ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT

Go down

ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT Empty ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT

Пишување by OPOZICIONER on Вто Сеп 25, 2018 11:50 am

РЕФЕРЕНДУМОТ Е ПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛБА, НЕ ПРАВEН УСЛОВ ОД ДОГОВОРОТ
Политичките аргументи ЗА, ПРОТИВ и АПСТИНЕНЦИЈА на референдумот

25 септември 2018 - 07:43

Излезеноста на претстојниот референдум е едно од прашањата кое доминира во јавната дебата за плебисцитарното изјаснување закажано за 30 септември, а кое ја одредува и судбината на Договорот од Преспа и евроатлантската иднина на земјата. Според шефот на дипломатијата Никола Димитров, референдумот не е правен услов во Договорот. Во него се споменува референдум, но тој, вели, е политичка заложба и ветување и на СДСМ во изборната програма и на ВМРО-ДПМНЕ уште од 2005 година.

– Во последната програма на ВМРО-ДПМНЕ со која излегоа на изборите во 2016 -та не постои цензус. Таму вели ако има договор на маса ќе ги прашаме граѓаните и ако мнозинството кажат „да“ ќе го потврдиме тој договор. Во програмата на опозицијата 27 години немаме договор. Прв пат имаме на маса, заштитуваме тоа што е најважно – кои сме. Тие од 2005 викаат референдум, дојдовме до тој ден. Референдумот ни е за шест дена и гледајте ни ја ситуацијата. Време е за ова прашање да се обединиме, нагласи Димитров вчера на прес-конференцијата во Владата посветена на појаснување на сите аспекти од Договорот со Грција.

Според него, легитимација на референдумот ќе биде големо мнозинство, а тука, вели, индикатори ќе бидат мнозинствата од претходни изјаснувања на граѓаните на претходните парламентарни избори, но рече, не може да каже конкретна бројка.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју минатата недела излезе со ставот дека доколку референдумот биде успешен и мнозинството гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, партијата тоа ќе го почитува.

– Ако бидат исполнети двата услова, првиот да има цензус и мнозинството да гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна. Партијата ќе донесе свој став, но во таков случај и за нас и за целата македонска политичка јавност е јасно дека референдумот ќе биде успешен ако бидат исполнети овие два услова и тука нема дилема, рече Мицкоски прашан дали ако референдумот биде успешен ќе им каже на пратениците од партијата да ги поддржат уставните измени за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Тој и во обраќањето на протестниот марш што опозициската партија го организираше во Охрид го повтори ставот дека договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли. Договорот, рече тој, е „диво месо“ вметнато во здрав организам. Во однос на референдумот го повтори партискиот став дека секој треба самостојно да одлучи.

Со порака дека ќе го бојкотира референдумот, од САД се огласи претседателот Ѓорге Иванов.

– На 30 септември нема да излезам да гласам. Кога ја преземав функцијата Претседател на Република Македонија, положив свечена изјава дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Не отстапувам од таа моја заклетва, вели Иванов.

За шефот на дипломатијата Димитров и за владејачката СДСМ, бојкотот на Иванов е бегство од одговорност.

– Најдемократско средство во секоја демократија е референдумот. За ова прашање заради кое изгубивме многу генерации, 27 години нерешен спор, да се каже после најава во кампања дека ќе има референдум кога и да има заемно прифатливо решение со Грција на маса дека ќе ги прашаме граѓаните, да се каже дека не се гласа, е рамно на бегство од одговорност. И тоа не се кажува овде туку преку океанот, рече Димитров.

Според него, само тие што ќе гласаат на референдумот ќе учествуваат во одлуката за нашата иднина.

– Не може да седите дома, а да влијаете на одлуката. Ако има еден глас повеќе „не“, против членството во ЕУ и НАТО ние ќе се поклониме и ќе кажеме оваа работа не поминува. Меѓутоа, само тие што гласаат може да влијаат врз таа одлука. Ако големо мнозинство од граѓаните кажат „да“ дури и да нема цензус тоа ќе биде земено предвид, меѓутоа ситуацијата ќе се врати во Собранието на РМ. Затоа да не се учествува со свој глас во ваква крупна одлука е бегство од одговорност, рече Димитров.

За СДСМ „последниот остаток од криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов е противник на демократијата, бидејќи ја спори најважната демократска алатка – гласањето, а, наведуваат, токму преку гласање и избори, Иванов станал претседател.

– Ставот на Иванов е срамно бегство од одговорност. За среќа на граѓаните, Иванов не е тој кој одлучува за иднината. Иванов е премал и премалку важен, граѓаните и нивната волја се тие кои се големината на Македонија, тие ќе ја донесат одлуката, порачуваат од СДСМ.

Потив бојкот синоќа повика и премиерот Зорна Заев. „Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго“, порача Заев од трибина во Неготино. Истакна дека народот секогаш во историјата знаел да носи мудри одлуки и изрази уверување дека и овој пат ќе го стори тоа.

Во меѓувреме, и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли оцени дека одлуката што македонските граѓани треба да ја донесат на референдум е многу важна и затоа се надева дека ќе излезат и ќе го кажат своето мислење.

– Драго ми е што сум овде на оваа крстосница на Македонија, во време кога Македонија е на крстосница и многу важната одлука на граѓаните што треба да ја донесат неделава што претстои. Се надевам дека граѓаните ќе излезат и ќе го искажат своето мислење, кое и да е тоа, ова е значаен дел од демократскиот процес, рече Бејли при вчерашната посета на општина Куманово.

https://lokalno.mk/referendumot-e-politichka-opredelba-ne-praven-uslov-od-dogovorot/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 492
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT Empty Re: ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT

Пишување by Dino on Вто Сеп 25, 2018 7:12 pm

Site imaat svoi argumenti i sekoj se vodi od svoite interesi, partiskite, sto nikako ne se vo interes na narodot.

Dino

Број на мислења : 371
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT Empty Re: ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT

Пишување by misterija on Вто Сеп 25, 2018 9:12 pm

http://www.mn.mk/aktuelno/15235-Vnimavajte-Sobirot-na-27mi-e-namestaljka-im-trebaat-incidenti


што мислите за ова најава??
Можно ли е да е вистина?

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 443
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT Empty Re: ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT

Пишување by Teo on Вто Сеп 25, 2018 9:29 pm

I vo cel svet ima zgovor protiv dpne ushte od vremeto koga Tito ne mu ja dade na Goce Makedonija nezavisna da bide...
Teo
Teo

Број на мислења : 4274
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT Empty Re: ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT

Пишување by SHARENI on Сре Сеп 26, 2018 8:37 am

Ne go biva Zmicko.

МИЦКОСКИ ПАК ПОТВРДИ ДЕКА ОПОЗИЦИЈАТА НЕМА ЛИДЕР
26/09/2018 08:20

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и во синоќешното интервју не даде појасни одговори во однос на референдумот. Истражувачите на јавното мислење ги дешифрираат последните трендови во расположението на граѓаните, пишува Дојче веле.

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за жал, потврди дека македонската политичка опозиција нема водач кој има цврст став за референдумот, макар тој бил за бојкот или за гласање „против“, туку ги потврди сомнежите на голем број критичари на ВМРО-ДПМНЕ дека тој нема да успее да излезе од сенката на поранешниот лидер Никола Груевски, оценува аналитичарот Сефер Тахири, по синоќешното интервју на Мицкоски на ТВ „Телма“. Tри дена пред почетокот на изборниот молк јавноста повторно остана и без јасен одговор за ставот на партискиот лидер за референдумот.

„Ставот ‘граѓаните сами нека донесат одлука како ќе постапат на референдумот’ не е став, туку е бегање од одговорност во клучен историски момент за државата. Сметам, дека ако референдумот биде успешен, а тој како лидер не го повика членството да гласа ‘против’, ќе се соочи со барање на одговорност од него, кое ќе го покренат веројатно голем број членови на оваа партија“, прогнозира Тахири.

Тој забележува дека Мицкоски преку критика на Договорот се обидел да го критикува премиерот Заев, но немал одговор за повиците на меѓународните претставници, како што се Столтенеберг или Меркел, кои повикуваат граѓаните да излезат на референдум.

„Мицкоски, исто така, беше конфузен околу прашањето како ќе гласаат пратениците на ВМРО- ДПМНЕ ако референдумот помине позитивно, иако претходно искажа лидерски став дека ако граѓаните го поддржат референдумот пратениците на оваа партија ќе ги поддржаат уставните измени. Но во интервјуто ја насочуваше новинарката за тоа да ги праша самите пратеници“, забележува Тахири.

Кокетирање со сите

Недоследноста на Мицкоски доживувува критики и во партијата.

„Ставајќи се во позиција да кокетира со сите, тој избра навидум некаква неутрална позиција заради мир во ‘куќата’. Но, токму таа позиција ги прави незадоволни сите: и оние кои сметаат дека тој децидно требало да повика на бојкот, и оние кои мислат дека требало да повика на гласање ‘против’, но и оние кои сметаат дека сега не се рабoти за партиски натпревар туку дека треба да се гласа ‘за’ перспективата на Македонија. Сегашниот став ‘ни ваму, ни таму’, или за ‘големото множество’ од ставови како што тој го нарекува, по референдумот сигурно ќе има реперкусии за партиското водство, бидејќи во зависност од исходот едно ‘подможество’ секако ќе биде незадоволно“, коментираат извори од партијата.

Аналитичарот Владимир Божиновски, има разбирање за ваквата позиција.

„Мицкоски уште еднаш го потврди ставот дека ќе им остави на граѓаните сами да одлучат како ќе постапат, и во согласност со тој став ВМРО-ДПМНЕ не води кампања за ниту една опција. Практично, ВМРО-ДПМНЕ и не може да има друга позиција, бидејќи власта не се обиде да постигне внатрешен компромис со опозицијата во однос на референдумското прашање. Да беше поинаку, сега никој ќе немаше аргументи да бојкотира, туку изборот ќе беше само ‘за’ или ‘против’. Но таа шанса беше пропуштена“, вели Божиновски.

Тој укажува дека важно е да се обезбеди дијалог и разбирање со опозицијата, имајќи предвид дека следи период во кој Собранието мора да изгласа куп закони со двотретинско мнозинство.

Последната анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во кој работи Божиновски, спроведена помеѓу 15-ти и 18-ти септември на 1.110 полнолетни испитаници, покажала дека референдумот е под самата граница да го мине потребниот цензус. Според резултатите, 54,3 отсто од граѓаните се изјасниле дека ќе гласаат на референдумот, од кои 43,4 отсто „за“ и 10,9 отсто „против“, а за бојкот се изјасниле 28,7 отсто. Споредба меѓу анкетите на ИПИС од август и септември покажува дека процентот на оние кои ќе гласаат „за“ има пораст само од 0,2 %, а процентот на определените за бојкот пораснал за 6 отсто, односно од 22,7 % во август – на 28,7 % во септември. Двојно е намален бројот на оние кои се изјасниле дека ќе гласаат „против“: од 22 % во август на 10,9 % во септември.Од 12,1 на 17 отсто, односно за 5 проценти пораснала бројката на оние кои „не знаат“ како ќе се изјаснат. Од ИПИС потенцираат дека процентите во анкетата се однесуваат на гласачите со место на живеење во Република Македонија, додека во избирачкиот список се опфатени и голем број граѓани кои во моментов не живеат во земјата. Според нивните податоци за бројот на гласачи со место на живеење во РМ, во моментот на спроведување на истражувањето, на референдумот би гласале околу 42 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список. Со оглед на дозволената маргинална грешка од +/-3 проценти во анкетата, процентот на оние кои би излегле на референдумот заклучно со 18.09.2018 е во опсегот меѓу 39 и 45 отсто од граѓаните запишани во Избирачкиот список.

Висока поддршка за интеграциите

Истовремено, анкетата спроведена од агенцијата „Рејтинг“ по барање на „1 ТВ“ покажала дека поддршката за членството на Македонија во ЕУ и НАТО е во постојан раст. Над 76 отсто од испитаниците рекле дека ги поддржуваат ЕУ-интеграциите. Во однос на Договорот со Грција, 48,6 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека не можело да се постигне подобар Договор во иднина, додека пак 33,2 отсто сметаат дека во иднина може да се постигне подобро решение. Повеќе од половина, или речиси 53% сметаат дека Македонија се движи во правилна насока, а 34% не го делат нивното мислење. Мнозинството од анкетираните граѓани смета дека референдумското прашање е јасно и недвосмислено. Со ова тврдење се согласуваат 57,1% од испитаниците, а 32,9% не се согласуваат. Останатите не биле сигурни или одбиле да дадат одговор/ДВ

https://lokalno.mk/mitskoski-pak-potvrdi-deka-opozitsijata-nema-lider/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 332
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT Empty Re: ARGUMENTI ZA REFERENDUMOT

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот