POSAKAJTE ZELBA

Go down

POSAKAJTE ZELBA

Пишување by EVITA on Вто Сеп 25, 2018 12:00 pm

Верници, денеска посакајте желба и ќе ви се исполни

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е денот на Св. свештеномаченик Автоном.

За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос.

Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил.

Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабошци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера.

А незнабошците се озлобија поради тоа. Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот.

Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.

Според народните верувања се смета дека на овој ден, по кажаната молитва за овој ден, треба да се посака желба која светецот Автоном ќе ја исполни.

EVITA

Број на мислења : 220
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: POSAKAJTE ZELBA

Пишување by misterija on Вто Сеп 25, 2018 8:00 pm

Ајде да се обидам, ќе помислам желба, ако ми се оствари, ќе ви пишам.

_________________
Не излегувам на референдум Razz
avatar
misterija

Број на мислења : 433
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот