Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Светите Јоаким и Ана

Go down

Светите Јоаким и Ана Empty Светите Јоаким и Ана

Пишување by IVA Саб Сеп 22 2018, 16:13

Денеска се слават родителите на Богородица – Светите Јоаким и Ана: Подарете нешто од срце

Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник. Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана.
Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на Свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост Ја роди Пресвета Богородица. Јоаким и Ана живееја во брак педесет години и беа бесплодни. Живеја богоугодно и тивко и од сите свои приходи само една третина употребуваа за себе, другата им ја раздаваа на сиромасите, а третата ја жртвуваа во храмот. А беа доволно имотни. Еднаш на старост, кога одеа да Му принесат жртва на Бога во храмот, првосвештеникот Исахар го укори Јоаким: „Не си достоен од твојата рака да се прими дар, бидејќи си бездетен.“ Така и другите што имаа деца го туркаа Јоаким зад себе како недостоен. Тоа многу ги нажали овие две стари души, па дома се вратија во голема тага. Тогаш обајцата припаднаа на молитва кон Бога за и ним да им направи чудо како некогаш на Авраам и Сара и да им подари едно дете за утеха во староста. Бог им го испрати Својот ангел, којшто им го објави раѓањето на нивната преблагословена ќерка, со Која ќе се благословат сите народи на земјата и преку Која ќе дојде спасението на светот. И Ана зачна веднаш и во деветтиот месец Ја роди Пресветата Дева Марија. Свети Јоаким поживеа на земјата осумдесет, а Ана седумдесет и девет години и се преставија кај Господа.

Овој ден е посветен на добротворството и мисионерството и според верувањето денеска треба да се подари нешто. Бидете милостиви, но не со гордост и надменост туку со смиреност и почит кон оној на кого се подарува. Доблеста не е доблест, ако тоа се меша со гревот, како што се млекото не е млеко, кога се меша со гас или оцет, поучува црквата.

Светиот маченик Севиријан
Севастиски благородник. Во времето на мачењето на четириесеттемина маченици во Севастија (под 22. март), тој нив ги посетуваше во затворот и ги храбреше и им служеше. После нивната славна смрт и самиот беше фатен, биен и мачен за Христа и најпосле го обесија на дрво со еден тежок камен на вратот, а со друг на ногата. Го предаде својот дух вознесувајќи Му благодарност на Бога, во времето на царот Ликиниј, во 320. година.

Свети Никита угодник Божји
Живееше во Цариград, во 12 век. Со својот живот толку Му угоди на Бога, што пред него црковната врата се отвараше сама и кандилата се палеа сами од себе. Толку беше силна неговата молитва. По желба на некој ѓакон Созонт и по молитвата на Никита, ним двајцата им се јавил од оној свет некој свештеник со којшто Созонт бил скаран и останал неизмирен. Им се јавил најнапред еден ред свештеници во бели одежди, а потоа друг ред, во црвени одежди. Меѓу нив Созонт го препозна својот соперник и се помири со него. Ова се случи ноќе, во Влахернската црква.

Спомен на Третиот Вселенски Собор
Овој Собор се состана во 431. година во Ефес, во времето на царот Теодосиј Помладиот. На Соборот присуствуваа двесте отци. Овој Собор го осуди Несториј, Цариградскиот патријарх, поради еретичкото учење за Пресвета Дева Марија и за раѓањето на Господ. Имено, Несториј не сакаше да Ја нарекува Пресветата Дева Богородица, туку Христородица. Со осудата на Несториј, Светите отци утврдија Пресветата Дева да се именува Богородица. Освен тоа, ги потврдија одлуките на Првиот и Вториот Вселенски Собор, особено Никејо-Цариградскиот Символ на Верата и заповедаа никој да не смее од овој символ ниту нешто да одзема ниту да додава.

https://skopje24.mk/deneska-se-slavat-roditelite-na-bogorodica-svetite-joakim-i-ana-podarete-nesto-od-srce/
IVA
IVA

Број на мислења : 366
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот