Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

TEGAVEC RECEPTI

Go down

TEGAVEC RECEPTI Empty TEGAVEC RECEPTI

Пишување by Flora Сре Сеп 26 2018, 11:13

Овие природни лекови од тегавец ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот

Тегавецот е една од најраспространетите билки кај нас. Тој е многу ценет лек уште од давнина, бидејќи во себе содржи многу лековите својства.

Тегавецот го има во две врсти:
Женски тегавец
Глаток тегавец
И двете врсти на билки имаат многу лековити својства и доста ги употребуваат во алтернативната медицина, за правење на многу природни лекови.

Придобивки од тегавецот:
Сирупот од тегавец ја чисти крвта од отровни материи.
Свежи добро измиени и изгмечени листови од тегавец се ставаат на посекотини, гребаници и разни други површински рани и повреди на кожата и слузокожата, на места каде имате убод од инсекти, змии и кучиња.
Листот од тегавец го чисти многу добро шлајмот насобран во органите за дишење и така го олеснува искашлувањето.
Го намалува зачестеното мокрење и делува доста поволно на пробавата и органите за варење (против грчеви, пролив, чир на дванаесетпалачното црево и желудникот), а е добар и за лекување на акни и црвенило на кожата. Тегавецот во себе содржи големо изобилство на витамин Ц, провитамин А, фитонциди и калиумова сол.

Еве неколку билни рецепти кои може да ви бидат од корист:

Мелем од тегавец
Овој мелем служи за јакнење на организмот и имунитетот. Потребни ви се 300 гр листови од женски тегавец и 1 кг планински мед.

Листовите треба добро да се измијат, да се исушат и да се смелат со машинка за мелење месо. Оваа смеса се меша со медот и се чува во тегла.

Се зема по една лажичка секој ден пред јадење.

Овој природен лек е одличен за јакнење на имунитетот.

Облоги за рани
Свежите листови од тегавец, се мијат и се гмечат со оклагија, и смесата се става на раните.

Чај од тегавец
Полна лажица сомелени листови од тегавец се преливаат со 0.25 л врела вода и се оставаат кратко да отстојат.

Се пие секое утро по една шолја, 1 до 2 шолји се пијат во текот на денот и една се пие пред спиење.

Овој чај е добар за исфрлање на шлајмот од органите за дишење.

Сируп од тегавец
Сомелете 2 полни лажици листови од тегавец со машина за мелење месо. Во таа смеса ќе додадете малку вода, 300 гр жолт шеќер и 250 гр мед. Тоа се вари на тивко, се додека не се добие густа смеса. Откако ќе се излади сирупот, ставете го во фрижидер.

Пијте по една лажица пред јадење.

Овој сируп се користи за јакнење на имунитетот и прочистување на крвта.

http://moezdravje.com/ovie-prirodni-lekovi-od-tegavets-ke-vi-pomognat-da-go-zajaknete-imunitetot/

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

TEGAVEC RECEPTI Empty Re: TEGAVEC RECEPTI

Пишување by Flora Сре Сеп 26 2018, 11:14

Eve malku podetalno za spremanjeto na sirupot od tegavec.

НАЈДОБРИОТ ЛЕК ЗА СИТЕ БЕЛОДРОБНИ БОЛЕСТИ: ДОМАШЕН СИРУП ОД ТЕГАВЕЦ

Тегавецот (plantago major и plantago minor) е драгоцено лековиото растение неправедно запоставено и недоволно користено и чие време веќе настапи. Иако со децении се прават природни сирупи од тегавец против кашлица и разни белодробни болести, најновите истражувања покажале некои фантастични лековити својства.

Во народната медицина тегавецот се користи за лекување на рани и чирови, за отоци и воспаление, додека како чај или сируп се користи за полесно искашлување, растварање на белодробниот слуз, за чир на желудникот и мочниот меур.

Традиционален рецепт за сируп од тегавец

Сирупот од тегавец се препорачува за сите кои страдаат од белодробни болести, туберколоза, отежнато дишење, упорна кашлица, болка во градите и прекумерен слузав секрет.

Потребна ви е голема стаклена тегла со капак што добро се затвара од 5 литри и на дното се става слој со дебелина од 3 сантиметри, стиснати листови од тегавец. Врз тегавецот се додава слој кафеав шеќер 1 сантиметар, а врз тоа уште еден слој од тегавец. Така продолжете наизменично се додека теглата не се наполни.

Смесата треба да отстои една ноќ, и следниот ден на ист начин се надополнува со истите состојки бидејќи во текот на ноќта содржината во теглата ќе спласне. Тоа се повторнува се додека теглата не се наполни до горе. Потоа во дворот се копа дупка, а теглата се заштитува со неколку слоеви фолија, најлонска и алуминумска или пак со восок и се става во дупката, се закопува со земја, се покрива дупката со даска врз која ќе ставите голем камен.

Теглата треба да отстои 3 месеци закопана во земја после што содржината од теглата се цеди, а така добиениот сируп од тегавец треба еднаш да проврие.

Добиениот сируп се чува во стерилен стаклен сад.

Овој домашен сируп е најдобриот природен помошник против сите белодробни болести.

По потреба сирупот се конзумира по неколку кафени лажички дневно за деца и исто толку супени лажици за возрасни.

https://popara.mk/2015/zhivot/zdravje/najdobriot-lek-za-site-belodrobni-bolesti-domashen-sirup-od-tegavec/

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот