REFERENDUM POENTI

Go down

REFERENDUM POENTI

Пишување by SHARENI on Пон Сеп 24, 2018 12:30 pm

Mnogu ubavo kazano ama treba nekoj i da razbere.


Поенти референдум: За историски одлуки потребно е заедништво и одлучност
24.09.2018 | 08:51



Нема план Б за европската иднина на нашата земја. Заслужуваме да бидеме дел од Европа на која чекаме 27 години. Ни треба одлучност, а не калкулантство. Треба да се има изграден став бидејќи се носат историски одлуки. Ваква порака упатија поддржувачите на референдумското „ЗА“ на вчерашните средби и трибини со граѓаните, на само шест дена пред изјаснувањето на референдумот.

Ја повикаа и опозицијата да биде дел од носењето на одлуката со која Македонија ќе стане дел од Европската унија и НАТО.

- И бизнисмени се со нас, и спортисти се со нас, и синдикатите се со нас, и коморите се со нас - сите се со нас. Граѓаниските организации ја водат борбата, тие се предвесници на ЕУ И НАТО. Сите сме здружени и сплотени и затоа е редот да застанеме сите заедно во Македонија за одредени прашања, а токму ова е прашање позади кое треба да застанеме сите, рече вчера премиерот Зоран Заев од Струмица, оценувајќи дека гледа напредок во ставовите на опозицијата, но оти не може најголемите партии да немаат став.

Пред струмичани Заев ја повика опозицијата заедно да изградат план за европска Македонија бидејќи, како што рече, нема друга алтернатива.

- Ако има, ајде да ја слушнеме и да разговараме за неа, рече Заев.

Поддржувачите на референдумот укажуваат дека овој референдум е исто толку важен како оној во 1991 година бидејќи сега со интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО треба да се осигура иднината на државата и да се обезбеди сигурност и економски просперитет. Велат направен е компромис, но договорот е фер и правичен.

- Задача на нашата генерација е да ставиме печат на независноста на Македонија, да инвестираме во стабилноста. Членството во НАТО значи Македонија да остане во овие граници и никој веќе да не се прашува дали ќе ја има и каква ќе биде, изјави вчера шефот на македонската дипломатија Никола Димитров пред велешани.

Коментирајќи ја изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да гласа на референдумот, Димитров порача дека бегањето од референдумот е бегање од гласот на народот.

- Референдумот постои не за да бегаме од решение, туку да потврдиме решение. Првпат за толку тешко прашање најдовме решение што член 7 потврдува дека стои македонски народ, а член 1 потврдува дека македонскиот јазик е македонски јазик, рече Димитров.

За претставниците од коалицијата „Излези За европска Македонија“, една држава која има гарантиран територијален идентитет и суверенитет и стабилни и заштитени граници има одлични можности да се развива и економски, односно да се зголеми бројот на странски инвестиции, да се отворат нови работни места и да им се понуди перспектива на младите.

- Ако го реализираме овој договор, гаранциите од Брисел се дека ќе почнеме преговори во јуни идната година. Тоа значи отворање на уште поголеми песпективи за младите, но и за сите возрасни категории. Не постои ниту една држава во Европа која се развила, а да не била дел од Унијата особено поранешните комунистички држави. На сите нив им помогна ЕУ и НАТО да се стабилизираат и да направат економски развој, истакна пред вевчанци националниот координатор за НАТО Стево Пендароски.

Пораки со поддршка и верба дека граѓаните в недела ќе донесат праведна одлука упатија и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, хрватската претседателка Колинда Грабер Киратовиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор.

- Вратата на НАТО е отворена. Но, само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат. Затоа, вашата иднина е во вашите раце. Ве чекаме во НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, додавајки дека договорот за спорот со името ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го и рамноправното членство во НАТО.

Членството во НАТО ќе ви ја даде вам и на вашите деца сигурноста што доаѓа кога сте дел од најуспешната светска алијанса и ќе даде на вашата земја рамноправен глас во нашите дискусии и рамноправно изјаснување во нашите одлуки, вели генералниот секретар на НАТО.

Хрватската претседателка во видео пораката до македонските граѓани порачува дека местото на Македонија е во НАТО И ЕУ.

- Ова е можност да придонесете кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа. На крајот одлуката е Ваша, и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме со сите ваши напори, вели во видео пораката до граѓаните на Македонија шефицата на хрватската држава.

Словенечкиот претседател во видео пораката упатена во пресрет на рефрендумот изразува и уверување дека граѓаните ќе донесат одлука со која на Македонија широко ќе и се отворат вратите кон иднината.

- Во недела ќе одлучите за вашата судбина. За судбината на вашите деца и внуци. Ќе одлучите според ваша совест, како што вие мислите дека е најдобро за вашата иднина и иднината на вашите деца. Како Ваш пријател сакам да ви кажам, тоа е мојата оценка, дека за Македонија, за Европската унија, за Европа, за сите нас, а најмногу за вас, најдобро е да го поддржите договорот, и со тоа широко да ја отворите за Европската унија и НАТО, вели Пахор во видео пораката.

https://www.24.mk/poenti-referendum-za-istoriski-odluki-potrebno-e-zaednishtvo-i-odluchnost
avatar
SHARENI

Број на мислења : 293
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: REFERENDUM POENTI

Пишување by TRAJCHE on Пон Сеп 24, 2018 3:52 pm

Odlicno rezimirano, gi rastura site tezi na dpmne.
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 243
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот