Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ATLANTIDA

Go down

ATLANTIDA Empty ATLANTIDA

Пишување by Albatros Сре Сеп 19 2018, 10:57

Opisana od Platon, dolgo vreme se veruvase deka e utopija. Nekoi pak veruvaa vo toa i postavuvaa razni teorii kade bila. Eve edno od moznite objasnuvanja.

Атлантида не потонала, ја затрупале силни ветрови од Сахара? Новата теорија за исчезнатиот град ќе го распамети светот

Мистериозната геолошка појава околу Сахара која е видлива од вселената се наоѓа на подрачјето на денешна Мавританија. Таа претставува кружна формација со пречник од дури 40 километри, додека внатрешниот обрач е 23 километри.

Според многумина, сето ова совршено се поклопува со Платоновите описи за Атлантида, а на љубителите на заговори ќе им се допадне ова ново тврдење.

Екипата од Јутјуб каналот "Bright Insight" смета дека сето она што грчкиот филозоф Платон го напишал за Атлантида околу 360 година п.н.е. идеално се поклопува со геолошката формација Ришат, односно "окото на Сахара".

Поради својата големина, окото на Сахата било откриено за време на вселенските летови, а ваквата необична појава била фотографирана од страна на астронаутите.

На почетокот се мислело дека станува збор за кратер, но најверојатно ваквата појава е резултат на поместувањето на континентите уште пред 100 милиони години.

Од друга страна, митот за Атлантида е постар од делата на Платон. Атлантида била цивилизација како ниту една друга, а во грчката митологија се споменува како богат и напреден остров, многу пред тогашното време, на кој живееле моќни луѓе кои владееле со неверојатна и необјасниво напредна технологија.

За жал, големата и позната Атлантида наводно исчезнала во само еден ден како последица од катастрофален и разорувачки земјотрес или огромно цунами кое однело се пред себе. Во митологијата се зборува дека тоа е дело на самиот Посејдон, кој од некоја причина жителите на островот многу го налутиле.

Новата теорија за пронаоѓањето на Атлантида не е потврдена ниту истражена, како ни бројните теории пред неа. Погледнете го видеото и проценете сами дали тука има основа за споменатата теорија:

https://tocka.com.mk/vesti/281488/atlantida-ne-potonala-ja-zatrupale-silni-vetrovi-od-sahara-novata-teorija-za-isceznatiot-grad-ke-go-raspameti-svetot


Albatros

Број на мислења : 822
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот