GRADONACALNIK

Go down

GRADONACALNIK Empty GRADONACALNIK

Пишување by Nebula on Саб Сеп 22, 2018 11:26 am

Sakam vakov gradonacalnik.

Понтеведра, градот во кој се забранети автомобилите

Во шпанскиот град Понтеведра луѓето живеат во мир и тишина. Сообраќајот во него е забранет, а доколку сакате да го разгледате тивкиот град тоа мора да го направите пешки, пишува Guardian.

За овој мир и тишина е заслужен градоначалникот Мигел Анчо Фернандез Лорез, кој должноста ја објавува од 1999 година. Неговата филозофија е едноставна: фактот дека поседувате автомобил не ви дава за право да заземате јавен простор. Пред да стане татко на градот, секојдневно низ малото градче минувале 14.000 автомобили. Имало повеќе автомобили отколку луѓе.

Но, не станува збор само за тишината. Позитивните последици се многубројни. На улиците од 1996 година до 2006 година починале 30 луѓе, а никој не починал од 2009 година. Нивото на јаглерод диоксид е паднато за 70 проценти, автомобилите се заменети со велосипеди.

https://kajgana.com/pontevedra-gradot-vo-koj-se-zabraneti-avtomobilite

Nebula

Број на мислења : 451
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

GRADONACALNIK Empty Re: GRADONACALNIK

Пишување by osa on Пон Сеп 02, 2019 7:56 pm

[size=39]Градоначалникот на општина Бутел- Смилевски додели 40 лаптопи за потребите на ЈОУДГ “11 Октомври”[/size]

September 2, 2019 15:290266
0[url=https://twitter.com/intent/tweet?url&text=%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82 %D0%BD%D0%B0 %D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0 %D0%91%D1%83%D1%82%D0%B5%D0%BB- %D0%A1%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 %D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B8 40 %D0%BB%D0%B0%D0%BF%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B8 %D0%B7%D0%B0 %D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5 %D0%BD%D0%B0 %D0%88%D0%9E%D0%A3%D0%94%D0%93 %E2%80%9C11 %D0%9E%D0%BA%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8%E2%80%9D https://24info.mk/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%82%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%bc%d0%b8/][/url]
GRADONACALNIK DSC3559-960x446

Денеска,Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски додели 40 лаптопи како и принтери за потребите на ЈОУДГ “11 Октомври”-Скопје.
Новата компјутерска опрема е наменета за сите групи во склоп на клоновите на детската установа, во насока на унапредување на наставата за предучилишна возраст.

0[url=https://twitter.com/intent/tweet?url&text=%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82 %D0%BD%D0%B0 %D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0 %D0%91%D1%83%D1%82%D0%B5%D0%BB- %D0%A1%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8 %D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B8 40 %D0%BB%D0%B0%D0%BF%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B8 %D0%B7%D0%B0 %D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5 %D0%BD%D0%B0 %D0%88%D0%9E%D0%A3%D0%94%D0%93 %E2%80%9C11 %D0%9E%D0%BA%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8%E2%80%9D https://24info.mk/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%82%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%bc%d0%b8/][/url]

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


верувај во владата ,со неа одиме кон светла иднина
osa
osa

Број на мислења : 14778
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

GRADONACALNIK Empty Re: GRADONACALNIK

Пишување by Bosonoga on Пет Ное 01, 2019 12:56 am

[size=42]Митко Јанчев: Мицкоски го надмина и Груевски, време е ВМРО-ДПМНЕ да се реформира![/size]


31/10/2019











GRADONACALNIK Jancev-696x463
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, реагира по повод нападите врз него кои се актуелни во повеќе опозициски медиуми, откако вчера присуствуваше на трибината на СДСМ во Кавадарци. За истите вели дека се обид од страна на Христијан Мицкоски за негова дискредитација, и не е коректно кога од неговата партија доаѓаат навредливи тонови на сметка на неговите ставови.

Тој јавно му порачува на Мицкоски да ја погледне снимката од премиерот Зоран Заев, кога пред осум години, во времето додека беше градоначалник на Струмица присуствувал на трибина организирана од ВМРО ДПМНЕ, на чело со Груевски. Потсетува дека дури и Груевски му дозволил на Заев да присуствува на партиската трибина во неговиот град, и порачува дека со однесувањето, Мицкоски го надминал и Груевски.
-Уште еднаш, по кој знае кој пат се покажува вистинскиот лик и авторитарната нишка на Христијан Мицкоски. Секаде во цивилизираниот свет градоначалниците присуствуваат на јавни трибини од спротивните политички табори, се со цел за да ги слушнат пораките кои се наменети за доброто на сите граѓани. Оттука, срамно е тоа што Христијан Мицкоски јавно ме премолчува, а тајно на портали игра подземни игри: ме дискредитира и како човек и како градоначалник. Со тоа тој свесно или не, дискредитирајќи ме мене,го дискредитира градоначалникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ кој што со својата работа и посветеност секој ден покажува која е нашата мисија, а тоа е да се работи за доброто на народот, граѓаните да се стават на прво место, пред личните и партиските интереси. Едноставно, срамно е – вели Јанчев за ,,Фокус”.
Додава дека ВМРО ДПМНЕ треба да се реформира, бидејќи и самите граѓани препознаваат дека партијата на чело со Мицкоски оди во погрешна насока.
-Јас како градоначалник на Кавадарци, моја морална обврска и политичка одговорност е да ги слушам сите политички пораки кои се испраќаат во нашиот град од сите политички субјекти без разлика дали се работи за СДСМ или ВМРО ДПМНЕ. Од друга страна, многу нефер кога од мојата партија слушам навредливи тонови дека моите ставови се ,,падни-стани”. Напротив, моите политички ставови соодветствуваат со реалните потреби на граѓаните на град Кавадарци. А тоа што Мицкоски ме зема на пик за да ме дискредитира, да го потсетам дека Никола Груевски на Зоран Заев, тогашниот градоначалник на Струмица, на 11. 03. 2011 година без никаков проблем во својот град му дозволи на Заев да присуствува на партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ. Во таа смисла, на Мицкоски сакам да му порачам дека јас сум реален човек и се грижам за реални проблеми на граѓаните на град Кавадарци. Знам дека ми е љубоморен, знам дека е нервозен, ама исто така знам дека неговите одлуки, политички сфаќања за политиката, и конкретно за ВМРО ДПМНЕ се погрешни и на моменти делуваат монструозно. Граѓаните денес препознаваат дека нашата партија на чело со Мицкоски оди во погрешна насока, оди против Европа, оди контра НАТО, оди против самата цивилизираност и реална потреба на граѓаните. Време е ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, оти вака повеќе не оди – ни изјави градоначалникот.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 728
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

GRADONACALNIK Empty Re: GRADONACALNIK

Пишување by Bosonoga on Пет Ное 01, 2019 12:57 am

[size=35]Заев најави трамвај, Шилегов вети брза автобуска линија[/size]
По една година од најавата на градоначалникот Шилегов дека се работи на проект за изградба на трамвајска линија во главниот град, Скопје веројатно ќе добие брза автобуска линија на струја.
 [url=https://twitter.com/intent/tweet?source=webclient&text=https%3A%2F%2Fp.dw.com%2Fp%2F3SJlw%3Fmaca%3Dmk-Twitter-sharing+%D0%97%D0%B0%D0%B5%D0%B2 %D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B8 %D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B2%D0%B0%D1%98%2C %D0%A8%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2 %D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8 %D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%B0 %D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%B1%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B0 %D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0][/url]   

GRADONACALNIK 44818221_303

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница денеска најави дека во Скопје ќе се гради електрична трамвајска линија, но градоначалникот на главниот град Петре Шилегов вечерва вети дека скопјани ќе добијат брз автобуски превоз. Според Шилегов, долго најавуваниот трамвај ќе биде заменет со автобуси на струја кои нема да го загадуваат воздухот.
„На крај сме на разговорите со владата за финансирање на проектот. Планираниот трамвај во полн профил ќе го замениме со ткн. Бас рапид транзит (Брз автобуски превоз, н.з.)“, рече вечерва Шилегов на одбележувањето на двегодишнината од неговото градоначалствување.
„Технологијата што јас ја одбирам е погон на водород со нус продукт водена пареа. Тоа ќе продуцира емисија на нула штетни гасови во атмосферата.“
Шилегов вели дека со овој проект нема да биде опфатен само „рбетот на градот“, односно оската исток-запад, туку новиот транспорт ќе оди и по линијата север-југ, односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, и од Кисела Вода до Бутел.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 728
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

GRADONACALNIK Empty Re: GRADONACALNIK

Пишување by defo on Пон Ное 04, 2019 9:33 pm

Еве еден лош пример за градоначаник, каде на подмолен и крајно нетранспарентен начин е почната процедура за нов ДУП.
GRADONACALNIK 73446260_10157903777083919_1886612887833673728_n.jpg?_nc_cat=109&_nc_oc=AQkLE5-m87gRCqr_JYY7unXNWBGTnTQWy_ptib6jprzywJekE-nlJEWkeh_JPvQ17-s&_nc_ht=scontent.fskp1-1


GRADONACALNIK 74571569_10157903777148919_1933391051691655168_n.jpg?_nc_cat=103&_nc_oc=AQmdp6cESu_JJNnq3NhO4C_ZpoLNnmPBFGnoIGrqCY_M4ZtpJM8E3R-rUjvLSyQkSm4&_nc_ht=scontent.fskp1-1

Тајно и нетранспарентно, без никаде да објави, залепи известување на влезови или информира, Општина Кисела Вода во среда во 12ч. организирала јавна презентација на ДУП-от. Напикаа згради на секое делче од слободната земја, иако повеќе пати бевме и молевме, аргументиравме, поднесувавме официјални барања за зеленило, за основни услови за живот. Карши училиштето Кирил Пејчиновиќ, каде што првин почнаа да градат црква, потоа парк, сега е вцртана седумкатница зграда со 100 стана. На ќошот кај Мечкаров исто така, и на сите слободни места. Затоа, како граѓани од денеска се организираме со собирање потписи, петиции, по згради и пунктови. Ќе продолжиме со протести, човечки штитови да го браниме правото на #живот и животна средина. Не сакаме да живееме како примитивци и нема да дозволиме властите да прават фавели и сламови од делови од градот.

FB статус на Darko Chekerovski.


Градоначалник на Кисела Вода Филип Темелковски, син на тајкунот (криминалецот, апашот) Зоре Темелковски. Човек кој се самокиднапирал, за да побара откуп од сопствениот татко, за да си ги откупи коцкарските долгови. Дали овој ДУП е повторно некое самокиднапирање?

defo

Број на мислења : 2138
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

GRADONACALNIK Empty Re: GRADONACALNIK

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот