OVOSJE

Go down

OVOSJE Empty OVOSJE

Пишување by EVITA on Пет Сеп 21, 2018 12:48 pm

I vo ovosjeto ima proteini.

Кои овошја содржат најмногу протеини?

Сите кои се обидуваат да изградат мускули, најчесто на своето мени имаат пилешко, јајца, риба и јогурт, додека овошјето ретко се наоѓа на нивниот список.

„Најдобар извор за протеини се пилешкото месо, рибата, морските плодови, јогуртот, гравот, леќата, свежото сирење и јајцата. Овде се и оревите, бадемите, семките, путерот од кикирики, млекото и грашокот“, вели експертот за храна Мелиса Мајумдар.

Ниту еден вид на овошје не се наоѓа во препораката на Мелиса, бидејќи, како што вели таа овошјето содржи повеќе јаглехидрати и помал процент на пртеини.

„Половина шолја овошје во просек содржи до 15 грама јаглехидрати од природните извори на шеќери како фруктозата и глукозата, односно влакната“, вели таа.

Меѓутоа, некои видови на овошје имаат поголем процент на протеини од други, па исто така треба да бидат дел од исхраната на секого кој се обидува да ги зајакне мускулите.

Кајсии

Во сто грама кајсии има 1,4 грама протеини. Кајсиите можат да се комбинираат со утринска каша или да се јадат за ужина.

Бело грозје

Белото грозје е многу подобар избор од темното. Во сто грама бело грозје има 3,4 грама протеини и ќе ви го направи секое јадење послатко, а покрај тоа ќе му ја даде и потребната доза на калиум на вашиот организам.

Авокадо

Авокадото содржи здрави масти, бакар, магнезиум, железо и цинк, односно два грама протеини во сто грама од ова овошје. Совршено е и може да се вклопи во секој оброк од денот, без разлика дали станува збор за појадок, ручек или вечера.

https://kajgana.com/koi-ovoshja-sodrzhat-najmnogu-proteini

EVITA

Број на мислења : 235
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот