PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by TRAJCHE on Пон Сеп 24, 2018 2:04 pm

Site relevantni faktori na svetskata politicka scena dojdoa vo Makedonija ili ispratija poraki so poddrska na referendeumot, eve da se potsetime.

Тереза Меј: Договорот помеѓу Македонија и Грција е успешна приказна – Британија ги удвојува фондовите за поддршка на Македонија

Премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј, како исклучително успешна приказна меѓу последните два самита ЕУ-Западен Балкан го истакна историскиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција при што им честиташе на премиерите Заев и Ципрас, потенцирајќи дека прогресот е возможен.

Премиерката Меј најави удвојување на финансиска поддршка за проекти за јакнење на јавната администрација во Македонија, како и помош за обука за дигитални вештини на еден милион деца од основните училишта од регионот, со цел да ја спознаат својата моќ во модерниот свет.

https://iportal.mk/makedonija/tereza-mej-dogovorot-pomegju-makedonija-grcija-e-uspeshna-prikazna-britanija-gi-udvojuva-fondovite-za-poddrshka-na-makedonija/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 329
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by TRAJCHE on Пон Сеп 24, 2018 2:07 pm

Avstriskiot premier Kurc koj beshe simbol na evropskata poddrshka na dpmne jasno izleze protiv niv a vo korist na referendumot.

Курц: Македонија е на историска пресвртница, поддршка за референдумот

Македонија е на историска пресвртница на патот кон ЕУ. Во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември, решението за прашањето за името ја има нашата целосна поддршка. Затоа доаѓам во Македонија каде што ќе се сретнам со премиерот Зоран Заев и други официјални претставници, порача преку видео порака на Фејсбук и Твитер австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска престојува во посета на Скопје.

https://civilmedia.mk/kurts-makedonija-e-na-istoriska-presvrtnitsa-poddrshka-za-referendumot/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 329
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by TRAJCHE on Пон Сеп 24, 2018 2:09 pm

Donald Tram pri cij izbor dpmneovci se raduvaa i mislea deka ke gi vrati na vlast.

Трамп со писмо до Иванов: Договорот од Преспа го отвора патот до НАТО и ЕУ

„Македонија има многу причини годинава да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвара патот на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особно во претстојните разговори за Вашето членство во НАТО. Им посакувам се најдобро на македонските граѓани на овој посебен ден“, напиша Трамп во честитката, објавена денеска од Американската амбасада во Скопје.

http://www.libertas.mk/tramp-so-pismo-do-ivanov-dogovorot-od-prespa-go-otvora-patot-do-nato-i-eu/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 329
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by TRAJCHE on Пон Сеп 24, 2018 2:11 pm

I po vtor pat Tramp ko0j im gi unisti nadezite na dpmne.

Трамп по втор пат застана зад Договорот и референдумот (ВИДЕО)
Станало збор и за можноста заеднички да биде прославен приемот на Македонија во НАТО наредната година.

Од Владата соопштија дека Пенс на средбата со Заев пренесе пораки и од претседателот на САД Трамп за поддршката на Вашингтон за покажаната храброст и лидерство за спроведување на неопходните реформи во земјата и за постигнатиот Договор со Грција што го отворија патот за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Потпретседателот Пенс нагласи дека Белата куќа ја охрабрува и ја споделува визијата на Република Македонија да биде демократска, просперитетна земја членка на НАТО и ЕУ.

https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/tramp-po-vtor-pat-zastana-zad-dogovorot-i-referendumot-video/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 329
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by TRAJCHE on Пон Сеп 24, 2018 2:12 pm

Francuskiot pretsedatel Makron cija video izjava dpmne se obide da ja spinuva.

(Видео) Макрон се обрати до македонската јавност, дава целосна поддршка за успешен референдум

-На овој договор се чека веќе 27 години. Овој договор се постигна поради храброста на Вашите и на грчките лидери. Затоа јас го поддржувам. Потполно! Силно!, порача Макрон.

https://1tv.mk/uncategorized/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BD-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%B4%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 329
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by TRAJCHE on Пон Сеп 24, 2018 2:15 pm

Ministerot za odbrana na SAD Matis koj licno ja iskaza svojata poddrska.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во посета на Македонија

Џејмс Матис е првиот американски секретар кој ја посетува Македонија во изминатите 14 години.

Тој изјави дека доаѓа во Македонија да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Русија во процесот.

https://civilmedia.mk/amerikanskiot-sekretar-za-odbrana-dhejms-matis-vo-poseta-na-makedonija/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 329
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by TRAJCHE on Пон Сеп 24, 2018 2:16 pm

I kancelarkata na Germanija Angela Merkel, lider na sestrinskata partija na dpmne CDU.

Меркел: Референдумот е историска шанса!

Германската канцеларка ги повика македонските граѓани на 30. септември да излезат и да кажат каква иднина сакаат за својата земја. На средбата со Зоран Заев, таа порача дека референдумот е клучен за влез во НАТО и ЕУ.

https://www.dw.com/mk/%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B5%D0%BB-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%B5-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%88%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B0/a-45410061
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 329
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by OPOZICIONER on Пон Сеп 24, 2018 3:57 pm

Nasite evropski i americki prijateli sakaat da uspeeme, protiv se samo tie sto ja kradea edinaeset godini drzavata, mislat deka pak ke im se potrefi selo bez kucinja.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 548
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by SHARENI on Пон Сеп 24, 2018 3:59 pm

Toj film nema da go gledaat, narodot ke izleze na referendum i ke gi izbrise ednas zasekogas od politickata scena.
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 400
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by TRAJCHE on Вто Сеп 25, 2018 11:11 am

18 milioni evra samo za razvoj na turazam ke dobieme od pretpristapnite fondovi na EU.

Жбогар: 18 милиони евра од претпристапните фондови на ЕУ за поддршка на туризмот
Охрид, 25. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид има искористено само четири милиони евра од европските фондови, а локалната самоуправа најавува формирање на т.н. проектна секција во рамки на општината во која ќе бидат ангажирани лица кои ќе работат на изработка на проекти со кои би аплицирале за добивање финансиски средства од европските фондови.

Ова го порача синоќа од Охрид Евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој напомена дека околу 18 милиони евра од претпристапните фондови на ЕУ за поддршка на проекти во Македонија се наменети за развој и унапредување на туризмот. Тој додаде дека Европската унија години наназад ги поддржува сите проекти кои се во насока на развој на општеството и подобар живот за граѓаните.

http://ohridpress.com.mk/?p=95934
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 329
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by OPOZICIONER on Сре Сеп 26, 2018 10:06 am

Ke go prezivee li Kiko referendumot.

ВМРО-ДПМНЕ на вонреден конгрес по референдумот ќе бира нов лидер
Големи промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе се случат веднаш по референдумот, бидејќи од неодамна во партијата се формираше една многу силна формација сочинета од реформаторите и од пратениците, која е цврсто решена да направи сериозни чекори со цел да се спаси партијата од целосен распад, откриваат високи извори од партијата.

По завршувањето на референдумот, дел од раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе организира вонреден партиски конгрес, на кој ќе биде побарана оставка од лидерот Христијан Мицкоски и ќе биде избран неговиот наследник. Оваа информација ја дознаваме од високи извори во опозицијата кои откриваат дека во партијата веќе се формирала „алијанса“ помеѓу реформаторите и пратениците, чија цел е да се направат итни промени во функционирањето на раководството, оти како што предупредуваат, со ваквото работење може лесно да се случи партијата целосно да пропадне во политичкиот амбис од кој повеќе нема враќање.

https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/vmro-dpmne-na-vonreden-kongres-po-referendumot-ke-bira-nov-lider/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 548
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI Empty Re: PODDRSKA ZA REFERENDUMOT OD SVETSKITE LIDERI

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот