќе ќе има заминување во странство кога Македонија ќе влезе, ако влезе , во ЕУ. Како што е случај со Бугарија или Романија. Македонија инаку ќе почека да стане европска. Ако помине референдумот, не дај Боже, ќе станеме северноатлантска.

Во секој случај да кажеше министерката Царовска дека опфатот на деца што ќе примаат социјална помош ќе се зголеми за 10 или 50% ќе ми беше поверојатно. Зголемување од над 2.000 проценти ми делува дека е во доменот на научна фантастика. Во секој случај власта треба да се труди да има што помалку луѓе што треба да примаат било каков вид на помош, освен тие на кои им е потребна од здравствени причини.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3430
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by Teo on Пет Сеп 21, 2018 10:51 am

Mislam deka ne se pravish so sila, navistina si glup...
avatar
Teo

Број на мислења : 3743
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦАРОВСКА - ГИ УНАПРЕДУВАМЕ .....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот