PREMIEROT VO NEGOTINO

Go down

PREMIEROT VO NEGOTINO Empty PREMIEROT VO NEGOTINO

Пишување by OPOZICIONER on Вто Сеп 25, 2018 10:49 am

Premierot Zaev bese vo Negotino i gi objasnuvase pridobivkite od vlezot vo NATO i EU.

Заев: Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго
Објавено: 24-09-2018, 23:00

Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго. Ова го изјави премиерот Зоран Заев вечерва на трибина во Неготино.
- Како мал пазар тешко се опстојува. Можеме само здружени заедно. Со понапредните, со големите пазари, каде што владее правото и европски вредности, каде што е вредно да се има квалитетен живот за живеење. Таму беа нашите аспирации. И можевме и порано да донесеме одлуки ако не се правеле вакви калкулации, но знаев јас дека можам да владеам. И дека можам уште четири години да добијам. Ама сфатив, после 27 години каде да ја водам Македонија, во ноќта, во бездната, во бунарот, да продолжиме да се лажеме, да изгубиме уште 27 години? Зошто? Немаме два животи, еден е пусти за живеење. Ајде да го живееме, да го направиме чекорот, порача Заев.



Нагласи дека сите сме исправени пред историска одлука, свесни за придобивките од одлуката која треба да ја донесеме.

- Одлуката е сериозна и одговорна, се однесува на татковината и нашата иднина. Доста е изолираност и редно е да се интегрираме со другите и да бидеме граѓани на Европската унија. Одлуката ја носиме ние, рече Заев.

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/09/90096/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 522
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

PREMIEROT VO NEGOTINO Empty Re: PREMIEROT VO NEGOTINO

Пишување by SHARENI on Вто Сеп 25, 2018 10:54 am

Ministerot Dimitrov vo Delcevo.

Димитров: 30. септември ќе биде празник на иднината

„Министерот Никола Димитров на трибината ја пренесе истата порака која им ја пренесе и на младите претходно – на 30 септември ќе направиме крупен чекор кон подобра иднина за Делчево. Позитивниот исход од референдумот значи и далеку поголема заинтересираност на странски компании, заинтересираност која брзо ќе се преточи во нови работни места, поголеми плати и општ развој на Делчево. На Делчево му е потребна поголема странска инвестиција да го искористи потенцијалот кој го има. Наша историска обврска е да обезбедиме шанса за нашите идни генерации да имаат просперитетен и удобен живот – дома. 30 септември ќе биде празник на иднината“, соопшти МНР.

https://makfax.com.mk/soopstenija/%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2-30-%D1%81%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%BD/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 370
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

PREMIEROT VO NEGOTINO Empty Re: PREMIEROT VO NEGOTINO

Пишување by OPOZICIONER on Сре Сеп 26, 2018 8:45 am

Premierot se obrati od Vinica.

ЗАЕВ ОД ВИНИЦА: СО УСПЕХОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ГО ПОТВРДУВАМЕ ИДЕНТИТЕТОТ, ОЧЕКУВАМ ПОДДРШКА ОД МЛАДИТЕ

Граѓаните на Македонија имаат историска шанса да ја определат натамошната иднина на државата и верувам дека ќе ја искористат со тоа што позитивно ќе се изјаснат на претстојниот референдум за стапување во сојуз со развиените и демократски земји во Европа и светот.

Ова го истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина со граѓаните на Виница, на која зборуваше за важноста на постигнатиот договор со Грција и за очекуваната поддршка од граѓаните на референдумското изјаснување.

– Конечно го потврдивме нашиот идентитет и нашиот јазик, кои се македонски. Тоа се работи за кои не се преговара, затоа што сме биле, сме и ќе останеме Македонци, а со договорот тоа сега ни е признато и од соседите и од сите членки на ЕУ и НАТО. Никој повеќе нема да не негира и никогаш веќе нема да ни го повредува идентитетското чувство со досегашното ФИРОМ. Тоа е важно и за нашите, но и за генерациите што доаѓаат по нас, поради што на референдумот очекувам огромна поддршка од младите, истакна Заев.

Зборувајќи за економските придобивки за локалните самоуправи од влегувањето во ЕУ, Заев истакна дека финансиската помош ќе биде многу поголема од сега.

– Општини со големина каква што е Виница ќе добиваат грантови од два до пет милиони евра годишно, за училишта, водовод и канализација, за детски градиски, спортски терени и секаков друг вид инфраструктура. Освен тоа, секој наш стопанственик ќе може дополнително да аплицира за помош од кохезивните фондови на ЕУ кога ќе набавува нови машини и опрема да поврати до 80 отсто од парите. Поддршката од европските фондови за стопанството ќе биде поголема од 700 милиони евра годишно. Со влезот во НАТО, што го очекуваме во февруари догодина, ја обезбедуваме нашата безбедност и стабилност, додаде Заев.

Во обраќањето на трибината, Заев рече оти очекува и опозицијата конечно да сфати дека е потребно да изгради став за референдуот, затоа што, според него, лидерство е да се заземе став, да се носат одлуки и да се води народот.

На трибината пред граѓаните на Виница зборуваа и градоначалникот Ивица Димитров, како и сопственикот на компанијата „Макпрогрес“, Глигор Цветанов, кои ги повикаа своите сограѓани да излезат на референдумското изјаснување и да дадат поддршка.

https://lokalno.mk/zaev-od-vinitsa-so-uspehot-na-referendumot-go-potvrduvame-identitetot-ochekuvam-poddrshka-od-mladite/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 522
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

PREMIEROT VO NEGOTINO Empty Re: PREMIEROT VO NEGOTINO

Пишување by OPOZICIONER on Сре Сеп 26, 2018 8:46 am

I ministerot Dimitrov imase nastap vo Strumica.

Димитров од Струмица: Во демократија граѓаните зборуваат преку гласање
Народот зборува кога гласа. Демократијата значи гласање. И ако од 2005 година наваму велиме или велат референдум, референдум, референдум, еве го за неколку дена на 30 септември.

Само тие што ќе кажат за или против ќе учествуваат во одлуката за иднината на Македонија, рече вечерва министерот за надворешни работи, Никола Димитров од граѓанската трибина „Излези за европска Македонија“ што се одржа во Срумица.

Во своето обраќање пред присутните граѓани тој ја образложи генезата на спорот за името со Грција и при тоа истакна дека Договорот со нашиот јужен сосед е неминовен, бидејќи нема начин да ја натерате Грција да ве сака и да потпише договор без кој таа може.

- Долго време живеевме со мисла дека ќе најдеме начин да влеземе во НАТО и ЕУ. Нема начин да ја натераме да не сака ако не сме пријатели. Не може да клоцате, бидејќи тие можат и без нас на маса и затоа кога велиме дека сакаме во ЕУ и НАТО во реалноста тоа значи дека треба да ги убедиме прво соседите дека и во нивен интерес е да бидеме таму, рече Димитров.

Додаде дека битката дали сме Македонци не ја однеле 2400 години назад во антиката, туку во системот на европски вредности, каде самоидентификацијата не е спорна и срамота е некој да каже и да спори ако кажете дека сте Македонец. Потенцираше дека македонскиот јазик е потврден во Договорот од Преспа и е преведлив на сите јазици.

- Македонството не брани со фасадна политика, туку ќе се одбрани ако си ја средиме државата, ако ја подигнеме, ако бидеме побогати и поуспешни и децата да ни остануваат тука и да си извезуваме производи, а не да извезуваме младост, рече Димитров.

Тој ги повика граѓаните да излезат масовно, бидејќи на 30 септември гласот е за иднината на Македонија.

Димитров одговараше и на прашања на граѓаните, а на трибината зборуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски./МИА

https://kanal5.com.mk/articles/349815/dimitrov-od-strumica-vo-demokratija-gragjanite-zboruvaat-preku-glasanje
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 522
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

PREMIEROT VO NEGOTINO Empty Re: PREMIEROT VO NEGOTINO

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот